Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пред месец дена на 3ти Јануари едно племе протестираше зошто го осудиле невиното дете кое возејќи без возачка дозвола случајно прегазил човек на пешачка патека пред куќа, ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ и се криел како пиздурина два дена.
Штета што не беше каур, инаку немаше да лежи.

- Зошто да се казни 24 годишен млад дечко кога несакајќи се случило, утре може да се случи на сите?

Месец дена подоцна на 3ти Февруари друго племе од истата држава излегува на протести, блокираат автопати, палат ѓубре, се закануваат дека ќе ја тепаат и полицијата, лошите каури ги малтретираат невините роми, не им дозволуваат да возат без возачки.

- Балајраја корирлите регистирвани, сега бара возачка дозвола, кај да му најдат децата возачка дозвола?

Пред неколку месеци јас на форумов и баш во оваа тема напишав дека нас државата ни е до овој степен само поради НЕДОСТАТОК НА ЌУТЕК КОН ДВЕ МАЛЦИНСТВА, после тоа еден член се надоврза на муабетот со уште поубава поента и наведе конкретен пример со решение од овој тип.
Во некое циганско маало во Романија платиле битанги да го обезбедуваат местото, овие со палки, пендреци и останати реквизити здраво ги прекршиле од ќутек сите што мрдаат, после тоа некои од цигосите се отселиле, а тие што останале да живеат почнале да се однесуваат како Скандинавци.
 
Иако Манастирот е во Романија, изграден е од Никодим Тисмански - родум од Прилеп.

1000060112.jpg

Како бел дворец е <3 онака како што иницијално бил замислен да е изграден цел Белград.

1000060113.jpg
1000060119.jpg
1000060115.jpg
1000060116.jpg1000060117.jpg

Во тоа време браќата пишувале на нашето писмо. Во ново се свртени кон Рим. За жал.

1000060118.jpg
 
Последно уредено:
Passed down to you...

19ката ја раситнив тука на форумов. Памтам кога се зачленив бев нешто повеќе од гореспоменатава бројка, тогаш ми беа интересни ваквиве платформи јер беа далеку поразликовити од сеа, имаше еден вид на оптимизам кај младината тогаш, бунт кон лошото раководство, цела лепеза на членови и членки од различно потекло...
Во последно време ми досаѓа онаа зачмаеност кај многу од младиве што е застапена, еден те ист муабет свртен во многу сфери и на различни тематики. Отварам чисто онака од навика, да ѕирнам што како се дешава. Можеби и сум се презаситил веќе од ваквиве платформи па од многу гледање на дрвја не ја согледувам целата шума. Навистина не знам. Но некако осеќам дека сме западнале во некое тешко сивило. Ги повтараме едни-те-исти муабети, чекаме некаква ексклузивна вест да ја размотриме - ко и секое чудо за три дена после тоа заминува во вечните ловишта на заборавот.
Што знам, можда сум носталгичен за некои веќе одамна минати времиња, или пак се уште гајам надеж дека работите би се смениле на малку подобро.

So says Saladin....
 
Мојот пријател, член на ИСИС​



Кликбејт наслов. Ама не и невистинит. Добро, некој ако навлезе ептен во техникалии и ситници може и да каже дека е невистинит. Како и да е, ако на некој му се чита ќе се потрудам убаво да ја раскажам оваа вистинска приказна која нема да ја шминкам со преувеличености, туку ќе се држам до она што навистина беше.

Имам кажувано дека неретко ми се случуваат скроз надреални ситуации во животот што може да звучат како да се од рубриката "верувале или не". Некои и сум ги раскажувал тука, па нека остане запишана и оваа. Приказна за Скопје од едно време, едно маало, едно минато, една младост и еден човек чијшто живот може да влезе во филмско сценарио, кој за потребите на приказнава ќе го наречеме Никола.

Во понеделникот ми се јави близок другар и ми кажа дека резервираал за во среда (завчера) во маалскиот ресторан да се видиме стандардното друштво плус уште еден наш пријател од младоста кој ретко е во Македонија и често работи во земји од трет свет за пари, се има шетано со обезбедување во тие земји, имаат пукано во колона возила во кој бил и он и кој ништо чудно да го држи рекордот за најкраткиот брак во Македонија од 21 или 22 дена, не можеше и он точно да се сети, ама рече дека би требало да се или 21 или 22.
Таму не бев влегол неколку години и се изненадив од тоа што беше преполно до последното место во среда во 17 попладне. Тоа беше меѓу првите нешта што ги искоментиравме на маса, а другарот што резервираше рече дека без резервација не можеш да најдеш маса и тоа во работен ден. Заклучивме дека ресторанов повеќе не може да го носи епитетот "маалски". Прошириле, реновирале, ставиле повеќе маси, вообичаената последователност на настани во ваквите успешни угостителски приказни. Салветите им беа брендирани со името на кафаната и годината на отворањето 1995. Кафаната гази трета деценија. И затоа што "старим ја, а у љубав вијере немам", а од друга страна склон кон носталгија како и се почестата навика да коментирам како старците дека "Памтам кога се ова беа ниви" кога ќе пројдам на пример покрај Т.Ц. Лиса и позади Макпетрол во Ново Лисиче, а и на други места, ме удри инстант флешбек.

Почеток на 21 век, првата половина од првата декада. Посебно летниот период за време на распусти. Неразвиен интернет, доживување беше кога ќе м'кневме куќишта и монитори да сe врземе LAN кај некого да тепаме Counter Strike, секако македонската верзија со шиптaрите и специјалците, па поради таквите тешки логистички маневри одевме во играчници, ама и тоа бара пари и здосадува, па баравме други начини да тепаме време и разонода, преку маалски баскети и меѓудругото играње карти, најчесто бриџ или хант, кој како милува да го нарекува. Неретко се збиравме и во кафанава, тогаш сеуште маалска и едноцифрена со години на постоење, со 4-5 маси, без премногу гости посебно летно време, па така една маса секогаш имаше за нас. Таму се збиравме луѓе од моја генерација плус/минус три-четири години меѓу другото затоа што во тоа годиште спаѓаше и синот на газдата на истата со кој се знаевме па да му направиме и него промет, а секако и самиот тој знаеше да пушти некоја тура и некој попуст. Во тие маалски дружби на луѓе од слично годиште се здруживме и со Никола. На кого од нас родителите да му заминуваа на летен одмор, таму беше базата за дружба, играње карти, пиење алкохол и грицки за тој период, па ротиравме од една во друга база, и секако свратувајќи во кафаната, па се запознавме и малку подобро. Никола беше малку поразличен од другите, имаше некоја што би рекле енглезите нердовска или гиковска жичка. Пиеше комбуха, имаше некоја пасија и опсесија со аеродинамика, на пример знаеше детали на памет кој модел на авион до колку маха развива, беше во екипата точачари со тој ексцентрикот Кико црномурестиот што личеше на циган, ќелав горе, а со долга коса од темето и од страните уште пред точачарењето да стане помодарство и мејстрим во Македонија и дома во големи тегли чуваше струготини и одрезоци од различни моливи и креони во боја, вака некако.

1770398427090.png

Не баш секојдневно, ама сепак не и нешто премногу радикално. На почетокот се беше во рамките на нормалата, се додека не почна да се однесува опсесивно. Ѕвонење на телефон во ниедно време, по 10+ повици на ден, потребата да биде присутен секогаш, секаде и во секое време, инвазија на приватност без усул... Најприближен опис за тоа што стана Никола е ликот што Џим Кери го глумеше во тој филмот кога местеше кабловска телевизија. Благите укажувања не помогнаа па беа заменети со избегнувања, меѓу останатите доби прекрар по еден вид на лепак, некои така и го пишаа во телефон и со тек на време поради тоа однесување остана отсечен од сите.

По некое време се прошири вестта дека преминал во ислам и го променил името во Нијаз. Не знам како дошло до тоа, дали некој го повлекол, дали самиот пројавил интерес и се поврзал со тој круг или нешто трето било во прашање. Не можам со сигурност да тврдам, ама сум прилично убеден дека таа приказна била класична како и секоја кога е во прашање преминувањето во култ. Веднаш те прифаќаат, ти го даваат целото внимание на светот, те убедуваат дека си битен, значиш нешто за нив, ниедна твоја маана не е важна, каков и да си човек тука ќе бидеш почитуван, ценет, прифатен како член на фамилија дури и повеќе отколку дома. Можам само да замислам каква само радост била тоа за шиптaрите. Како седмица на лото. Еден Македонец, еден каур, еден смртен непријател од кој потајно патат од комплекс на инфериорност но ни пред полн пиштол на чело не би го признале тоа преоѓа кај нив. Несомнено бил суперѕвезда, херој, селебрити во тие кругови, сите сакале да го запознаат, да му укажат внимание, да го пофалат како пример како треба пред другите (ако еден каур може да дојде кај нас, како не ви е срам на вас останатите што сте родени во верата да јадете свинско, пиете пиво и не си ги мотате жените). Никола го добил сето она од социјален аспект и статус што го сакал, па и повеќе од тоа. И тоа онаков каков што е со сите фриковности. Конечно бил помеѓу луѓе од кои не само што не е отфрлен туку е и славен и издигнуван на пиадестал. Премоќно чувство. Логично е дека во такви услови загазувањето во длабокото е неизбежно. Се почесто бил гледан во Чаир, пуштил брада без мустаќи, се движел помеѓу некои чудни муџи... Соучениците негови од факултет раскажуваа дека кога ќе се огласела џамијата на сред час станувал и излегувал од училницата, а на прашањето од професорите каде оди одговарал со "Да се молам" на општа збунетост и зачуденост на сите останати.

Фаст форвард 2015 во екот на војната со ИСИС во Сирија и Ирак, нашава полиција организираше акција за апсење на луѓе од Македонија поврзани со ИСИС. Меѓу нив и Никола. Информациите што прокружија е дека на неколку наврати бил во Сирија да војува за ИСИС, а кога бил во Македонија врбувал луѓе за да војуваат таму. Не знам точно колку одлежа. Последен пат го видов пред короната, јас во кола, тој пешки. Мислам дека не ме виде. Побелен во косата и со многу ретка брада без мустаќи.

Три и кусур саата заглавивме во кафаната. Изнаевоциравме премногу спомени, спомнавме и на кратко како изгледаше на времето кафаната и како се дружевме. На крај срдечно се испоздравивме и со сега веќе газдата, кој има и сопствени деца. Кругот на животот. Panta rei. Никола никој не го спомна, најверојатно затоа што имаат подзаборавено на тоа. Обично јас сум тој што памти и има добра меморија. Мене ми се јавуваат на најрандом денови да ме прашуваат прашања од типот на "Абе како се викаше тој кафичот на ќошот што постоеше само неколку месеци" или "Таа братучедка му на Трајко од трет клас убавата со цицките како се викаше од Карев ли беше или од Орце" на коишто најчесто инстант им давам одгвор по што логички следува извикот "Да беееее" проследено со "Само тебе ти текнуваат овие работи". Да, на Никола никој не се сети. Ама мене фотографски ми се јави како флешбек, тогашната конституција на теренот во кафаната, точно на која маса седевме, како играме бриџ со Никола и како во позадина оди "Името Твое" од "Багаж". Таа година посебно ја откорнаа од пуштање таа песна по радијата.


Ете и тоа сум доживеал во животот. Сум се дружел со член на ИСИС, сме играле карти, сме јаделе, сме пиеле, бил кај мене дома, сум бил кај него дома. Пред да стане член на ИСИС. Онаа техникалијата што ја спомнав кога објаснував дека насловот е кликбејт.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom