Вчера некој ми го кажа најубавото нешто, без да кажи многу.
Се спремав да го гледам Казино Ројал, 2006та. Знам дека дели од другите Бондови, пошто прв пат го покажуваат ликот вљубен. Му пуштам слики од Ева Грин на тој другарот Холанѓанец, пошто тој е стрејт и му викам - па дури и јас разбирам зошто се вљубил Даниел Крејг.
Зедол да ја гугла другарот, и ми вели: делумно е Еврејка. Фино! Исто така, овај дел од нејзината Википедија ме потсеќа на тебе:

Имено му имам кажано дека вака или онака јас не планирам да имам деца и дека сум помирен со тоа да сум последниот од мојата лоза. Но, за да не бидам комплетно неетички лик, она што го заработувам ќе го вложам токму во ранливи, ни криви ни должни семејства или проекти ко СОС детското село.
Незнаев дека и Ева Грин размислувала така.
Не е крај на светот му реков, имам колега Србин овде кој бил физички злоупотребуван од татко алкохоличар. Една Швајцарка се вљуби многу во него. Тој и рече, океј можи да се земиме ама темата деца нема да биди отворена за дебата, од овие причини. Ако сакаш брак без деца, можи. Таа прифати, заедно се.
Холанѓанецот ми вели, толку ми е жал да слушам такви муабети. Многу е семејно настроен. Златен е.
Не сум му дал многу шанса на Бондови, освен порано класици, но би го погледнал овај, ми вели.
Во секој случај му велам, Бонд направен скроз различно од другите.
Ако не се лажам Ева Грин умира на крајот. Кога го прочита ова. Ми пушти аудио порака, (мислам дека Виктор осеќа дека кај мене нешто не е во ред со здравјето, последнава година, иако му немам кажано) Пораката беше долга 9 минути, воглавно за тоа колку ме цени и почитува и колку му е жал што повеќе нема да има малечки Византијци да трчкаат по светот ил да го носат мојот интелект ил мојата невиност, да ја продолжат мојата лоза.
Кога го слушнав ова, мораше да ми дојдат солзи на очите. Се созедов и му вратив порака, дека вака стабилен и трезвен не сум бил долго време. А дека кога човек се осеќа така, многу појасно можи да види кој биле оние правите луѓе во неговиот живот. Виктор беше за мене еден од нив. Затоа го пишувам и со име - секако не не знаете, ама бар да стои запишано негде. Од ултра јужен мариовско македонски до ултра северен викиншки предел. Фала ти брате. Едно од најдобрите пријателства во мојот живот. Уживам (и се грижам) да ги слушам твоите љубовни маки со девојките. Се чини дамите се потешки и од педерите. Но јас сум сигурен дека ќе ја најдиш правата. Жените знаат да сакаат, сум видел со свои очи, за разлика од нас другиве. Знам дека ќе бев првиот кој ќе е поканет на свадба, штом ќе дојди правата.