Пари од општина + од Раул пари, од Гарабаја ослободена плата од Цехте пари. Шо треба за да се напрај некој паметен машки потег јас несфаќам?
Мене ми мириса на лесно 3то или можи и 4то место и распад. Џабе ние се нервираме не спиеме по 2 дена ко ќе изгубиме кога на тие шо е остаена работата се заебават и ова му е мајтап.
Нема ПОУЛАЈ од нас, да те попрам, не се нервираме и не спиеме по 2 дена по порази, туку со месеци.
Како да не се нервираш ко губиш од парталски тим ко Охрид 9 ( девет) разлика во 45та минута, ко ти ја вртат утакмицата децата на Алкалоид од 42 минута и +7 за нас пред наша публика, ко изгледаш ко село без кучиња во Автокоманда, а пред 3 дена си изиграл егал меч со ПСЖ во Париз до 50 та минута.
Јас да бев играч на Пелистер, по та бламажа во Охрид, со Томи Бој, Петриќ, Савре, Ојле, Крсманчиќ и компанија, па сам ќе си одев, немаше да се срамам појќе да играм и да земам за џабе плата.
Во право си апсолутно за тој "МАШКИ ПОТЕГ ШО ТРЕБА/ШЕ ДА СЕ ПОТЕГНИ".
Треба/ше МАШКИ потез и кај играчите, мораше да се зачисти салам ростерот, не само удри кај тренер/ите и ќе вадиме објави на ФБ, ОДИМЕ НАПРЕД.
Каде напред? Нигде не одиме со овај пристап кон играта.
Треба/ше и мораше салам чистка кај играчите, посебно по та бламажа во Охрид, посебно во делот на странците.
10 странски играчи имавме на старт на сезона, сега имаме 8.
Валид џабе парите ги јаде, од Цехте зедоја пари и не се зеде замена.
И од тие 8 шо останаја, единствено Чичо ( Богдан ), Ник во одбрана и чат пат во напад, и Нинџата ( во тие неколку утакмици шо беше здрав) ги оправдаа високите плати, од сите други странци ќар не видовме.
Видомски го регистрираа дури на почеток на Октомври, ко поминаја тие клучни гостувања со Алкалоид и 61 ва, таман покажа дека има нешто детето, па ќе го седнеа на клупа и ќе го забораеа. ( не е криво детето, криви се тренерите за него).
Хакбарт не дава ни 30 % од то шо го даваше за репката на Бразил,ама не можи Бразил да е репер за квалитет.
Алем не го ни играт на важни утакмици, џабе држи место за странец, ќе го упропастат детето овде, го форсират на неприродна позиција, тој е лев бек, не среден, златен талент дреми на клупа за да игра цело време Тајник "лепчиња' и да не прат магариња децата на Киро и Томи Бој и Петриќ.
Тајник не покажа речиси ништо оваа сезона, а упорно го форсираја на сите мечеви.
Хосни на фабричко "подешавање" од пролетта 2023 година ( освен мечевите со Алкалоид и 61 ва дома).
Тргна добро во Септември, оттогаш се изгуби тоталка.
Близнаците речиси и не ги клаваја, не ги користеа, Мирче исто. ( а ова дете требаше да е потенцијал за во иднина, ама на кој да му кажваш?)
Брестовац цела полусезона ја преседа детето на трибина и сега ќе чекаме да ни ја вади сезоната?
И сума сумарум,
Наместо да се зема квалитет кај странците, да се земат 3,4 екстра странци, ние само трупаме квантитет и на крај идиме до ситуација да губиме од кој стигниме во лигата оваа сезона.
И упорно се пријавуват во ЛШ, а нејќат да го одврзат ќесето, е па не можи и јарето и парето, не е џабе то кажано.
И никој не се ни замара за оваа ситуација во која се најде клубот, никаква реакција нема од управа, изјави, очекувања за нареден период, шо како, зошто.
Само си вадат сториња на ФБ, за репката дека играле со Данска

.
Мореее, која репка ало, ова профил на Пелистер е или на РФМ?
П.С.
+ Пари од ваучери.
И сега на толку пари шо влегоја ( влегват ) во клубот и кукат дека нема пари.

Е па нема пари за ЛШ, ама за домашна лига, да те прат мајмун Алкалоид и Охрид?
Е па... ЧОРБА...