Формула 1 - сезона 2026

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2026?

  • 1. Lando Norris - McLaren Mercedes

  • 81. Oscar Piastri - McLaren Mercedes

  • 12. Andrea Kimi Antonelli - Mercedes

  • 63. George Russell - Mercedes

  • 3. Max Verstappen - Red Bull Racing-Red Bull Ford

  • 6. Isack Hadjar - Red Bull Racing-Red Bull Ford`

  • 16. Charles Leclerc - Ferrari

  • 44. Lewis Hamilton - Ferrari

  • 23. Alexander Albon - Atlassian Williams-Mercedes

  • 55. Carlos Sainz Jr. - Atlassian Williams-Mercedes

  • 30. Liam Lawson - Racing Bulls-Red Bull Ford

  • 41. Arvid Lindblad - Racing Bulls-Red Bull Ford

  • 14. Fernando Alonso - Aston Martin Aramco-Honda

  • 18. Lance Stroll - Aston Martin Aramco-Honda

  • 31. Esteban Ocon - Haas-Ferrari

  • 87. Oliver Bearman - Haas-Ferrari

  • 5. Gabriel Bortoleto - Audi

  • 27. Nico Hülkenberg - Audi

  • 10. Pierre Gasly - Alpine-Mercedes

  • 43. Franco Colapinto - Alpine-Mercedes

  • 11. Sergio Pérez - Cadillac-Ferrari

  • 77. Valtteri Bottas - Cadillac-Ferrari


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.181
Поени од реакции
43.342
Локација
Скопје
Официјална тема за Формула 1 - сезона 2026

Оваа година доцнењето е малку помало од претходните. Ливеријата на новите болиди веќе почнаа да ги покажуваат, па затоа сметам дека е време да отвориме тема за 2026, а старата да замине во историјата.

77 сезона во најбрзиот и најпознатиот светски шампионат во автомобилизам, организиран од FIA, ќе започне со огромни промени. Прво - за прв пат по подолго време (2016) ќе имаме 11 тимови и 22 возачи на патеката, со вклучувањето на тимот на Кадилак во мотоспортот (со мотори на Ферари). Кадилак се за прв пат во историјата во F1. Второ - по купувањето на Заубер пред некоја година, Ауди се вклучува во F1 со свој фабрички тим. Трето - ќе има огромен сет на нови регулативи со измени во конфигурацијата на погонските единици и нова активна аеродинамика (стариот DRS систем заминува во историјата и ќе биде заменет со подвижни крила што технички е истата работа, но на различен начин регулирана). Четврто - Хонда ја прекинува соработката со со Ред Бул и ќе доставува мотори ексклузивно на Астон Мартин. Петто - Форд се враќа во спортот по пауза од 22 години - ќе доставуваат мотори на Ред Бул и Рејсинг Булс тимовите. И шесто - Рено веќе нема да произведува мотори за Алпин, кои се префрлаат на мотори на Мерцедес.

Пирели останува единствен снабдувач со гуми.

1769256750437.png

Меѓу возачите - Серхио Перез и Валтери Ботас се враќаат по кратка пауза во F1, како возачи на новиот тим - Кадилак. Исак Хаџар од Рејсинг Булс се префрла во Ред Бул, каде ќе го замени Јуки Тсунода кој ќе биде тест и резервен возач на Ред Бул. Замена за Хаџар во Рејсинг Булс ќе биде Арвид Линдблад од Formula 2. Тој е единствен дебитант сезонава, по „наездата“ на дебитанти минатата сезона што навистина одлично се покажаа.

1769257030480.png

Освен 24 трки кои ги спомнав, исто како претходните 2 години, ќе има и 6 спринт трки, кои оваа сезона ќе се возат во: Шангај, Мајами, Монтреал, Силверстон, Зандворт и Сингапур. Шпанското гран-при ќе биде преместено од патеката во Барселона - Каталуња во нова улична трка низ Мадрид. Патеката која се возеше на патеката во Барселона ќе остане во календарот како голема награда на Барселона - Каталуња. Отпаѓа трката во Имола која до 2025 се возеше како голема награда на Емилија Ромања. Трката во Азербејџан наместо во недела, ќе се вози во сабота, по барање на властите во Азербејџан заради одбежување на нивниот национален празник каде ги чествуваат загинатите азербејџански војници во Нагорно-Карабх конфликтот од 2020 година.

Претсезонските тестирања ќе почнат на патеката во Барселона-Каталуња од 26 до 30 јануари 2026. Вторите тестови ќе се одржат на патеката во Бахреин од 11 до 13 февруари 2026 и од 18 до 20 февруари 2026.

Анкетата која традиционално гласеше: кој ќе биде шампион во Формула 1, пред 2 години малку ја изменив. Таква ќе остане и годинава - ќе можете да гласате за минимум 1 а максимум 3 возачи за кои вие ќе навивате.

Soooooo...

businessman_waving_checkered_flag_md_nwm_v2.gif
 
Алонсо шампион годинава, па здравје да му продолжат договор до 2030 :icon_lol:
Тимот што го имаат позади Алонсо е многу лош. Многу пари фрли Строл сениор ама ништо нема да биде на крајот.
 
Њуи е многу лош? o_O
Не е Њуи лош туку е многу добар. Лоренс мисли дека ако земе Хонда мотори кои пред тоа беа во RB дека тој автоматски има шанси за титутла. Епа не е така затоа што тој не ги добива компонентите од RBPT, а тие се клучни за победите на RB низ годините од 2021 до 2025. Тие што се во АМ задолжени за моторите ги имаат направено едни од најлошите мапи за мотори и менувачи. Не е само аеродинамиката важна :).
 
Во најмала рака очекувам по некој подиум за Алонсо. Ако болидот оваа година покаже потенцијал, нема да ме изненади да продолжи да вози уште една сезона.
 
testSETBAR.jpg
Еве го изборот на гуми за Барселона. Ц2 и Ц3 ќе се употребуваат многу често низ сезоната и затоа тимовите ги одбираат нив, а единствен тим кој има најмногу сетови Ц1 е Мерцедес. Кадилак и Ауди имаат од се по нешто бидејќи ова за нив е прво тестирање во Ф1.
 
Ниеден уникатен елемент не гледам на болидиве. А викаа правилата демек ќе дозволувале разноврсност. И преклани имавме zero под, па верзијата на ферари и РБ. Имаше повеќе решенија. Сега секој болид е ист.
 
Ниеден уникатен елемент не гледам на болидиве. А викаа правилата демек ќе дозволувале разноврсност. И преклани имавме zero под, па верзијата на ферари и РБ. Имаше повеќе решенија. Сега секој болид е ист.
Затоа што мислам дека прво сакаат да видат сите што функционира што не кај нив, па од тука натаму ќе се прават итерации и ''паметни" решенија кои ќе носат предност во пределите во кои ќе се послаби секој од тимовите.

Најголемата разноврсност е мислам невидлива, односно во моторите.
 
Затоа што мислам дека прво сакаат да видат сите што функционира што не кај нив, па од тука натаму ќе се прават итерации и ''паметни" решенија кои ќе носат предност во пределите во кои ќе се послаби секој од тимовите.

Најголемата разноврсност е мислам невидлива, односно во моторите.
Деф, сите одат со спец А, па после ќе прават надградби ..
 
Луѓе една од многу убави работи ќе биде и звукот на моторите. Права симфонија. Првите трки нема да има никакви надградби, а разочарувачки е тоа што има многу улични трки. Посебно Мадринг.
 
Мадрид и Мајами се криминал. Портимао,Хокенхајм и Истанбул Парк на нивно место и топ сме.
За овие 2 добиваат 3 европски трки и места кај што се цени формулата а не с.ање од трка како Мајами.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom