Ајде ќе смислам нешто, ама ќе ми дадете време до попладневната дремка на ѓаволчево дома
Не знам дали ја исцрпивме претходнава дискусија, ама да ја постирам наредната тема додека имам слободно време
Излезе на крај дека многу контроверзни теми сум имал, тешко ми беше да се одлучам за една.
Ми се вртеа низ глава следниве теми, може ќе најде инспирација некој нареден.
1. Барем 50% (рандом одбрани) вработени во државна администрација минимум 3 години, да немаат право на глас. Поекстремен предлог, на тоа би додал истото да важи и за оние кои имаат топ 10% годишни примања и сите што се невработени во последните 3 години.
2. Донираме од емпатија и сожалување кон оној кој има потреба од средствата или од тоа самите да се чувствуваме добри дека сме направиле добро дело?
3. Малку инспириран од Орвел, преформулирано за нашево општество. Тешка е дефиницијата за интелигенцијата, ама да речеме попаметните луѓе со редовна солидно платена работа, повеќе би ги "собирале трошките" од општеството предводено од разни бизнисмени, богати политичари итн, отколку да кренат глас за правичност, плашејќи се дека ќе го изгубат конфорот ако оние од средните/ниските слоеви добијат поголеми права и слобода.
4. Професорите физичко (па и тренерите на деца во разни спортови) се најголеми педофили и манијаци и треба да подложат на многу построги контроли.
5. Кај граѓаните се има развиено емпатија кон ситни крадци/криминалци и сиротињи штетници, оправдувајќи дела кои ги загрозуваат сите само затоа што не се казнувале големите риби. На статии за некој што ограбувал имоти, сечел шума, правел штета на општествен имот, загадува горејќи се и сешто, возел пијан итн, често среќавам коментари од типот "Само по сиромавиот удирате", "Немал пари за струја затоа сечел дрва/се греел на запалени гуми", "Немал за јадење, затоа ограбил пекара"... Кур ме боли, ако немал, не значи дека треба мирот да ни го ебава, да уништува природа, дополнително да загадува итн. За штитениците на уличните кучиња да не правиме муабет, најтешка секта.
Конечно, се решив за следнава тема

Пред да нападне некој дека само на каурот му сметале црквите, а ќути за џамиите и шпоните, да си кажам дека за проблемите со нив, моите мислења не го сметам за контроверзни. Чиста констатација е дека не почитуваат закони, дека голем дел се 500 години назад со размислуцањата, дека џамиите им се дувла за ширење секакви идеологии, дека покажуваат муда со прегласно проповедање и сите би ги затворил. Нема контроверзија тука, освен ако не се налепи некој од нивните да ги брани.
@Io Sono Interista (не можам да те тагнам асално

)7
Темата би била:
ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОГРАНИЧИ ПОРИГОРОЗНО ОДНЕСУВАЊЕТО НА НАЈВИСОКИТЕ СВЕШТЕНИ ЛИЦА, ЗЕМАЊЕТО ПАРИ НАДВОР ОД ЦЕНОВНИЦИТЕ КОРИСТЕЈЌИ ГО ДУХОВНОТО ПОКРИТИЕ И ДА СЕ ИСТРАЖАТ СЛУЧУВАЊАТА ВО ДЕЛ ОД ПОГОЛЕМИТЕ МАНАСТИРИ (ШИРЕЊЕ ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА, ИГРАЊЕ СО СУДБИНАТА НА (ПСИХИЧКИ ПОРЕМЕТЕНИ ЛИЦА)? ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ ЦРКВА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ СТИГНЕ, НА МЕСТА НА КОИ ИСТОРИСКИ НЕ ПОСТОЕЛА?
Ќе елаборирам надолу, ќе бидат опфатени повеќе подтеми.
Прво, црквата ја гледам како место каде што треба да си го најдам духовниот мир. Не сум некој страшен верник што оди редовно во црква, ниту постам за празници, ама се однесувам многу похристијански од голем дел што глумат најголеми верници. На крајот од денот, кога ќе дојдеш до точка на беспомошност (безразлика дали е твоја болест или на близок, исчезнато лице, почеток на војна на пример, итн.), секогаш ќе ти остане само да се молиш да не дојде до најлошото, Господ да не чува. Црквата ја замислувам за такво место, каде што ќе запалам свеќа, ќе се помолам, ќе си го најдам мирот во тешки ситуации, ќе се заблагодарам ако се е во ред, можеби ќе наидам на некое свештено лице кое ќе ми даде добар совет. Не ја гледам како она што се случува сега.
Прво, се градат цркви каде што ќе се стигне. Океј е да се возобноват стари цркви, на места кои се сметало дека има нешто што ќе ти помогне духовно, со цртани икони од пред неколку векови каде што поминале и (во тие времиња) израснале многу генерации. Ама, ко ќе видам дека некој бизнисмен што маме ебал, изградил црква на рандом локација, никогаш нема да ја прифатам.
Уште поважно, знам еден куп попови кои апсолутно не ми одговараат на мојата замисла за свештено лице. Еден од најпознатите попови во една скопска црква, секој ден дреме по кафаниве каде што одат главниве шемаџии (газди, дилери, инфлуенсери, спонзоруши, спортисти, политичари итн). Женет, со деца, шврља скриен на маси во позадина со најголемите курвештии. Секој ден некој криминалец става слика со него на социјалниве мрежи. Се погодив кога едни деца до 19 години не го пропуштија при разминување со возила во тесна улица, излезе од кола и им се закануваше како најголем простак. Знаеш ли кој сум јас, еден број да завртам ќе ве нема. Закопуваше една моја блиска личност. Како проповеда, мене ми се врти сликата како 3 дена претходно седевме маса до маса и се правеше гомно пијан во друштво на една русинка.
Ист пример сум имал и со еден друг поп од комшии.
Каков сакаш живот води си дома, ама ако си свештено лице треба да се опростиш од таква слика во јавноста.
Еден поп што беше актуелен пред некое време, приватно е ѕвер човече. Имам спиено кај нив, дека брат му е навивач, попчево си цепа хеви метал дома, растура на гитари, знае да си дувне некоја, да прави најразен муабет, ама тоа зад затворени врати. Во јавност е баш она како што треба да изгледа и дејствува еден поп и надвор од "работните" часови, ако има нешто такво.
Главното е земањето пари за се' и сешто. Каде го има ова најголемите свештени лица да возат бесни коли, па дури и МПЦ да гради комплекс згради? Од каде таа пара? Ајде тоа со големците е и политичка игра, ќе се осврнам само на недоброволното барање пари.
Разбирам дека за некои "услуги" има ценовник, иако подобро би било да се остава колку се може.
Ама, не може на свадба/крштевка во црква да ми викаш ајде оставајте пари за работи надвор од ценовниците, цело време да се врти работата околу тоа да оставиш некој денар плус дали на иконите, дали кај нив кога чекаат кај вратите уште џебовите да ти ги испразнат. Друго е што се' се прави ради реда, колку да се истера. Ќе замумљаат нешто, ни разбираш што пее, ни бутур. Ќе викнеме пет пат амин и то је то. Му правевме прва молитва на детево пред година дена, не пикнаа таму во еден ќош, бла бла 5 минути и оди плати си таму.
Они треба да бидат најголеми хуманитарци и највеќе да си ја сакаат работата. Да се мисионери, а не платеници што едвај чекаат да свршат работа.
Последниот дел повеќе се однесува за една дискусија што ја развизвме во друга тема за Бигорски и би ја додал и Рајчица.
Две прекрасни духовни места, станати како дувла за лечење зависници и прибирање секаква ментална раја, како и ширење татаризам. Монасите и евнусите те тераат да купиш историски книги од нивната продавница, каде што се шири бугарска пропаганда. Се замуабетив со едниот, прво невкусно коментираше девојки што беа во манастирот, второ јајцава ми ги отече со величење на Ванчо Михајлов. Сите што ги ставија главни на бѕгарскиве клубови, имаат одено на лечење од зависности во Бигорски.
Не можам да кажам дека не прават добри дела за луѓе што дошле да се лечат од дрога, алкохол, коцка, депресија, да бараат духовна помош при тешки болести, ама невкусно е таквите да ги запоседнат целите манастири. Океј е да помагаат за амалски работи, да копаат и слично, ама не може да ми продава икони, крстови, библии, амајлии, кога врска нема што продава. Ко во Шутка да сум, леле што убави ти стои, обавезно земи си го, мислич пробувам фармерки. Од некои извори знам дека и ебарник е станато со ментално не толку здрави девојки кои од истите причини седат во Рајчица.
Ги земав овие за пример, ама и на други места сум сретнал вакви работи.
Многу занемаруваме се' што се случува околу црквата сметајќи дека може правиме грев, ама некои работи не е добро да се премолчуваат.
Да, има милион други работи за решавање од општествените проблемо, ама пак ќе кажам тоа не е контроверзна тема, туку нешто што МОРА ДА СЕ РЕШИ И СИТЕ ЌЕ СЕ СЛОЖАТ. За оваа тема сметам дека ќе има поделени мислења
