ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 46: 1967 - 05.01-18.01.2026)

87. Cool Hand Luke - Stuart Rosenberg (1967)

1767824741527.png

Зашто за Бог нема невозможни нешта
-Лука, 1:37


Лук е човек кој е осуден на 2 години затвор за ситен деликт и сместен во затворска фарма (или како и да се вика овој тип на затвор) каде заедно со 50-тина други осуденици секојдневно треба да извршува тешка физичка работа. Со својата насмевка протолкувана како цинична од другите, најпрво го нервира главниот „силеџија“ во затворот, а подоцна и стражарите и шерифот. Но сепак, покажувајќи дека не може да биде скршен, ги освојува симпатиите кај сите. И Лук не сака да игра со лошо, се до еден ден кога наместо да е пуштен да оддаде почит на погребот на својата мајка, без да стори ништо лошо е стрпан во самица, под изговор дека можел да бега. Тогаш нешто се крши во него и од тогаш ништо нема да го спречи за да избега...

Cool Hand Luke е неверојатен филм за нескротливоста на човековиот дух, за силата на волјата, за моќта на вербата во себеси. Пол Њуман е неверојатен во улогата на Лук. Има навистина добри сцени меѓу кои една особено ќе ми остане во сеќавање. Ако го гледате филмот, сигурно ќе знаете која. Ова беше филм за кој не трепнав. Долго време беше во IMDB TOP 250 листата, ако веќе не го тргнале. Но и да не е таму, е филм кој секој мора да го изгледа во животот.

9/10
 
88. The Dirty Dozen - Robert Aldrich (1967)

1767875786359.png

Уште еден одличен филм од 1967. Исто како и претходниот, затворски филм, но овојпат и воен. На 12 воени затвореници, сите осудени на смрт, доживотен затвор или долги години затвор со тешка работа им е понудено да им биде намалена казната доколку учествуваат во една чета која ќе има за цел да се инфилтрира во една фашистичка резиденција за време на WWII и да ги убие Германците таму. А нивниот наредник, мајорот Рајсман има особено тешка задача: и да ги направи послушни, но и да ги натера да се сплотат во тим. Резултатот од ова е е навистина динамичен, интересен и возбудлив филмски класик во кој ќе се смеете, ќе плачете и ќе уживате.

Исто како и во некои од претходните и тука има cast од ѕвезди: Ли Марвин, Ернест Борњин, Чарлс Бронсон, Џон Касаветес, Џорџ Кенеди, Тели Савалас, Доналд Сатерленд (тука млад) и многу други.

Убав филм - 8/10

Инаку, филмов не ми беше во план првично да го гледам. Го гледав зашто е еден од оние од првиот филмски каталог за тапчовци кои ми се испуштени. Сега таму сум на 164 од 235 изледани, или 69%.
 
1. In the heat of the night (1967)

Контроверзноста на овој филм извира во временскиот период кога е пласиран, деценија на борбата за правата на црнците кои сеуште биле под отстрелот на сегрегационистичките очи во Мисисипи. Главниот лик не само што е црнец, Тибс, туку и полицаец и двигател на разумот во разрешувањето на убиството на инвеститорот. Тибс ја согледува лековерноста на полициските службеници кои само сакаат да најдат виновник и да го затворат предметот. Секој осомничен го ослободува преку користење на разумот, перцепцијата и логиката, се додека не го пронајде вистинскиот извршител.

Добро е што не станува збор за класична детективна драма, има акција, Тибс е во пајажина, од една страна е под првичен сомнеж, како извршител, само затоа што е црнец. Од втора страна луѓето не сакаат да зборуваат со него односно да му помогнат во истрагата само затоа што е црнец. Од трета страна половина од филмот е во некаква бркотница со расистите затоа што покажа пркос на нивниот властодавец. Низ неколку кадри беше претставен и јужниот крст, кој треба да е симболот на расизмот (а не е), и истиот до пред некоја година беше составен дел на знамето на Мисисипи.

Би напоменал и нешто позадинско, го последуваме и технолошкиот прогрес, одреден историски период памукот бил собиран рачно, од робовите во плантажа, а во филмот е прикажана и механизација. Симболот на памукот е неговата чистина, неговото белило, кој често пати бил квасен и со крв.

3,5/5
 
Последно уредено:
Таман си реков ајде нов член имаме у клубот..
A залутан турист?
Си реков да видам шо правите тука, и отидов на Стремио да најдам 1967 година филмови:

IMG_0860.jpeg

IMG_0862.jpeg

Какви луди филмови и описи на првите два, по што се сведе изборот на третиот, најлудиот:

Weekend (1967) - Jean-Luc Godard

Последниот од режисерот го гледав Breathless, кој ако не се лажам беше и во филмскиот филм и доста високо го имам оценето. Иако познат, не очекував олку unhinged филм. Како и што самиот често се адресираше со кршење четвртиот ѕид: what a rotten film, all we meet is crazy people.

Следиме пар толку покварени што планираат да го убијат таткото и мајката на жената за наследство, со низок морал и голема безобзирност кон останатите. Квалитетна критика од филм, со долги кадри. По пат наидуваат на сообраќаен застој, но ептен over the top со обрнати коли, запалени тела, крвишта насекаде и сите чекат во една лента, кој накурчен, кој игра шах седнат на пат исите свиркаат 20минути - додека парот како буржоазија ги претекнува сите безобзирно за нормалниот човек, без трошка емпатија за жртвите, газејќи по мртвоци во секоја смисла. Цело време прашуваат за насока како да стигнат до градот, додека наидуваат на филозофи кои зборат за смислата на постоење но тие ги палат, гледаме како тела горат, или ѓубраџии кои им даваат толку од лебот колку што конго добил од империјалистите, додека на крај не ги фатат револуционери. Критика за консумеризмот, за класни разлики и како сме дошле до тука, за човештвото и гадење од истото. Насилство, канибализам, крв, комплетен хаос.

The horror of the bourgeoisie can only be overcome with more horror.

4/5
 
Сега кога го додавав @wot во статистиката, ми текна да направам една листа во кои декади најчесто сме биле. Па вака:

1920-ти - 2 пати
1930-ти - 2 пати
1940-ти - 5 пати
1950-ти - 4 пати
1960-ти - 6 пати
1970-ти - 5 пати
1980-ти - 5 пати
1990-ти - 5 пати
2000-ти - 6 пати
2010-ти - 4 пати
2020-ти - 4 пати

Некако генераторов ни ги меша декадите изгледа и подеднакво дава од сите, само овие првите 2 најмногу ги мрази. Ќе останеме на крај да треба само неми филмови да гледаме. :P
 
89. Bonnie and Clyde - Arthur Penn (1967)

1767956326131.png

Уште еден филм номиниран за Оскар за најдобар филм од 1967, но овој е значително послаб од претходните кои ги гледав. Фикционализирана и крајно романтизирана приказна за двајца криминалци од времето на Големата депресија во САД: Бони Паркер и Клајд Бероу. Од тоа што прочитав, речиси цел филм е историски неточен и самото романтизирање на карактерите и приказната довело до стварање на култ кон нив и врќање на интересот за нив (па мислам дека истото трае и до денес). Според мене, некако во самата приказна немаше доволно приказна за да ми задржи толку внимание како некои од другите филмови. Ставиле двајца крајно like-абилни актери: Ворен Бити и Феј Данавеј, заради драматични ефекти додале уште неколку sidekicks, го направиле Клајд импотентен, исто за да биде подраматично - и оп - филм кој бил стварно хит во тоа време. Пред да почне да се снима, Warner Brothers мислеле дека ќе биде тежок флоп и му дале на продуцентот Ворен Бити (продуцирал за прв пат во животот), 40% од заработката. На крај, филмот заработил 70 000 000 долари!

Интересен податок прочитав - наводно во овој филм за прв пат во историјата е снимена секвенца во која некој пука во некое тело директно, без притоа истата да биде едитирана. Да појаснам: до тогаш кога на филм некој пукал во некое тело, бил прикажан човекот со оружјето, па рез, па потоа тој во кој е пукано. Тука е снимено баш се, и пукачот, и пуканиот во исто време, без резови и без монтажа. Ваква снимка претходно немало најмногу затоа што најверојатно истата ќе била цензорирана. Но тука истата е оставена (сцената во која Клајд пука во лицето на банкарскиот службеник преку стаклото на колата).

ОК беше филмот, ама далеку од WOW, и значително послаб од претходните кои ги гледав, реков. 7/10
 
2. Cool hand Luke (1967)

(вдишува хелиум) What we’ve got here is failure to communicate. Some men you just can’t reach, so you get what we had here last week which is the way he wants it. Well, he gets it. And I don’t like it any more than you men. На овој начин започнува песната „Civil war“ на легендарниот бенд Guns'n'Roses од албумот Use your Illusion II.

Лук(ас) влегува во отворен затвор поради уништување на јавен имот додека е под дејство на чашката. Заедно со останатите затвореници, приморан е да работи физичка работа чија немера е да им го уништи моралот, како на пример, по најголемото сонце да чистат грмушки покрај некои безначајни патишта.

Ќе започнам од забелешката: затворениците копаат некој канал, во куќата до нив излегува цицлеста плавуша, сите се палат, почнува да ја мие колата, да ја трие, прозорците, па тркалата да ги чисти, девојчево се внесува во работата...мрак, пресек и следна сцена затворениците како се бањаат! :mad:

Филмот е критика за затворскиот систем, бунт кон авторитетот, почитување единствено на личните патоказни знаци, кои го водат Лук до три бегства. Во два наврати го враќаат, се обидуваат да го скршат, па дури и целиот затворски комлекс се врти против него поради фотката која им ја испраќа од зад решетките. Фотката е симбол на надежта и слободата и симбол за она што би можеле да бидат ако не го прекршиле општествениот закон. Третиот пат станува мит. 3,5/5
 
3. You only live twice (1967) (гледан на 17.01.2026)

Втор Бонд во овој предизвик. Прва сцена го убива на паркинг, втора цена овој лета од зграда. Зошто? Кога бегаше од кровот на зградата, сите ги онесвести со еден удар. Посебно ова ми е крајно нереалистично, па дури и смешно. Паѓаат ко мртви, не знам ни дали им дозволуваат да дишат. Тие 15 секунди додека трае сцената никој не смее да мрдне. Сите кои ги уби, ни капка крв. Дроиди ли се, луѓе ли се. Авионот почнува да паѓа, следна сцена како го слетува.
...

Ми се допандаа панорамите, настаните се случуваат во Јапонија, претпоставувам и филмот, барем делумно, е сниман таму. Девојките, стандардно, убави. Она што ме радува е тоа што новиот Бонд ќе си биде бел маж, а не како што се најавуваше, црна сомнителна жена со шарена кратка коса! Франшизата продолжува!

Јасно, овие филмови се гледаат поради забава, немаат значителна уметничка трага во филмската историја, па така и критиката ја базирам на приказот, а не на пораките. Дури и сцената со трката на хелипоктерите беше интересна, колку и да не е реалистична. Се цели кон драматичност и креирање тензија. Сепак, мисијата мора да биде успешна! 3/5
 
4. In cold blood (1967) (гледан на 19.01.2026)

„Ладнокрвно убиство“ е само една од многуте тули од планината непрочитани книги кои ги поседувам. Книгата, напишана од Труман Капоти, според краткиот опис е чиста криминалистика која обработува вистински настани. Жарнот на книгата ме привлече, затоа и ја купив, но „Тифани“ не ми остави некој посебен впечаток, ретко кога би го избрал филмот пред книгата. Затоа и чека долг ред пред да биде прочитана.

Филмот го опфаќа периодот од планот за ограбување на едно богато рурално семејство, ноќта кога истото е убиено, потерата и истрагата на убиствата, кратко е опфатен судскиот процес, поточно само завршните зборови на јавниот обвинител (Хрушчов го ставиле во порота), очајот низ која поминуваат убијците и смртната казна со која ќе се соочат.

Убав филм, без непотребни сцени и предолги досадни дијалози. Ми се допаѓа што како компонентна е ставена и реконструкцијата на самото убиство, што става против-тег на кантерот на оние кои барале милост, посебно на Пери, во однос на Ричард. Ликот на Пери има и длабочина, се разговара и со неговиот татко, кој покажува и исвесна сентименталност и животни начела кои сметал дека му ги пренел на неговиот син. Самиот автор развил близок однос со Пери, а тоа е опфатено и во неговиот биографски филм. 4/5
 
Оф ја чисто го запоставив предизвиков. Кнап сум со време периодов. Одете вие, јас ќе ве стигнам.
 
Синоќа требаше да патуваме во нова година, ама преморен бев. Гледав ракомет, филм и немав веќе сили. Денес ќе го вклучиме времепловот.
 
ОК, привршуваме тука со 1967. Пак тројца патувавме, ама овој пат наместо @ComfortablyNumb , @wot влезе во времепловот. Се надевам ќе остане со нас и за следните патувања.

11 филма гледавме, со средна оценка 7,09.

Одиме понатаму:

1768850779925.png

Патување 47: 1986 - 19.01-01.02.2026

Најголемата нуклеарна катастрофа во модерната историја се случува во Чернобил во Советскиот Сојуз (денес Украина). Вселенското летало Challenger експлодира само 73 секунди по полетувањето. Халеевата комета е видлива со голо око од Земјата за прв пат по 1910 година. Вселенската станица Мир е лансирана од Советскиот Сојуз. На Светското првенство во фудбал во Мексико победува Аргентина. Земјотрес во Ел Салвадор убива околу 1500 жители. Мексикански авион се срушува над Андите и сите 167 патници умираат.

Во светот на филмот, основано е студиото за анимација Pixar. Арнолд Шварценегер се жени. Тимоти Далтон е четвртиот Бонд. An American Tail е првиот анимиран филм продуциран од Стивен Спилберг и истиот го крши рекордот во заработка на анимиран филм во првиот викенд од прикажувањето кој пред тоа го држи The Rescuers на Дизни.

Златната Палма во КАН ја освојува британскиот The Mission. Златен Лав освојува францускиот The Green Ray. А Златна Мечка германскиот Stammheim.

Во 1986 се родени: Џесика Ганинг, режисерот Бени Сафди, Итан Пек, Александра Дадарио, Лена Данам, Роберт Патисон, Меган Фокс, Да'Вин Џој Рендолф, режисерот Рајан Куглер, Шиа Лебаф, Ричард Маден, Линдзи Лохан, Арми Хамер, Алфи Ален, Еми Росум, Емилиа Кларк, Џесика Струп, раперот Дрејк, Кингсли Бен-Адир, Кит Харингтон, пејачката Ели Гоулдинг и многу други.

Починале: Дона Рид, Пол Стјуарт, режисерот Ото Премингер, Роберт Стивенсон, Кери Грант, режисерот Андреј Тарковски и многу други.

На филм дебитирале: Анџела Басет, Шон Бин, Џенифер Лопез, Бен Менделсон, Миранда Ото, Венсан Перез, Хоакин Феникс, Џејсон Пристли, Киану Ривс, Винона Рајдер, Кристин Скот Томас, Весли Снајпс, Кевин Спејси, Имелда Стаунтон, Тилда Свинтон, Били Боб Торнтон, Пол Вокер, Наоми Вотс и многу други.

1768852190879.png

1768852228823.png

Сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/59th-academy-awards-oscars-1987/
 
1. Maximum overdrive (1986)

Лелеј! Оваа што личи на Бранкица од опаковката на битолско млеко ја ставиле само мене да ме нервира! Маж и го мава камион и она го прашува „дали си мртов?“. Вистисна жена ќе вришти 10 минути. Башка, што прашање е тоа? Дали си мртов? Не сум, ебате.

Жаболикиот ми стана антипатичен што пречесто се впушта во политички дебати, со самото тоа губиш одреден % од фановите, па и општо од читателите. Башка тоа што и пречесто испаѓа глуп, пишува од импулс, па мора да се извинува. Преталентиран е, татко на модерниот хорор жарн, било да зборуваме за книжевност или филм/серија. Не може секоја книга да биде (еднакво) успешна, односно сметам дека оваа идеја му е исцрпена со Кристин, кој исто не ми легна најдобро.

Двојката е само поради AC/DC, Who made who не сум ја слушал со години. Инаку кец. 2/5
 
90. Hoosiers - David Anspaugh (1986)

1768997148376.png

Од 1986 ми се гледани сите 5 филма номинирани за Оскар за најдобар филм, од кои еден мислам дека јас сум единствен на форумов кој го гледал. :P Затоа барав некој што по нешто друго е значаен. Веднаш во преден план искочи Hoosiers зашто филмов е во првиот Филмски каталог за тапчовци на @Io Sono Interista и компанија кој не го бев гледал. Па затоа да ја поместам летвичката од тапчо кон нетапчо уште малку...

Интересна спортска драма, која како и сите спортски драми е преполна со клишеа. Друго што не ми се допадна тука - имаше многу брзоплети сцени кои почнуваат од никаде, се случуваат од нигде никаде и завршуваат нигде никаде. Затоа, искрено, првично го оценив со 6/10, ама отпосле му ја сменив оценката во 7/10 зашто мислам малце дека претерав. Ама како и да е, нешто измеѓу 6 и 7 ми е. Глумата топ - и Џин Хекман како тренерот Норман Дејл и Денис Хопер како пијаницата Шутер кој заработил номинација за Оскар за најдобар актер во споредна улога за филмов. Мислам дека требаше да има повеќе backstories, особено за кошаркарите. Некако сите ми беа пластични, еднодимензионални, не се поврзав со нив (освен со тој Еверет, синот на Шутер). За другите ми фалеше приказна плус.

Ама како и да е, и покрај сите маани, овие вакви спортски драми имаат нешто што ни еден друг филм - топлина. Топли се како „Амбасадор“ ќебе во снежно јануарско утро. И затоа и одлучив да не ја оставам шестката и да му дадам една (нецелосно заслужена) седмица.

7/10

1768998223573.png

Уште 70 филма и веќе не сум тапчо! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom