Дневникот на Византиецот продолжува. Блокиран секој 2 викенд, како кизне што да сум направил. Прекинав да бројам колку пати ме блокна и го тргна блокот на WhatsApp. Да му мавнев превара, да разбереш. Ништо. Доволно беше едно, те сакам, за да видиш дека му се треси раката.
Знам дека на многу овде (ил сите) ова ви е абнормално и не ми е ни гајле. На крајот од денот пак бевме само два други луѓе кој по колена го туркаат животот. Го молам Бога да остани на моја страна и да ме води на прав пат, пред правите луѓе. Кој ќе ме воздигнат и направат ова да има смисла. Зошто периодов ништо нема смисла.
Се оставам во негови раце, и полесно ми е. Зошто му верувам. Секогаш му верував.
И го молам Бога особено да го заштити него. Тој колку сака нека ми е лут, можеби ме презира, но ти секогаш биди на негова страна Господе, си потфрли многу кај него, знаеме двајцата, проба да му надоместиш со тоа што го сретна со мене. Но ете и јас потфрлив. Не потфрлај ти повеќе, гревота е. Го сакам засекогаш.
