- Член од
- 6 февруари 2011
- Мислења
- 1.098
- Поени од реакции
- 4.666
БалетаниЗошто? Балетани се овие нашиве или ракометари?
Автоматски споено мислење:
Знај некој да образложи како она на Алароб беше црвен а ова не е!?

Последно уредено:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
БалетаниЗошто? Балетани се овие нашиве или ракометари?

Па за држава како нашата, важно е да се учествува. Тие се можностите и тој е квалитетот. Убаво е што имаме континуитет на настапи веќе 18 зими по ред. Ќе умреме од досада инаку во јануари
Со оглед на тешката група, ретко кој очекуваше дека ќе успееме да завршиме во најдобрите третопласирани и да фатиме шешир на носители. Сепак Данска е убедливо најјака селекција, а Португалија е во налет, полифиналист од претходното СП. Добро одигравме на секој натпревар, со Португалија одигравме над можностите, денес беше евидентен заморот.
Да потсетам дека 10 години не можевме да избориме пласман на големо натпреварување откако паднавме во неносителски шешир. Сто баражи по ред изгубивме, најубавите години им пропаднаа на еден куп играчи од доста солидни генерации.
Со нашиот квалитет, баражи со екипи како Шпанија, Норвешка, Шведска и слични се невозможна мисија за поминување и затоа треба да сме среќни со победава и со секое наредно учество на големо натпреварување, па макар и само да сме за декор таму.
На крај заборавив да кажам, дека просекот на екипата е уште околу 20 и некоја година.
Брат, цела ракометна историја ни е со потење, калкулации, враќања од мртви и прокоцкани шанси. Ок си е вака, значи живи сме, мрдамеСме сме, ама кога ќе не шлакнат ќе си плачеме
Нека се падне некој умрен, да не се потиме како со Фарски ебате.
.Не не ебаваат психата и менталитетот, туку КВАЛИТЕТОТ на играчите. Тие се играчите, квалитетот на повеќето им е треторазреден.Па баш дека веќе не знаеме колку учества по ред имаме и баш дека вадиме сеуште јаки резултати со репрезентации како Унгарија и Португалија докажува дека највише психата и менталитетот не ебаваат на барем едно првенство да бидеме топ 8 репрезентација после големиот успех 2012.
Се повторува некако истата слика пак и пак и пак и на крајот се извлекува заклучокот дека е убаво што учествуваме.
Има ли некоја друга репрезентација со многу учества ко нас , а да има заглавено на сите првенства без посериозен успех?
Јакото е и шо се фалиме и на форумов и сегде дека имаме прилично квалитетна ракометна лига, а од друга страна па тие ни биле капацитетите од аспект на инфраструктура , услови бла бла...
Освен технички аспект , талент, знаење за ракомет треба инат , борбеност и ладнокрвност. Нашиве последново некако ич го немаат. Или пак знаењето е толку , не можам да ги проценам.
Гледаме да напредуваме, а не да стагнираме , ама вие си знаете ај...

Џабе муда, ако немаш квалитет. Муда за успех ти требаат ако бар пола селекција ти игра важна улога во екипи што се меѓу топ 8 во ЛШ. Се' друго се празни муабети.Португалциве го имаат она што нас цел живот ни фали и го бараме - муда!