Европско првенство 2026 [Данска-Шведска-Норвешка]

Де фрлете само еден поглед на Швајцарија и нивната денешна утакмица над Црна Гора
И у ракомет треба да учиме од нив.
 
Фрлете поглед само колку утепан ракомет се игра на балканот.
Тек тука таму се држат хрватите и словенците, ма да и тие со смена на генерации не знам колку би биле конкурентни на скандинавските земји, па и на алпските би рекол. Другото е очајно.
Сите напредуваат и тие што не знаеа што е ракомет, само кај нас уште се игра старомоден ракомет.
 
Де фрлете само еден поглед на Швајцарија и нивната денешна утакмица над Црна Гора
И у ракомет треба да учиме од нив.
Црногорците се распад систем на првенството после првиот меч... Не е некое мерило натпревар против комплетно демотивирана екипа која сака да го избрка тренерот.... Сосема различно од нашата ситуација со Романија...
 

Они со подобар пласман на второ првенство по ред откако ги тепавме.
Ние тапкаме во место од 2015 навака.
Автоматски споено мислење:

Црногорците се распад систем на првенството после првиот меч... Не е некое мерило натпревар против комплетно демотивирана екипа која сака да го избрка тренерот.... Сосема различно од нашата ситуација со Романија...

Во секој случај Швајцарија ќе искористеше многу подобро што све Романија изпогрешија и ќе тепаа убедливо.
Ние на првенствово сме без 30 постигнати погодоци, они со Фарски имаа само 28.
Дефинитвно играат побрз и помодерен ракомет од нас.
 
Они со подобар пласман на второ првенство по ред откако ги тепавме.
Ние тапкаме во место од 2015 навака.
И ние сме со подобар пласман од Шпанија на претходно првенство, но тоа не не прави подобра репрезентација од нив.
 
Dancive se macat so Portugal prvo poluvreme, a nie se nadevavme na 10 gola razlika...
 
Добро бе стварно Данците не можам да ги сфатам како е можно секое Европско првенството кога ќе дојде да играат ко да се без раце. 15 години немаат титула на Европско. А Светско освојуваат 4 првенства по ред и победуваат со над 10 разлика против репрезентации како Германија, Франција и Норвешка
 
Dancive se macat so Portugal prvo poluvreme, a nie se nadevavme na 10 gola razlika...
И да го победевме Португал па ќе сме трети, поради лошата гол разлика со Данска
 
Последно уредено:
Ова како увертира за тоа што ќе се дешава во група 1. Какво требење ќе има па па па...
 
И да го победевме Португал па ќе сме трети, поради лошата гол разлика со Данска
E ova neka im e lekcija na nasive deka na utakmica na Evropsko ili Svetsko ne se vlaga otkazan odnapred, pa makar bilo toa i Danska.

Portugalcite primer kako se gine za nacionalniot dres
 
Јас реков побудали се португалците од данците уште после првата утакмица, како изиграја онака со нас тие појма немам, највероватно не потцениле ептен, страшна селекција се, браќата се вонземјани, заслужено тепаја со Данска....
Таа група сега ќе биди упм Данска, Португалија, Франција, Норвешка, Германија и Шпанија :vozbud: пивото и кикирите до нас и :pijanco: вака сите заедно не памтам да вкрстиле.....

п.с. Иначе вакви шанси ти се пружат во спортот, само треба користење..... ние со Данска, фудбалот со Италија, кошарката со Литванија, еве Португалија победа над домаќинот, титулата на Лестер во Англија итн :D
 
Де фрлете само еден поглед на Швајцарија и нивната денешна утакмица над Црна Гора
И у ракомет треба да учиме од нив.
Брату, буквално едно 10 утакмици по ред не можат да не победат. Какво учење од Швајцарија какви бакрачи :D
Се распаднаа црногорците после првиот натпревар, имаат хаос во екипата, буквално се откажаа од првенството. Второ коло изгубија сто разлика и од Фарски острови. Трето коло влегоа откажани, Борозан дава едвај еден гол, којзнае каде е со паметот.
Нема споредба меѓу јачината на двете групи и плус им се поклопија коцките. Реално требаше да загубат од Фарски острови (безразлика што овие израмнија на крај, беа подобри цело време) и само ради распоредов им се погоди да начекаат тотално демотивиран противник, со внатрешен хаос, кој го добија 17 разлика (се разбира, не е лесно тоа, ама сепак е голем фактор што завршија втори на подобра го разлика).

Тука некаде сме со швајцарците во квалитет, не е тоа срамно да се признае.
Упорно тераш филм ко нашиве да имаат квалитет, ама немаат желба, немаат борбеност. Толку им е квалитетот, бар на ова првенство скоро сите даваа се' од себе.
Може да кажеме дека потфрли Црна Гора со 3-4 класа ракометари (ајде да речеме Борозан е во пад со кариерата) во многу полесна група губејќи ко магариња на 2 утакмици. Не може да кажеш дека нашите потфрлиле.
Пољаците изгубија и од Италија, последни се во група. Унгарија исто не се прослави, што е доста поквалитетна. Се менуваат времињата, толку им е квалитетот. Ракометот не е спорт каде што често може да изненадиш фаворит, да играп дефанзивни како во фудбал и да пикнеш една контра. Во 9 од 10 утакмици фаворитот те тепа без проблем, а и во таа 10-та најчесто ќе ти фали среќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom