Така е на сув квалитет на неколку поединци, на една рака се бројат тие кои имаат квалитет за Милан - Мењон, Модриќ, Рабио, Пулишиќ и Леао кога му се игра, другите се просек и потпросек, овие горе ја носат сезоната, во форма биле или не, здрави биле или повредени, болни со температури или не, уморни или не, се на нив се чека и одбраната кога како има ден и која е неконстантна.
Само за три дена доаѓа Лече на кој му треба поени за опстанок, чисто сомневам дека ќе се изигра нешто, мириса на голем бод, ќе се вртат околу шеснаесетник без идеја и без акција додека овие грчевито се бранат, комшивките едвај ги пробија, та ние ќе очекуваме нешто. Катастрофален скор со оние на дното на табелата, Пиза, Фиорентина во зона на испаѓање едвај до бод се докопавме, Сасуоло, Парма на средина или кај и да се исто катастрофално реми, Џенова не можам ни да ја најдам на табела исто едвај спас на Сан Сиро од пораз. Нека му шепни некој на Алегри дека со 7 нерешени од 19 кола не се фаќа Европа, наместо милум или силум да се изгазат тие екипи едвај се спасува бод. Од друга страна од топ 6 клубојте сите победи и несреќно реми со Јувентус со промашен пенал и триста зицери. Ќе дојди дерби кога ќе се нема ден и среќа и со ваква игра неигра ќе се случи катастрофа од типот 5-1 со интрерлационале пред 3 години.
Има уште 18 кола и колку 54 поени во игра, нека рачуна Алегри уште колку треба за Лига Шампиони, чунки тоа му е опсесија и ги жртвува Копа Италија и Супер куп и ако не успее ќе треба да му лета главата. И нека готви стратегија кој ќе чува против кој, кој ќе му се дава поени, на кој ќе се оди со сите сили, само лигата ни е пред нас за разлика од ривалите кои играат и европа и куп и ќе имаат многу поголем умор, зависи и до кај ќе одат, му посакувам понижување и испаѓање побрзо, и ако при вакви услови не фати Лига Шампиони време му е за пензија, ќе полни 60 не е веќе 40 и кусур годишниот од 2010/11 кога и мозокот работеше подобро и побрзо, сега слњдат болести, се заборава, ризици, деменција, сенилност едно друго нема да е погоден за тренер.
То ние остаревме од тогаш, побелевме во косите, на некои несреќници и му испаѓаа од нервози за Милан, а ко вчера да беше, та за Алегри ќе се мислиме кој исто оќелаве се сторил Пиоли и Спалети во глата.