Не гледам каква врска има тоа дали јас имам порок или не со темава. Зборуваме за цигарите, нивната штетност и дали треба да се забранат во затворени простории од јавен карактер.
Притоа, никој Владе не ти забранува да пушиш, ти и понатака ќе можеш да уживаш во овој благодет, меѓутоа ќе ти забранат да го труеш нормалниот човек, поточно човекот што излегол на кафе/пијачка/провод, сеедно. Ако ти се пуши ќе излезеш до надвор, ќе чурнеш една и ќе се вратиш на маса. Не гледам каде е обесправувањето тука, овозможено ќе биде нормално функционирање на луѓето во затворени простории од јавен карактер, а богами ако се спроведува како што треба законот надежно и намалување на бројот на пушачи. Поразително е ова што го гледам и што се случува, колку малолетници пушат, страшно... Кај мене има едно мало продавниче кое работи 366 денови во годината, нема ни празник ни делник за него, едно 100 000 пати го имам фатено како им продава цигари на парче на деца. Еднаш му реков, аман бе човек до 30 денари ли ти е дојдено? Зошто им даваш на децата да се трујат...
Така да Владе мој не мораш да кружиш као киша око Крагујевац за да најдеш оправдување за нешто што нема смисла, во 2026 година нарочито.