Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Како може Кубарси бе да не ја избиеш таа топка у неботооооо???
Кунде у дефанзива е катастрофа.
Се мучиме да дадеме гол, а примаме како од шала.
Сеа у второ коа ќе влезе Мбапе, ќе не искинат на контри.
 
Победа со многу прашалници отворени прашања и можи и јасни пораки до управата:Пресликан пристап на Алонсо во мурињо (Пичкарски стил) НО НО нашиве доста потфрлија,Кунде е во лоша не во катастрофална ама во лоша форма одбраната доста испрашувана премногу ефтино примени голови Рашфорд меч топка 93-Минута можеше титула да не кошта промашувањето негово да се запраша управата дали би требало да остане,Левандовски Невидлив некоја Ларсон улога на тацна го доби вториот гол чисто онака килерски учество во игра никаде,и најважното Флик треба многу да поработи на психичката подготвеност играчите премногу прават смешни фаули и наседнуваат на провокации.
 
Мора да се признае дека Рафиња и Гарсија ни се моментално најдобрите играчи во тимот. Каков грабеж за 25 милиони е Гарсија!

Нека се фокусираат на Лигата и ЛШ сега, купот може со втор тим да го игра, некои играчи како Педри, Кунде, Ерик, Јамал и Балде ги уби.
Доаѓа најбитниот период во сезоната, мора да продолжат вака!
 
Година мора да одат по Шлотербек, освен што е добар дефанзивец, добар е и со топка, печен е за во Барселона. Како знаат и умеат нека го донесат, тој треба да биде приоритет.

Прво тоа, да се реши проблемот со дефанзивата, а после тоа Рашфорд, Трашфорд ако се има пари да се откупи. Слаба утакмица од Кунде и Кубарси, ама и не им е за замерување, умреа последниве сезони, немаат никаков одмор, посебно Кубарси што на 18 години сам ја држи одбраната на Барселона.

Друго, мило ми е што Флик очигледно си ги научил грешките којшто беа очигледни, на почеток од сезоната играта беше ужасна, се гледа дека после дуелот со Челзи седнал да прави анализа и одма и по играта и по резултатите се гледа разликата.

Година мора да му донесат класа штопер (најдобро би било да е Шлотербек) и ако се има пари и еден шпиц да му донесат, ама Шлотербек е must.
 
Шлотербек јас искрено не го ни знам, ама голема конкуренција има за него, сигурно тоа ќе му ја крене цената многу и тешко би имале финансии да го земеме. Како и да е, мора штопер.

Горецка е слободен играч на лето, а Флик го знае многу добро, машина беше под негова палка, мислам дека може да му ја врати формата. Според мене мора да се проба да се доведе.
 
Шлотербек јас искрено не го ни знам, ама голема конкуренција има за него, сигурно тоа ќе му ја крене цената многу и тешко би имале финансии да го земеме. Како и да е, мора штопер.

Горецка е слободен играч на лето, а Флик го знае многу добро, машина беше под негова палка, мислам дека може да му ја врати формата. Според мене мора да се проба да се доведе.
Добар играч е, ама кај ќе игра?
Пренатрупани сме во средина, плус 31 година ќе има на лето.
Наводно уште 30 милиони ни требаат од ВИП седиштата за да се вратиме на правилото 1:1.
Во таков случај нека продаваат вишокот, па и некој нека биде жртвено јагне за да се дојде до пари за класа штопер и класична 9ка.

Левандовски, Араухо и Тер Штеген треба да летаат.
Во средина мора да се земе пари од некој, Касадо, Гави или Фермин, тогаш би има имало простор за Горецка.
Од друга страна има доста добри играчи што може да се земат фри на лето, пример наше дете Мингуеза, ќе покрива и на двата бека плус нема да се буни што почесто ќе е на клупа.
 
Некако многу беа дарежливи со подршка спрема Араухо, ако не се најде штопер мислам дека ќе го гледаме и наредна сезона.

Приоритет ќе им биде замена за Лева ако успеат да средат тоа правилото со финансиите.

Иначе 10 победи по ред. :oleee:
 
Феран е ОК ,само топ замена за Лева,најверојатно Алварез од Атлетико........чистење на тер штеген,кристијансен и уште некој со поголема плата,па нек се удостои алварез
 
Некако многу беа дарежливи со подршка спрема Араухо, ако не се најде штопер мислам дека ќе го гледаме и наредна сезона.

Приоритет ќе им биде замена за Лева ако успеат да средат тоа правилото со финансиите.

Иначе 10 победи по ред. :oleee:
Иначе моја желба за штопер е Ван де Вен од Тотенхем, а за напаѓач Алварез.

П.С. Гуехи, Стоунс и Сенеси се фри на лето.
Упамекано ќе продолжи со Баерн, а Конате од Ливерпул не можам да го смислам.

П.П.С. Му дигаат цена на Араухо. :D
 
Рафиња со нова повреда, 2-3 недели аут. :(
 
Многу галама се дигна по твитер за малиот Дро. Наводно Флик бил многу разочаран затоа што многу верувал во него.
Некаде пишуваше во англиски клуб ќе оди, Сити или Челзи, ама најверојатно у ПСЖ.
Таму и мислам дека најмногу би му одговарало ако остане Енрике тренер, многу дава шанса он на млади играчи.

Греота само што откупната клаузула му е 6 милиони, али тоа е тоа.

П.С. Тер најверојатно у Џирона на позајмица, ќе плаќа само 10% од платата или у превод 1 милион. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom