Денес кеј,
за Божиќ на репертоарот ми е албумот Извор на Каролина Гочева. Неколку години мислев дека омилена ми е "Ти не дојде", но грешка сум бил, се загинав негде меѓу Млади Багреми - со која хармонија ме исполни
*песништево*, а замешав троа и со рамената и глутеусот. Но, Одам Боса е таму кај што осетив толку мир, заклучив дека апсолутен фаворит ми е токму оваа песна. Уште кога ќе почни со: Љууууубам медни ууусни.....ХАРМОНИЈА!!!
Па натаму, Љуууубам ЦРНИ ОЧИ, црни очи
ведрии нооооќии. А за кавалот на почеток од песната...штом ќе го слушнеш, те телепортира на Каракамен планина, во Егејска, па пасиш овци негде на 2065 метри висина, умот ти е во лер, а тоа е само почеток на песната, така те спрема за текстот.
Да вадеше во Америка некој ваква музика, ќе се препичеа од курч. И коментираат американци, посебно под овај албум, дека не разбираат ни збор, но и гласот и музиката им се толку хармонични што не им е гајле.

Да не заборавиме дека изгледа вака.
Вака да изгледаше некоја нивна, ќе се препичеа. Вака да изгледаше било која певаљка од соседството, соседите, такви какви што ни се, исто ќе се препичеа. А да имаја некој да прави ваква музика во соседството - ќе се претставеа себе како апсолутен културолошки врв на балканската музика, што реално Каролина, вака или онака е. Браво за Албумот. Најблиску што сум бил до дома и до себе, периодов. Немам Фамилија како некогаш, на некоја песна сронав и по некоја солза, не е се хармонија. Но, факт е дека сум бакнал и медни усни, па да не ја кудам туѓината, ми даде тоа што дома не смеев да имам. Љубов.
Инаку, на кој би му стоело Тиријан Пурпурно ако не на Византиецот? Наредно раслекување во Дји Ќеј че го носам само палтово на голо торзо хаха и црни боксерки од Хуго Бос. Ама денес ќе ве поштедам од такви слики. Или ако сте мирни, ќе ве поштедам за трајно, не постирам глупости повеќе.
Најсреќен празник.
