Фан Клуб: Манчестер Јунајтед


Реков некој ќе лета.





Сончугледкава изгледа има дојава.


Нормално дека ќе си го подржи другарчето.
 
Последно уредено:
Да, ама освен еве Зиркзе, кој секако е нивоа под тоа што ни треба, ние немаме друг играч во моментов. И мислам дека е нефер да се потенцира тоа 7-8 дефанзивно ориентирани играчи, кога 6-7 од нив се секако принудно ставени во тимот.

Ако игравме во Европа иначе, мислам дека ќе се купеа повеќе играчи бројчано, а сигурно и Хојлунд немаше да си оди. Тимов е така планиран, без ЛШ и реално ростерот ни се состои од 11ка која секако не е доволно добра и максимум 2ца кои може да влезат од клупа и да придонесат нешто во играта.

Секако дека новите играчи се поквалитетни од претходноте во нападот, ама нели е и тоа целта уствари. Сигурно не требаше да се подобрат резултатите со старите играчи. Генерално се мачиме уште, ама сме постабилни од лани. Последните неколку утакмици пред повредите игравме баш убав фудбал, со брзи и енергични напади, ама баш штета што се погодија повредите на Бруно, Маунт и Мејно во исто време со АФКОН-от.

Јас очекувам кога ќе се консолидира тимот, при крај на овој месец, да го видиме сите плодот на се што се случуваше изминатите година дена. Малку загрижувачки се последните изјави на Аморим, бидејќи изгледа дека тиквата ќе пукне поскоро од очекуваното. Ама еве ќе пишам тука и ставете ме во букмарк слободно, само да ги преживееме уште овие 2-3 недели, ќе видите значајни подобрувања на пролет и некаде март - април, очекувам тој бушавиот конечно да оди на бербер.
Така е, а сепак боље мртов Зиркзе него мртов Јоро како што видовме како се одвиваше мечот.
Ќе купеа + еден играч, барем по пресовите на Аморим. За Хојлунд незнам, не верувам. Од кога сме немале 3 класични шпица во тим...

Секако целта е новите играчи да се подобри од тие што си одат но работа на менаџерот е и тие што ги има да ги направи подобри, да ги мотивира, да извлече максимум од нив. Работа на менаџерот е од 11 да направи 1, е тогаш сите играчи ќе бидат подобри. Тоа го видов на мечот со Брајтон само, и тука таму на кратки периоди од други мечови. За срамното отпаѓање од купот, поразот со играч повеќе од Евертон, глупите измени штопер за штопер итн муабет да не правиме подобро.
 
Така е, а сепак боље мртов Зиркзе него мртов Јоро како што видовме како се одвиваше мечот.
Ќе купеа + еден играч, барем по пресовите на Аморим. За Хојлунд незнам, не верувам. Од кога сме немале 3 класични шпица во тим...

Секако целта е новите играчи да се подобри од тие што си одат но работа на менаџерот е и тие што ги има да ги направи подобри, да ги мотивира, да извлече максимум од нив. Работа на менаџерот е од 11 да направи 1, е тогаш сите играчи ќе бидат подобри. Тоа го видов на мечот со Брајтон само, и тука таму на кратки периоди од други мечови. За срамното отпаѓање од купот, поразот со играч повеќе од Евертон, глупите измени штопер за штопер итн муабет да не правиме подобро.
ОК, ако два или повеќе менаџери неможе да ги натераат мрзите да мрднат дупе до кого е?
 
АЈ НЕКА ЗАМИНИ У ТРИ ЛЕПЕ ПИЧКЕ МАТЕРИНЕ ДА МУ ЕБАМ ТОА КАРФИОЛИТЕ ДВА НАПРЕД НА ЧЕЛО ШО ГИ НОСИ, ДА ТИ ЕБАМ ТРЕНЕРО СКАПАН!
 
Едноставно е во фудбалот. Добрите менаџери го ваѓаат најдоброто од тоа што го имаат фудбалерите додека ваквите како Аморим измислуваат топла вода без потреба и пробуваат да продаат некоја бедна прича.
https://x.com/UtdDistrict/status/1957132139125674287?s=19
 
Мило ми е што се испуца Аморим вчера на прес конференцијата, па и да замине барем се впери прст кон вистинскиот виновник вчера.
Дали со Аморим или со друг менаџер мора се донесе везњак.
 
Мене Аморим најмногу ме купи кога кажа дека играчи како Санчо, Антони, Рашфорд не му требаат, исто и потезите со Онана и Хојлунд - знаеш дека не ти се играчи што конзистентно носат резулати и ги заменуваш со други. Можеби Хојлунд го заменивме за Хојлунд v2 ама сите видовме дека 2 години ништо не покажа во Јунајтед, колку и да е добар во Италија, така да и тоа го сметам да правилен потег. Слично мислење имам и за првите тројца - вредноста му е далеку пониска од тоа што ги плативме ама не мислам дека немаа никаква вредност, само едноставно не се играчи со кои што можеш да целиш високо, и на техничко ниво а и по однесување, ама беа заслужни за некој позитивни резултати на ЕТХ и имаа некоја позадина што е причина што толку му рипнала цената. Нејсе, мислам дека правилна одлука што ги избркаа и мислам дека повеќето тука се сложувате со тоа.

За Аморим, има напредок во играта од лани ама не е нешто енормно, ама ако го избркаат сметам дека не му беше дадена фер шанса да се покажи, оти со овие играчи не верувам дека можи нешто повеќе да се постигни. Човекот проба да го реши проблемот на повисоко ниво, во структурата, и за да се реши тоа мораше да се набркаат некој играчи, нешто што кај скоро сите претходни менаџери беше проблем, на пример тоа што Фелаини 10 години се влечеше во клубот а и тој не беше играч со кој што целиш високо, или love-hate врската на Мурињо и Погба. Сметам дека вакви играчи често му пресудуваа на претходните менаџери.

Памтам и на Пеп не му одеше најдобро додека не му прикупија играчи, исто дури и за Клоп имаше период кога некој навивачи сакаа да биде избркан. Процес е, си бара и време и поддршка од бордот, ако го избркаат пак се враќаме по старо, ама сигурен сум дека и Аморим проба да го следи тој процес и да направи нешто.
Автоматски споено мислење:

A, веќе го избркале додека пишував :) Секоја чест, Саутгејт нека го земат.
 
Едноставно е во фудбалот. Добрите менаџери го ваѓаат најдоброто од тоа што го имаат фудбалерите додека ваквите како Аморим измислуваат топла вода без потреба и пробуваат да продаат некоја бедна прича.
https://x.com/UtdDistrict/status/1957132139125674287?s=19

Брате, не си прај бајрам на умот. Пеп и Артета по милијарда имаат потрошено, за да не работат со тоа што имаат. Не е ова бранење на Аморим, ама не можеш Касемиро да го подмладиш, или Шешко преку ноќ да го научиш да финишира. ПСЖ, Реал, Баерн, Сити, Арсенал, не работат со тоа што имаат, туку купуваат играчи. Лани Сити 300 милиони потроши во Јануари.

За Аморим, гадно го заебаа од управата, иако и самиот не си помогна. Прво што го донесоа на почната сезона, второ што не му ги купија играчите што ги бараше, и го оставија без средина. Треба покрај него и некој од управата да лета.
 
На здравје! По мене, не е човекот толку крив за отказ, има поголеми виновници. Ајде сега да го почнеме циклусот пак. Пишете пропало на клубов уште најмалку 5 год нема да видиме некое опоравување и стабилност. И сега кој е на ред да дојде и да го наполниме со пари?
 
Стварно не разбирам, која е поентата да донесеш нов тренер, ако не му ги дадеш средствата за работа? Артета 2 пати завршуваше на 8 место, со ултра лош фудбал.

Зошто инсистираа да го донесат на почната сезона, и да му го купат само Доргу на зима? Еве, нова сезона, Јунајтед е на 6-то место, половина тим го нема. Што очекуваа? Човекот уште на почетокот им кажа дека тоа е формацијата која ке ја игра, и дека ке бара играчи за истата. Сега му кажуваат дека треба да смени формација.

Дали Аморим е отпуштен или не, не го менува фактот дека на нас очајно ни фалат играчи во средина.

Кловнови во управата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom