Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

факт е дека некој од "горе" веќе подолг период пушта информации по новинари... се надевам дека ќе го најдат кој е и ќе му летне главата... после нека го мењаат и Аморим ако сакаат.... ама да те поткопуваат тие шо треба да ти бидат главна "подршка" е срање....
 
Да, Зиркзе изигра лошо полувреме но и покрај тоа постигна гол. Сезонава генерално е лош но знае да изигра со топка и да искреира во напад и во ситуација кога ти е најкреативен играч во тимот (после Куња) едноставно мора да игра. Одиш на Еланд Роуд а не на Камп Ноу па да излезеш со 8 дефанзивно ориентирани играчи. Едноставно мораше да излезе со најофанзивниот состав што го има на располагање. Далот не запазив каде се движи но позицијата на Доргу остана непроменета.

Дали ќе се пласираме во ЛШ моментов не ми прави некое задоволство. И со претходните менаџери го правевме тој чекор напред за подоцна да се вратиме два-три назад. Реално за оваа година ние немаме никаков напредок како тим. Погоре сме на табелата ради тоа што не играме во Европа, со згуснат распоред ќе бевме 7-8поени пократки сега т.е. таму кај што бевме лани. Во напад сме нешто поопасни бидејќи имаме поквалитетни играчи(Куња,Мбуемо) а не дека тренерот нешто го направил тимот покомпактен или поускладен. Исто и на гол Ламенс е подобар од кловнот Онана. Тренерот треба да го дигне тимот ментално, да им даде самодоверба на играчите. Имаше Ериксен пред некој ден изјава дека со пресовите дека овој е најлош Јунајтед во историјата и слични изјави кој ги даваше уште толку им го убивал моралот, значи тотална спротивност.
Да, ама освен еве Зиркзе, кој секако е нивоа под тоа што ни треба, ние немаме друг играч во моментов. И мислам дека е нефер да се потенцира тоа 7-8 дефанзивно ориентирани играчи, кога 6-7 од нив се секако принудно ставени во тимот.

Ако игравме во Европа иначе, мислам дека ќе се купеа повеќе играчи бројчано, а сигурно и Хојлунд немаше да си оди. Тимов е така планиран, без ЛШ и реално ростерот ни се состои од 11ка која секако не е доволно добра и максимум 2ца кои може да влезат од клупа и да придонесат нешто во играта.

Секако дека новите играчи се поквалитетни од претходноте во нападот, ама нели е и тоа целта уствари. Сигурно не требаше да се подобрат резултатите со старите играчи. Генерално се мачиме уште, ама сме постабилни од лани. Последните неколку утакмици пред повредите игравме баш убав фудбал, со брзи и енергични напади, ама баш штета што се погодија повредите на Бруно, Маунт и Мејно во исто време со АФКОН-от.

Јас очекувам кога ќе се консолидира тимот, при крај на овој месец, да го видиме сите плодот на се што се случуваше изминатите година дена. Малку загрижувачки се последните изјави на Аморим, бидејќи изгледа дека тиквата ќе пукне поскоро од очекуваното. Ама еве ќе пишам тука и ставете ме во букмарк слободно, само да ги преживееме уште овие 2-3 недели, ќе видите значајни подобрувања на пролет и некаде март - април, очекувам тој бушавиот конечно да оди на бербер.
 
Јас очекувам кога ќе се консолидира тимот, при крај на овој месец, да го видиме сите плодот на се што се случуваше изминатите година дена. Малку загрижувачки се последните изјави на Аморим, бидејќи изгледа дека тиквата ќе пукне поскоро од очекуваното. Ама еве ќе пишам тука и ставете ме во букмарк слободно, само да ги преживееме уште овие 2-3 недели, ќе видите значајни подобрувања на пролет и некаде март - април, очекувам тој бушавиот конечно да оди на бербер.
Какво консолидирање, играчиве се во таква депресија би пресекле вени на сред терен. Што се однесува до изјавата на Аморим ич не ме загрижува, слободно нека лета, еднодимензионален, ограничен, под-просечен цреп кој наместо да се адаптира на средината во која дојде он ја адаптира средината на неговите потреби и до сега буквално со ни еден потег не ме импресионираше. Како беше она, Аморим излезе од селото во Португалија, ама селото од него не излезе, и се уште е во заблуда дека ова е Португалија а не Англија.
Сезонава е пропадната и ваков очобол ќе гледаме до крајот односно до моментот кога Аморим ќе излезе надвор од клубот.
 
Какво консолидирање, играчиве се во таква депресија би пресекле вени на сред терен. Што се однесува до изјавата на Аморим ич не ме загрижува, слободно нека лета, еднодимензионален, ограничен, под-просечен цреп кој наместо да се адаптира на средината во која дојде он ја адаптира средината на неговите потреби и до сега буквално со ни еден потег не ме импресионираше. Како беше она, Аморим излезе од селото во Португалија, ама селото од него не излезе, и се уште е во заблуда дека ова е Португалија а не Англија.
Сезонава е пропадната и ваков очобол ќе гледаме до крајот односно до моментот кога Аморим ќе излезе надвор од клубот.
Ајде да се кладиме јас и ти на што сакаш, дека втората полусезона ќе ни биде подобра од првата? Под услов, Аморим да е менаџер до крај на сезона, секако.
 
Оваа јавно повикување да си ја гледат работата скаутингот и спортскиот директор не ке да е на арно , со тоа ги понижува и нив и играчите што ги има, Со тоа сака да каже вие ги донесовте овие играчи што се неспособни а се, па од мене барате невозможни резултати . Изгледа нема да е долго менаџер.
 
Секој менаџер што го води Јунајтед глуп, секој бивши мастермајн, без разлика што не мрднаа откако си заминаа. Играчите добиваат фрипас од фановите, управата и наредниот менаџер и ново дно се пробива.
За воља на вистината ниеден од тренериве не направи ништо после Манчестер.
Автоматски споено мислење:

Оваа јавно повикување да си ја гледат работата скаутингот и спортскиот директор не ке да е на арно , со тоа ги понижува и нив и играчите што ги има, Со тоа сака да каже вие ги донесовте овие играчи што се неспособни а се, па од мене барате невозможни резултати . Изгледа нема да е долго менаџер.
Не ни треба да биде менаџер овој бостанџија.
 
Има најави некој од повредениве да се врати за брзо?
 
Има најави некој од повредениве да се врати за брзо?
А па ако се вратат ќе сменат нешто, не зезај ... незнам дали ги следиш ама оваков очобол, очај, безидејност и патетика до сега немало под ни еден друг менаџер во пост-саф ерата. Денеска се почувстував како да гледам натпревар од некоја 4-та лига, збунети играчи, збунет тренер, е до толку немаше квалитет натпреварот. Шешко делуваше како некој да го сопрел на улица и го замолил да изигра 90 минути фудбал.
 
Како Аморим да ги натера т.е научи да играат фудбал..како?
Да ги мотивира играчите да си ја заслужат платата...дај не зезајте.
Не си правете филмови, не може да мотивираш некој да биде нешто што не е, што нема капацитет за повеќе.
И јас му ебавам мајче некогаш од нервоза ама според мене единствена грешка му се измените што ги прави некогаш...разбирам дека дежурен кривец ви е Аморим за се ама бидете реални малку.

Шешко со топка не се спои, се што допре се усра, гол не може да погоди од 1 метро.
За Дало и Доргу мислам нема потреба од зборови.
Угарте ми е жива катастрофа.
Академијата е едно големо дно, се надевам за последен пат ги гледав Флечер и оној другиот кој беше..

Треба да ни биде јасно дека со овие играчи и ова е многу.
И кога ќе биде комплет тимот пак не е доволно, значи нема доволно квалитетни играчи за нешто повеќе, верувам дека ќе има подобра игра и малку подобри резултати ама реално ни фалат уште многу играчи.
Колку и да не го сакаме Бруно еве видовме што се случува без него, нема кој да превземи иницијатива, сите се плашат да повлечат напред...

По изјавите на Аморим очигледно е дека пак има нешто со мртвата управа што според мене се главен виновник за сите овие срања што се случуваат и ќе биде огромна грешка да се избрка тренерот.
Сеуште стојам на тоа дека треба да му се дади целосна контрола и да се донесат играчи да склопи тим по негова желба, а ако и тогаш се усере тогаш нека лета ама до тогаш тој има најмала кривица.
 
Што очекувавте од 3ца штопери, 3ца бека и 2ца деструктивци во стартни 11? Кога влезе Зиркзе и промени формација добивме на проток на топка во нападот и малку заличивме на тим.

Како што? Па да играме како прајм Барса, со половина протимци аут, иако Лидс во последните 7 утакмици има играно 2 пати против Ливерпул, Палас, Челси, Брентфорд, Сандрленд и немаат изгубено ниту една. Да креираме шанса по шанса со двајца копачи на терен, како Угарте и Касемиро, и со десно крило во формата на Доргу.

Утакмицава денес, малтене она што го очекував, очобол да се искреира нешто. Не очекував дека ке им подариме гол, особено не Ејден.

За Аморим, не ми е јасно што се случува. Ликот вика дека не е дојден да биде head coach, туку менаџер. Официјалното соопштение кога го потпишаа вика Head Coach. Делува дека од горе го запнуваат да игра со 4-ца позади, за да го покријат фактот дека немаат или не можат да ги потпишат играчите што сакаат сега во Јануари, а оваа 3-4-3 не функционира со овие играчи.

Жално е што не сме далеку од топ 4 место, но мора да се инвестира во средина сега во Јануари, без оглед на тоа кој ке биде тренер после летото. ако сакаат да се вклучат во таа трка зошто еве што се случува со една повреда на Бруно.
 
Арно кажа коментаторот на спорт клуб, Лидс нас не рачуна за конкурент и ривал ама ние сме ги рачунале Сити, Пул, Челзи и Арсенал за конкуренти и ривали ... да можда пред 13 години, за жал нас сега ривал и конкурент за позиција ни е Лидс. Незнам дали гледавте Сити - Челзи, иако Челзи навидум се во исти срања како нас и без менаџер, па мислам дека едно 10 години се пред нас во поглед на тим, игра, креативност, стратегија и се можно на фудбалски план.
 
Од една страна Аморим ич не ми дава надеж дека ќе успее, од друга страна управата ќе се извлече ако му дадат отказ и за се го окриват него, во реалноста и он и управа, и газди па и играчи треба да палат патиките, овој Лидс неможе да го победи, овие играчи не му донасат кој ти знае какви лаги му имат кажано да купат време, овој кутриот се инаети со 8одбрамбени игра нешто измислува топла вода, Бруно фејка повреди да прави притисоци да носат играчи, овие не и не. Една дисфункционална средина во која навивачите се колатерална штета. Овој као демек му донесат играчи ќе не вивне во висините, овие држ недај на лето ќе купувале. Чудо е како уште е еден од најголемите клубови по заработка и навивачи ова ама ич не е на арно. Без разлика дали ќе го бркаат или ќе го остават до Мај.
 
Абе ве читам дел од вас, и си мислам само промена на менаџер и носење Саутгејт му е чарето за вас, после збор да не прочитам тука.
Ќе стави еден играч повеќе у средина и завршена работа победите сами ќе дојдат. :pos:

ПС по коментарите денес на прес конференцијата после натпреварот, очигледно е дека Аморим не се мириса со управата, некој ќе лета ќе видите кој.
 
Последно уредено:
Абе ве читам дел од вас, и си мислам само промена на менаџер и носење Саутгејт му е чарето за вас, после збор да не прочитам тука.

Па мислам дека тоа е и идејата на Вилкокс, за жал.

Кога го назначуваа ми одеше една мисла потајно. Ако бил добар ќе го задржеле во Сити, немало да го пуштат да замини...не за факинг Саутемптон. А во негово време на Саутемптон им се случи распад систем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom