Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Вака како ја постави играта и како брзо реагираше со замени во второ полувреме заслужи барем уште некоја утакмица да води.

Лоша игра генерално но и Сити не беше ништо посебно да се каже дека заслужи да победи.

Џејмс секоја позиција секоја ситуација ја игра максимално продуктивно, машина.
 
Еуех бе Мареска теле шарено. Ќе изиграваше инвентори со бековите ебати глупакот.

Можеа да не откажат секако Халанд статива. Ама пак Естевао и Палмер. Ај првиов неискусен. Вториов е дупе откако се врати. Очигледно му влијаеше психички целва ситуација.

Има потенцијал тимов и само глупаци може топла вода да измислуваат.
 
Вака како ја постави играта и како брзо реагираше со замени во второ полувреме заслужи барем уште некоја утакмица да води.

Лоша игра генерално но и Сити не беше ништо посебно да се каже дека заслужи да победи.

Џејмс секоја позиција секоја ситуација ја игра максимално продуктивно, машина.

Ова е многу битно,Челси што го знаеме од Абрамович секогаш имаше играчи што беа главни како на терен така и во соблекувална.
Со него треба да се гради тимот како треба да изгледа понатаму.
Проблемот е што благо можочно удредените Амери сеуште мислат дека си играат некој симулатор на игра и резултатите и парите ќе дојдат сами по себе.
Доколку Росениор им е следното решение гледам само уште едни изгубени 12-18 месеци.
 
Очигледно тренерската позиција е решена, ќе биде тој со наочарчињата, наставникот по информатика.

Не очекувам многу реализирани трансфери овој зимски период, сакам само да се ослободат од неколку фудбалери (Дисаси, Тосин и Стерлинг) и евентуално да донесат еден одбранбен играч. Очигледно голманската позиција ќе ја остават за на лето, Мењан, читам не сакал да го продолжи договорот со Милан.

Пак останува прашањето за напаѓачот, може да се бара 10ка, Роџерс, а Жоао да игра шпиц, што ќе остави простор Палмер да игра крилно. Недостасуваат голови, недостасува креативност, а Роџерс може многу да донесе за тимот.
 
Имам другар еден работи нешто со невладини во Британија, бил прееска на прес на Стармер, чул муабет некој пред прес-конференцијата, наводно Англија ќе ги исфорсира Клирлејк, Тод и компанија најдоцна до крај на февруари да го продадат Челзи и парите од продажбата да ги донираат во Венецуела. Изгледа после ќе се објави, следна недела утакмиците ќе започнат со пауза од една минута крената тупаница како поддршка за Венцуела и капитенските траки ќе бидат со боите од нивното знаме.

Интересно ако е вистина, ептен во гомна ќе западнеме, ама од друга страна сфаќам, правдата, мирот и борбата за подобро човештво се побитни работи од фудбалот.
 
Што е штосот што тргнале по Тонали, планираат да играат 4-3-3? И Енцо и Каиседо се стандарди првотимци, овој би играл помеѓу нив. Кој и да е креаторот на трансфер политиката, има мозочен удар. Средината е единствениот сегмент каде во овој момент не е потребен играч, имаат ростер, Есуго, Сантос и Лавиа. И Буонаноте, како позајмен. Едно време и бековите играа во средниот ред, мислам под Конте кога имаше тројца позади. Така, Џејмс се користи како џокер и одлично игра на оваа позиција.
 
Информацијава сигурно е од некоја ептен рандом фејсбук страна што нема допир со реалноста.
 
Ова е многу битно,Челси што го знаеме од Абрамович секогаш имаше играчи што беа главни како на терен така и во соблекувална.
Со него треба да се гради тимот како треба да изгледа понатаму.
Проблемот е што благо можочно удредените Амери сеуште мислат дека си играат некој симулатор на игра и резултатите и парите ќе дојдат сами по себе.
Доколку Росениор им е следното решение гледам само уште едни изгубени 12-18 месеци.

Челзи го има веќе костурот на тимот во Џејмс, Каиседо, Енцо, Палмер па тука би го ставил Кукуреља и Нето.

Ќе го споредам оваа структура со онаа 2005 на Мурињо.
Тој период Чех, Тери, Лампард, Дрогба, Ашли, Џо, Карваљо и немаа којзнае колкаво искуство поголемо од овие.
Најискусен беше Макелеле кој знаеше како се играат големи натпревари и самото негово присуство значеше за Челзи.

Неговото искуство и менталитетот во тој момент на Мурињо ја направија разликата.

Челзи во моментов го нема тоа, нема искусен играч од таков тип на терен а има-ше менаџер што дава лузерски изјави и измислува топла вода.

Но најбитно од се е идејата на газдите како сакаат да го водат Челзи.

Три менаџери јасно им дават за знаење дека на Челзи му требаат искусни играчи, целата фан база пишува за тоа.
 
Со среќа нека му е. Воедно сочувство за фановите на Стразбур, се надевам во скоро време ќе се ослободат они од овие сопственици, можам да замислам колку грозно чувство е вака да им се користи тимот.

За нас... тоа е, очекувано беше дека ќе биде он, groomed е за системот, можеби и ќе вроди со плод, не гледам причина да се биде песимист за ситуацијава. Се надевам ќе внесе позитивна енергија во екипата и ќе ги исполни целите и нема да треба да го пцуеме. А што да не освои и ЛШ на почеток? :D
 
Само да не испадне уште едно хајпнато енглеско вана бе менаџерче. Со Стразбур со доста солиден состав во последните 10 натпревари има само 2 победи.
Да не испадне тип кој ќе се лиже кај јенкиве а клубот да си тера како боранија.
 
Добра е пред се формацијата и Палмер десно крило според мене најпродуктивен е тогаш како десно крило.

Баш ми е жал за братот што барем не му се даде шанса 3-4 натпревари во низа да видиме како ќе гура.

Но избор за состав и замени со Сити му беа топ, вечерва исто - не измислува топла вода како Мареска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom