Прегледај го приврзокот 465764
... и не само за смртта на Есма, туку и на други починати јавни личности, туку и посакување смрт на други јавни личности, токму тоа го пишувам, не може така, треба да има одговорност и кривично да се одговара, нажалост одговараат многу недолжни луѓе за време на СДСМ, ете да се потсетиме:
Прегледај го приврзокот 465765
Прегледај го приврзокот 465766
... и нормално никаква последица од такво пишување јавно:
Прегледај го приврзокот 465767
... затоа под хитно мора целосно тоа дувло од судство да се реорганизира, а богами и да одговараат сите тие судии и обвинители, кои не пресудиле според зааконите на државата, туку спооред субјективно или нарачано мислење!
... на јавна личност да се посака смрт или ако почине да се каже ,,едно вмровско гомно помалку“ колку треба да сече тоа некому во главата да разликува хумор и сатира посебно моментот кога човек починал и се погребува?
Значи сепак не е казниво со закон ?
Како и да е, еве малку отрезнувачки пораки кои тешко дека ќе бидат сериозно сфатени од тие за кои се наменети.
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/aj-pa-i-na-vasha-glava
3 јануари 2026 - 22:16
Ај па и на ваша глава
" Ја поздравувам @POTUS објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
Исто така, го пофалувам @SecRubio за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.
Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија.
Тимчо Муцунски
македонски министер за надворешни работи
"
https://off.net.mk/lokalno/razno/poltronstvoto-kako-drzhavna-politika
Полтронството како државна политика
4 јануари 2026 - 12:32
Според македонскиот речник, полтронството е однесување при кое некој е понизен, сервилен и послушен кон посилните, а груб, навредлив и агресивен кон послабите или кон оние што немаат моќ да возвратат. Да погледнеме како изгледа тоа во македонската пракса на владеење.
Македонското Министерство за надворешни работи, со сериозност својствена за објава на земјотреси и други природни катастрофи, изрази поддршка за американската интервенција во Венецуела (види: „
Ај па и на ваша глава“ - н.з.). Без дилеми, нијанси, оградувања, без никаква сопствена анализа - како и вообичаено за сé што прават. Навикнале да зборуваат со туѓи зборови кога се работи за поддршка на големата сила. Но, тоа не е никаква дипломатија, туку најмизерно полтронство пред посилниот.
Ова не им е првпат, туку веќе воспоставен образец на однесување. Во Обединетите нации, Македонија во повеќе наврати се најде во обратна позиција од светското мнозинство од 160 и кусур земји, но во линија со Вашингтон:
- дадоа глас против укинување на американските санкции кон Куба, заедно со мал број земји;
- гласаа воздржано или отворено против резолуциите што ја критикуваат политиката на Израел;
- гласаа воздржано или со малцински глас против резолуции за Палестина, за повлекување на Израел од окупираните територии, за решение со две држави, па дури и за правото на самоопределување на палестинскиот народ.
Воздржаноста е само друга форма за наведната глава.
Често се прави грешка и полтроните се мешаат со подлизурковците. Но разликата е суштинска. Подлизуркото ласка, клима со главата и се надева на трошки од господарот. Тој е само смешен, но сепак безопасен.
Полтронот, пак, оди чекор понатаму. Тој не само што е понизен пред претпоставените, туку е насилен кон потчинетите. За да се докаже пред моќниот, мора некого да понижи, како некаква компензација. Подлизуркото сака само ситна привилегија, но полтронот сака да биде брутален и да владее. Ги сретнуваме во речиси секоја работна организација и институција кај нас.
Од гласањето во ООН, кругот се затвора на домашен терен. Кога, по трагедијата во диското во Кочани, опозицијата постави прашања за одговорност, безбедност и пропусти, одговорот не беше ниту оставка, ниту истрага, ниту сочувство. Одговорот беа етикетите „глодари“, „некрофили“.
Образецот е како по учебник. Кон Венецуела покажуваат отсуство на сочувство и поддршка. Кон САД држат наведната глава. Кон Куба и Палестина гласаат спротивно од светот. Кон Кочани демонстрираат отсуство на сочувство. Кон домашната критика искажуваат навреди.
Полтронството е стратегија за владеење во земја што нема капацитет да спречи трагедија во едно диско, но има став за Венецуела, Куба и Палестина. Трпиме понижувања од посилните, за да покажеме некаква лажна важност и сила над немоќните. Всушност, само нé срамотат пред светот. Некој треба да им каже дека и надредените презираат полтрони и дека ги ликвидираат кога повеќе не им требаат.
Има уште една важна разлика меѓу подлизуркото и полтронот. Подлизуркото се срами од себе и се крие, а полтронот без срам ја претставува државата.
Основниот модел е секогаш ист: тиран кон потчинетите, слуга кон надредените. Токму согласно дефиницијата од речникот на странски зборови и изрази.
Дејан Трајковски