123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

Зијан - Низводно 4/5
Пушти коси - Оваа песна е антологиска, безвременска, чисто совршенство, наше културно наследсто, една од најдобрите македонски песни на сите времиња. Имав баш едно видео на Јутуб аматерско Top 50 Macedonian Songs of The 20th Century што од сегашна гледна точка ми е промашено бидејќи многу жанрови се измешани и би требало да е направено по жанр, но таму сум и дал 15то место на песнава, мислам дека сега комотно можам во топ8 да ја вметнам. Да се вратиме на песната и зошто е чиста 10ка, имаш интро што е можеби најлегендарно во македонска музичка историја, сета мака и страдања на македонскиот народ во таа мелодија. Замижуваш и доаѓаат слики од житни полиња, планини, бистри реки, низини, кањони, ја гледаш сета убавина што Господ ја дал на ова малечко парче земја, ги гледаш луѓето секогаш скромни, сиромашни, но со многу надеж и љубов во очите. За текстот што да се каже, “песна нова, мака стара“, овој стих не опишува како нација, како народ, како држава, како земја. Тука ми се вторите омилени стихови од Зијан, првите ми се во песната “Еј остани“, односно делот “Од ова парче земја Боже не давај“. За истите стихови и има пишано коментар авторот на Јутуб видеото од песната, каде што даде објаснување што мислел. И да завршам пак со Пушти коси, најголема десетка што може да се даде, скромноста на македонската традиционална жена со фатена коса дур оди на река да пере алишта, да мие садови, орото како форма на културно наследство што преживеало од колено на колено и во најтешките времиња, се е ова спомнато, зарем може некој да не ја обожава песнава?
Стамена - Невообичаена преработка на “Што имала к'смет Стамена“, што мене лично не ми се допаѓа многу. Повеќе ми е Студени Нозе стил на песна, налик на “Цвета“ нивната песна. Kрајот на песната од музички аспект ми е многу симпатичен, бубањ, гитари, плус народни етно инструменти.
Кате Сваќе - Уште една песна налик Студени Нозе. И да не се разбереме погрешно албумот на Зијан е пред единствениот албум на Студени Нозе (1994), така да единствено Зијан може да биле инспирација на Студени Нозе, а не обратно. Но дека јас прво ги имам слушано Студени Нозе и тој албум, затоа така си ги поврзувам работите. Лабава песничка за зезанција, тотално несериозна, генерално не сакам вакви песни и не ми се совпаѓаат никако со воведната песна од албумов.
Елизабет - Интересна песничка, не е лоша, певлива е, но не е некоја песна што ме импресионирала нешто посебно. Не знам што им текнало Елизабет да ја именуваат, кога кај нас тие години убедливо повеќе популарно било името Елизабета (едно од најпопуларните имиња за женски деца родени почеток на 70ти). Има и од Дадо Топиќ убава песничка со истиот наслов ако некој го интересира.
Денови - Многу мила и драга песна. Како да не ти се стопли душата кога ќе слушнеш “Ајде сестро Македонко слатка“. Штета што се нема зачувано некаде песнава во подобра верзија. Спомнато вино како нешто автентично за нашата земја и подневје, Денови како наслов многу веројатно инспирани од Денови на Кочо Рацин.
Рушиме се - Уште една песна од категоријата “најдоброто од Зијан“, мелодијата многу слична на Пушти коси. Текстот тука е многу добар, “небото плаче“, “слушам како песна се раѓа“. Песнава има и видео запис ако ве интересира.
Град - Интересно доста, доста експериментални звуци и интересен стил на пеење и целата изведба. Дури дел на ЕКВ гледам во песнава. Не ми е една од нивните омилени, но дефинитивно ми е многу интересна.
Низводно - Какво убаво инструментално уживање за крај, да ти е мерак да слушаш. Супер одбрана песна за крај на еден албум кој имаше потенцијал да е еден од најдобрите албуми во македонска историја, за жал преплавен е со некои просеци кои одат како составен дел од овој легендарен албум. Како и да е , и во ваква форма албумов е супер. Патем и оваа песна има видео запис достапен на Јутуб.

Оцената е 4/5 поради “Пушти коси“, без таа песна дури и на 3/5 може да падне. Но, доколку “Кате Сваќе“ ја заменам со 'Еј остани' мислам дека и 4.5 може да достигне албумов. Штета уште еднаш што не е зачуван во подобар квалитет, а ќе речеш 90ти години треба да е напредната технологија и да се во подобар звук, но не и кај нас. Во Америка 60тите се паднале кај нас во 90ти од аспект на технологија во музиката.
 
Последно уредено:
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)
Нереално како може со толку лош квалитет да се сними албум...штета стварно. Другари имав ко копиљаци у гаража на заебанција имаа 10 пати подобра снимка.
Пушти коси е една од најдобрите песни некогаш на македонски напишани 10/5 и тоа е слаба оцена уствари 100/5.
Стамена ок преработка не е импресивна али се слуша. Кате сфаќе ме фати срам што ја ислушав и да е на заебанција правена едноставно прелоша песна и текст. Другите не ми оставија некој впечаток 2/5 освен Руши Ме таа се двои добро иде се вози и текстот и музиката, али не можеш да уживаш на ваков квалитет пак ќе кажам.
2.5/5
 
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)

Албумот и претходно го слушав кога беше изборот за најдобри рок албуми а и сношти пак го преслушав.
И што да се пише освен дека се работи за убаво албумче : Денови , Рушиме Сe - ептен убави мелодични песни, единствено отскокнува Град која како да не припаѓа на овој албум.
За песната Пушти коси (мора да се спомене) - што да се каже - ремек дело на целокупната македонската музичка ризница.
Ако некогаш @Zlatikevichius има желба, може да направи тема за најдобрите 10 или 20 македонски песни.
За продукцијата нема што да коментирам како и за вториот албум што го коментиравме од Никола Бадев. (Која разлика од една иста песна на 2-та албума т.е. песната - вино пијам ем ракија.)
Во живо не сум ги слушал а би сакал во август имале концерт.

4/5
 
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)

Потполно се согласувам со сите вас за албумов. Особено за Пушти коси која е и според мене во топ 10 македонски песни ever. Освен таа, од албумов ја знаев само Елизабет и Стамена - на времето и двете беа доста вртени по радиостаници па и по телевизија. Сите останати песни мислам дека прв пат ги слушам и еве, 3 дена по преслушување на албумов мислам дека ни една не ми остана во уво.

Најголемо изненадување за мене беше што „открив“ дека Кирил Зарлинов (a.k.a. Ерик Фокс од Antenna5) бил член, т.е. клавијатурист во Зијан и на албумов, нормално. Поим немав дека човекот се занимавал со музика, освен, секако, ди-џејството и имаше направено доста ремикси на времето, веројатно и уште прави. Секако и по соработката со Симона Поповска. Не знаев дека бил член на рок бенд, а уште помалку на памет би ми паднало дека баш во Зијан.

4/5 и од мене за албумов, со истиот disclaimer: оценката е mostly за Пушти коси. Да не беше таа песна, не знам ни 3 дали би добил.
 
Требаше вчера новиот албум, но не успеав да најдам време, sorry. 26.12.2025, албум 30:

1766741731345.png

030. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS)

1766742020963.png

Албумот „Африка“ излезе во 2012 година и е четврт студиски албум на Суперхикс.

По албумите „Чекај бе викам, каде бе малку“ (2001), „Трумано“ (2003) и „И сега што?“ (2008), „Африка“ е со малку поостар звук, во некои песни жанровски се оддалечува од ска-панк звукот по кој Суперхикс се препознатливи и не води во некои други правци. Суперхикс тука е позрел и поцврст бенд, текстовите се повеќе со социјална тематика, а бендовиот сарказам е уште поизразен отколку претходно.

На албумот се сместени 12 песни:

Intro
300 Прашања
Безгрешен
Гнида
Африка
Скок
Ти треба некој
Главен град
Големото НЕ
Пауза
Во длабоко
На лута рана

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:

1766742416500.png 1766742451610.png 1766742554887.png 1766742592837.png 1766742696915.png
 
029. Зијан – Низводно (1991)

Останав крајно разочаран. Никогаш ги немам слушано Зијан, освен Пушти коси. Прекрасна песна. Другиве се чист кец. Ужасно. И како квалитет и како текст. Последната, инструменталната беше океј.

2.5/5
 
030. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS)

Иако не сум бил во Африка, имам чувство како да бев. :P Втор албум на Суперхикс кој го слушаме во предизвиков и не можам баш да одлучам кој е подобар кој е полош. Овој е подобро продуциран, тоа е факт. Ми се допадна што има малце и поп, и рок, и метал... Ама песните се 90% meh! Повеќето прв пат сега ги слушам, секако освен Африка, Скок, На лута рана... Африка има неверојатно добар текст, полн со еден сарказам кон општеството во кое живееме. Но за мене број еден тука е највеселата, најпозитивната, оптими-ска во Африка албумот: Скок! Прејака песна, нема шанси некој да не стане да игра на тој заразен ритам.

Па сеа, кој не игра нека стане и нека си оди!

2,5/5, не можам повеќе.
 
Ајде нов пресек по 30 албуми:

Се уште сме петмина со минимум 1/4 преслушани албуми. По број на албуми, вака изгледа листата:

1. @placeb - 29
1. @ComfortablyNumb - 29
1. @Zlatikevichius - 29
4. @george_jov - 17
5. @FilipMKD007 - 9

Кој е најдарежлив?

1. @FilipMKD007 - 4.11
2. @placeb - 3.79
3. @Zlatikevichius - 3.75
4. @ComfortablyNumb - 3.25
5. @george_jov - 2.97

ТОП 5 АЛБУМИ:

1. Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ) - 4,87
2. Леб и сол - Као какао (1987, Југотон-Загреб) - 4,75
3. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos) - 4,33
4. Вања Лазарова - Ритмистика (2000, Трето уво) - 4,12
5. Баклава - Баклава (2006, SJF Records) - 4,00
5. Љубојна - Brass Fantasy (2012, Бајро Закон Корпорејшн) - 4,00
5. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје)) - 4,00
5. Тоше Проески - Ден за нас (2004, Final Cut Production / МРТ) - 4,00
5. Наум Петрески - Жал за Деспина (1993, МРТ) - 4,00
5. Ареа - Врати на имагинација (2000, Авалон Продукција) - 4,00

НАЈСЛАБИ 5 АЛБУМИ:

26. Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс) - 2,62
27. Кирил Џајковски - Religion & Sex (2001, Трето уво) - 2,5
27. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS) - 2,5
29. Паркети - Грижа на совеста (1996, самостојно издание) - 2,37
30. Дуке Бојаџиев - To the Hilt (Original Motion Picture Soundtrack) (2014, GAEA Music) - 2,12

@Darklady , @PticaSelica , @Staufer , @AceKurche , @Толе Паша , @Гостин се надевам ќе се обидат да ни се придружат.
 
29.12.2025, одиме со нова десетка: 31 албум!

1767034736942.png

031. Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996, P.N.G.T Snimki / 2000, Lithium Records)

1767034768024.png


Чиста околина е македонска рок-рап група од Скопје формирана во 1989 година. Еден од неколкуте пионерски обиди за создавање автентичен рап-состав во Македонија датираат од 1989 година, со основањето на колективот Чиста Околина. Столбовите на колективот се двата паралелни обиди за домашно рапување, со снимање на обични касетофони.

Првиот е Кељав Дабар, кој го сочинуваат Веле Солунчев-Скелеку Скас, Аце Змејковски-Денвер, Александар Таковски-Спикер Тако и Александар Стаматов-Стамче Фолк, а вториот е Зен односно Serious Bass односно – последното име на проектот во обид – Палавштините на Гроздан Темелковски, на Рифат ЕминУлав и на Ристо Солунчев-Ицко.

Во 1991 година кон колективот се придружуваат уште два состава: Лош Фкус со Владимир Трајчевски-Скарфејс, Миро Попов-Миро, Самоил Петревски-Самоил Царот и со Брцко, како и (Б)Анален Отпор со Виктор Георгиев-Виџи, Љубиша Петровски-Деликвент и Христијан Санев-Кик. Тогаш официјално и започнало да се користи името Чиста Околина, кое е идеја и осмислен концепт на Рифат Емин, со тенденциозна повеќезначност: екологија, но и околина исчистена од лоша култура, кич и “кремандурство“, како и чист, бришан простор на слободата.

Со оглед дека Деликвент претходно веќе работи како диџеј, на неговата опрема, во 1991 и 1992 година, колективот започнува со снимање на првите посериозни демо снимки, кои во поголем дел се работени со ритам машина но дел од позадините на траките се создавани и на тогашните саундбластери. Во еден од тие пионерски обиди за презентирање на своите траки ќе се појават и на радио емисија во МРТВ, но емитирањето на нивната трака е веднаш прекинато и истата е извадена од програмата, поради искажаните вулгарности во текстот. По првите појавувања на бина, на фестивалот „Rap’n’Roll“ одржан во 1992 година во МКЦ, се случуваат и неколкуте клупски свирки, што, сепак, нема многу да влијаат на тоа колективот да излезе од длабоката анонимност.

Бројниот максимум на членството го постигнуваат кон крајот на 1992 година, кога на Чиста Околина `и се придружуваат Гордан Стојковски-Џоге, Митко Гаштаровски-Пики Сипи, Ванчо Дамјански-Ване Најдолгиот и Јане Јосифовски-Јане Баш Буц. Првата демо верзија на албумот Новиот Аспект На Старата Школа е направена летото 1993 година. Тогаш се создадени песните Римувани способности, Во потрага по корените, Јас сум шеф, Веле велемајстор и други, верзии што подоцна нема да се најдат на албумот. Сепак, поради игнорантскиот однос на тогашните медиуми кон рапот и хип-хоп културата воопшто, Чиста Околина ќе твори на маргините на анонимноста сè до 1994 година.

Пресврт во кариерата на колективот ќе биде поканата што ќе ја добие од Енис Хаџиќ Енко (Last Expedition) за правење заедничка песна по примерот на интернационалната и мегауспешна компилација „Judgement Night“. Идејата тешко ќе биде протуркана и меѓу другите членови на Last Expedition, но по првата проба, на сите им станува јасно дека таа е извонредна. Песната Кељав дабар, која според музичката емисија „Досие“ е прогласена за најдобра македонска песна во 1994 година, е поместена на вториот албум на Last Expedition, Изгубени Ликови. Мегауспехот на оваа нумера му овозможува на колективот настапи на неколку фестивали во 1995 година: на 2 септември на „Strip & Sound“ во „Music Garden”, на 15 септември на „Трот Фест“ во Куршумли ан, како и на „Godea Loud“. Остатокот од таа 1995-та, групата или поточно нејзиниот креативен скелет – Ицко, Веле, Рифат, Виџи и Самоил (потпишани како продуценти на албумот) – го поминуваат во креативен процес во домашното импровизирано студио во станот на бабата на Ицко и на Веле, кое ќе го наречат „Палавштините на Гроздан Темелковски“, испитувајќи ги можностите на ритам-машината изнајмена од Гоце Трпков. Таму ќе бидат снимени планираните 27 траки за албумот, па така, од своето основање до издавањето на албумот, Чиста Околина ќе вкнижи на свое конто повеќе од 70 демо-снимки, од кои само 21 ќе издвои за својот деби-албум.

Миксањето на одбраниот материјал го прават Веле и Владимир Каевски. Како гости што ќе `и помогнат на групата во реализација на замисленото се запишани и Влатко Јаневски (Last Expedition), кој ја свири бас-линијата во Ептен добри во студио, и вокалната група „Иљахии“, која работи во склоп на друштвото Јени Јол, во темите Пуздер и Разрешување. Идејата за логото на колективот е на Виџи, а реализацијата на Кики. Во поглед на стиховите албумот изобилува со мноштво на лирски метафори и слики ослободени од диктатот на разумот, во склад со дадаистичко-надреалистикиот артизам што бендот го има како своја парадигма. Во почетокот на 1996 година, групата соработува со Игор Иванов во проектот „ТВ Бордожбањ“, толкувајќи ја главната ролја во филмот „Ќебето на Ацо Шопов“, каде што нејзините членови се играат самите себеси.

Конечно, на 14.5.1996, со промоција во музичката продавница „Масива“, официјално е објавен деби-албумот Новиот Аспект На Старата Школа. Албумот, објавен на касета, е меѓу првите рап-изданија во Македонија, создадено во олд скул стил, тенденциозно снимен без семплер и произведен само на ритам-машина и на грамафон. Гледано од денешна перспектива, Новиот Аспект На Старата Школа е едно од најзначајните албумски остварувања во македонската музичка дискографија. Само неколку дена по објавата, Чиста Околина се појавуваат на групниот концертот одржан на 23 мај во МКЦ, во организација на музичкото радио „Канал 103“, а по повод петгодишнината од неговото постоење. Концертната промоција на материјалот ќе ја подготвуваат невообичаено долго, цела година, па официјалниот промотивен концерт ќе го има на 17 мај 1997 година, во магацинот на Нова железничка станица. На концертот ги промовираат, веќе снимениот нов сингл Пуздер (семплер ремикс), новата (четврта) верзија на Јас сум шеф, како и песната Си играме со рапот, планирана за новиот материјал. Како гости на концертот ќе се појават Дејан Спасовиќ на диџириду, Маја Мухиќ како вокал на Јас сум шеф, и тапанарот на Last Expedition – Димитар Петров. Ова ќе биде првиот, но и последен концерт на бендот што на една сцена ќе ја собере целата 15-члена формација на Чиста Околина. По концертот, свесни за гломазниот апарат во кој функционира, групата се трансформира во скратен состав, 5 + 1. Но, и во оваа варијанта нема долго да работи, не подолго од шест месеци, главно во домашното студио на бендот.

И покрај тоа што ќе престане со МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 423 Ч активности, популарноста на бендот ќе продолжи да расте и во следните години, па во 2000-та, агилната дискографска куќа „Литиум Рекордс“ ќе го реиздаде комплетниот деби-албум на групата како цеде, но и во оригиналниот формат – на касета. И на двата формата материјалот е збогатен со една бонус тема, Пуздер 2 (Sampler Re-Mix). Занимливост е и новиот омот на изданијата, кој целосно се разликува од оригиналниот, а го изработува концептуалниот уметник Дејан Спасовиќ. Фотографија употребена како насловна е дело на Гого Клинчаров. Обидот за реанимирање на составот со реизданијата ќе кулминира со настапот на главната вечер на третото издание на фестивалот Таксират (Таксират 1 + 2), одржана на 24 ноември на Скопскиот Саем. Но реанимацијата не успева, па секој од членовите на колективот тргнува по свои патишта.

Оттогаш, групата се има појавено на сцена само двапати, како специјален гостин во изведбата на Кељав дабар на концертите на Last Expedition одржани во рамките на „Screaaam Music Festival“ на 18.2.2012, и на „Пиволенд“ на 29.8.2012 година. По долг период на неактивност, безмалку 11 години, Чиста Околина се враќаат на сцената со концерт на главната вечер на 14-то издание на фестивалот „Таксират“, на 8.12.2012 во „Метрополис арената“. За овој рејунион, последната 5 + 1 формација е сведена на квартетот Ристо Солунчев, Виктор Георгиев, Самоил Петрески и Јане Јосифовски, зајакнат со Сеад Хаџиќ-Сецко (Mooger Fooger) на гитара, Ѓоко Максимовски-Џоле (Влатко Стефановски Трио) на бас-гитара и со Гоце Стевковски (Project Zlust) на тапани. Покрај општопознатите хитови, групата премиерно изведува и три нови неснимени песни. Две од нив, Мора да е авангарда и Што со рапот, малку подоцна ќе бидат снимени во студиото „MarryPhat“ на Ивица Јанкуловски, со намера да бидат објавени на носач на звук што ќе послужи како најава за следен албум. Во 2014 година, Чиста Околина објавува уште еден сингл, Изморена авангарда, но албумот сè уште не е на повидок. Во декември 2015 година во МКЦ, се појавува на фестивалот наречен „Што се тресе во МКЦ?“, каде што на сцена се искачува со младата група Funk Shui.

Четири години по првиот обид за враќање на старите патеки, „Password Production“ му дава уште една можност организирајќи ја прославата по повод 20 години од објавувањето на деби-албумот на групата и 25 години од нејзиното постоење. По тој повод, бендот излегува во јавноста со нова песна, Си играме со рапот, која ја пушта во етер на 29 јуни 2016 со видеоспот изработен од Иван Солунчев. Следуваат и две значајни појавувања на сцена, засега последни во кариерата на бендот, на „Д Фестивал“ одржан во периодот 15 – 17 јули 2016 во Дојран, и како дел од македонската елита на бендови што настапуваат на 18-то издание на фестивалот Таксират на 10.12.2016 во „Метрополис арената“. Во моментот бендот работи на четири нови траки со кои ќе го финализира планираното EP издание, но и на нов експериментален материјал што излегува од рамките на класичниот хип-хоп.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 

Ова ќе е прв албум да не ги коментирам песните една по една во целост (само делумно), се надевам дека ќе биде и последен, едноставно истиот ќе треба да ми е коментарот за скоро сите песни, па ќе сумирам вака со еден генерален коментар.

Прво не може да не прокоментираме колку лошо звучи се ова. Премногу сме заостанувале на Балканот во споредба со Америка, па и со западна Европа (пост воениот период го направило заостанувањето уште поголемо). Во исто време во Америка го имаш Тупак кој ти ја поминал играта и умира во годината кога се издава албумот, повеќегодишни east coast vs west coast рап ривалста, ривалста меѓу населби во Њу Јорк. До тоа време се појавуваат ликови како Нас, Биги, Моб Дип, Ву Танг, Паблик Енеми, Раким, во Франција како поблиска земја Supreme NTM, но ние касниме толку многу, па кај нас таков слушлив рап доаѓа дури во 00тите. Дотогаш 90тите ги преспиваме со некои обиди претежно демо, секако со должна почит до Чиста Околина, Уличен Ритам , Most Wanted, за обидите да се донесе рап движењето во Македонија и отварањето на патиштата за денес да имаме рап како Страјковиот.

Мое лично мислење е дека овој албум е премногу преценет од носталгичари кои биле млади во 90тите и го испратиле овој бран. Веројатно исти тип на луѓе на кои и Ена Веко им била супер и поим за рап. Добар дел од тие луѓе не ни продолжиле после тоа сериозен рап да слушаат и ова им е единствениот допир со рап, па и ќе кажат истите дека ова е подобар рап од денешниот. Нешто што не можам да се согласам во никој случај. Памтам еден муабет со мојот наставник по музичко во средно, нешто дискутиравме за рап и кажа “Рапот во Македонија дојде со Чиста Околина и заврши со Саф, не сакам да слушнам за ништо друго“, а златната ера на рап во Македонија беше од 2004 до 2014 некаде.

Има многу работи кои не ми се допаѓаат во албумов, ниту лирички е на некое прифатливо ниво, квалитетот на звукот е доста лош (ајде разбирливо ова), флоу и деливери лошо, технички исто доста е слаб, слабо рими внатрешни и повеќесложни, игра со зборови исто слабо. Но сепак го ценам како културно наследство и го почитувам трудот за тоа време, од ништо да се направи нешто. Би рекол дека Public Enemy биле инспирација, дека најблиску до нив ми звучат. На моменти има смешни/интересни стихови кои се симпатични.

Нешто да се издвои:
- Старошколски херој : Пикисипи од САФ е на песнава. Исто и Диџеј Гоце има работено на албумов за помош во продукција.
- Јас сум шеф: Една од најлегендарните песни од македонскиот рап. Песна што ја знаат и луѓе што немаат допирна точка со рапот. Лично мене никогаш не ми била посебно драга, ама ми е песна со која би ги одбележал 90тите во македонскиот рап.
- Адидас на нога: Ова е на заебанција мини песна, ама е препрелошо дури и за заебанција
- Грк на мојот штрк: Оваа ми е најдобра мини песна ако мора да одвојам една, слична тематика како “Ова е за нашата раса“ од Most Wanted. За жал истите проблеми актуелни и ден денес.
- Одамна на веков: “Кога јас смрдев на хип - хоп , ти мирисаше на млеко“, “Ти си комерцијален како Комерцијална банка“, тоа се тие версови. Оваа ми е меѓу малкуте што знам да ги слушам од тука. Има и тука пецкање на нашиот јужен сосед.
- Доле со демистификаторот: Реклама за Влатко Стефановски :D
 
Последно уредено:
030. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS)

Ска музиката никогаш не доживеа широка популарност оти е пренатрупана со инструменти а доминира еден ритам т.е. на некој начин е самоограничувачка.

Отворив едно видео од " на лута рана" песната и коментари, колку се јаки суперхикс, подобри и од дубиоза или сарс - небитно, оти песната е обработка на roots bloody roots од Сепултура( Макс Кавалера бил воодушевен од македонскиот тапан, што е секако голем факт за нас)

Инаку албумот е добар , повеќе ги слушав песните кои не ги знам, оние познатите се добри.

3/5

031. Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996, P.N.G.T Snimki / 2000, Lithium Records)

Ептен пријатно се изненадив од албумот.
Тк ск :)
Чиста околина ги имам слушано само на песната Ќелав дабар во соработка со Ласт експедишн.
Пики сипи ѕвер, патот од рапер до емси се вика еволуција - колку напреднал за неколку години.
Единствена замерка кај Чиста околина ми е пискавливиот глас на еден од членовите, онака стварно се корените на македонскиот хип хоп, сурово и предобро.

4,5/5
 
030. Суперхикс - Африка (2012)

Најдоброто од Суперхикс? Ска музика не ми се допаѓа, малку е монотона. Конкретно албумов, добар е. Има врвни песни со кои Суперхикс се препознатливи.

3/5
Автоматски споено мислење:

031. Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996)

Ова беше чисто мачење. Прелош звук, лоши рими, никаков флоу и пискливи гласови. Исто многу долг, тешко беше да се ислуша секоја трака. Го почитувам тоа што се едни од првите и се еден вид културно наследство, ама не е мој вкус..

2/5
 
Последно уредено:
01.01.2026, 32 албум:

1767301682805.png

032. Врчак - Како да побегнам од сe (1999, Авалон продукција)

1767301761810.png

Раде Врчаковски-Врчак (Скопје, 11 ноември 1980 ) — познат македонски пејач.

Тој почнал да се занимава со музика откако се вратил од САД каде престојувал четири години, односно во 1999 година излегува неговата прва песна, „И повторно сам“ која е прифатена од публиката. Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден. Но наскоро Врчак се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет. Сепак во 2001 година настапува на Макфест со Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ и го освојуваат 2. место. Во 2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со Роберт Билбилов. Со песната „Тајните ангели“ го освојуваат 3. место. Во 2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“, песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите обожаватели на Врчак. Исто така во 2006 се појавува и на Макфест и победува со песната „Седмо небо“, дует со Тамара Тодевска. Исто така во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ во Атина и го освои 12. место. Неговата слава расте, охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007. Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап. Во 2008 пишува песна за изборот за песна на Евровизија. Песната е насловена „Во име на љубовта“, ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа. Победуваат на изборот и одат на Евровизија, но за жал не успеале да се пласираат во финалето.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom