Кое е твоето контроверзно мислење? (ТЕМА 13: @Io Sono Interista - Треба да се преземат строги мерки против пушењето на јавни места)

Дали си за или против новиот закон за забрана за пушење?

  • За

  • Против

  • Воздржан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
.......

Дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :coffee:
Interesno D, ne ocekuvav od tebe vakov stav, poprvo bi rekol deka si da kopame nafta... i da nema abortusi...

Tuku vo kakva forma ti misliah da prodolzi ooveshtvoto... moram da priznaam se ova mi zvuci na transhumanisticki manifest :coffee:
 
И јас планирав да бидам фин, мирен, културен, а види што ми направи Плавата...

Знам дека си многу фин дечко, ќе се намачиш да најдеш некоја контроверзна тема, верувам дека ќе имаш и некоја внатрешна битка проследена со јад и болка, ама пробај!
Raka na srce, vekje mi se motaat nekolku kontraverzni stavovi, ali neka legni malce, neka sozreee :sneaky:
 
Растенијата умираат под 150 ppm CO₂, факт. Последното ледено доба CO₂ дојде до 180 ppm, факт.

Ако растенијата изумрат, животните се следни, факт.

Не сум историчар на Републиканската партија. Кога станува збор за политички партии, ме интересира какви политики имаат, а не какви шеги ќе кажат.
Не треба да си историчар на партијата за да ги познаваш максимите и доктрините на идеологијата која ја застапуваш. Трамп се смета за идеолошки наследник на Реган, па дури и му ја позајми паролата. Еве, колку и да сум трампист, не можам да се согласам со тезата за јагленот, иако поради тоа ќе страдаат цели индустрии, па дури и држави. Алтернатива има, само ова е поевтина опција, пошто нели, профитабилната стапка е поголема. Така, веќе имаш, напуштени рударски градови од златната треска. Прашањето е реперкусиите дали ќе бидат долготрајни или крајкотрајни. Лично сметам краткотрајни затоа што едната индустрија ќе биде заменета со нова.

И во последното ледено доба, преку миграција, и еволуција, видовите преживеале, но дел не го преживеале човекот. И океј, нивото на ЦО2, затоа што нели, не постои природен начин за воспоставување на баланс, како што било во минатото, туку истото е направено благодарение на човечкиот отпечаток. :)
 
And kids, this is how i lost my vacation. :coffee:

Со оглед на тоа дека, пополека, навлегуваме во празничката атмосфера, ќе одам со една поведра, повесела тема...човештвото не треба да постои!

Од Гледа-месечина, па се до ден денес, хоризонталната историска линија е полна со војни, крв, смрт. Плакетата ја носат освојувачите, кои спијат на планина изградена од тела. Човекот на оваа планета се однесува како странец, како оваа планета да му е привремена постојка, каде може под својата чизма на апсолутизмот да го стави под целосна контрола секој еден животен сегмент.

И пишаните и материјалните историски извори ни говорат за тоа, со доаѓањето на човекот на „новите“ континетни значело истребување на цели видови животински свет. Не само за прехрана, туку и за воен трофеј и козметика. Средбата меѓу културите резултирала со реки крв поради стремежот на екслоатација на ретките метали, ширењето на империјата и верувањата за кои истата се залага. Стариот континет бил навикнат на црвените реки, каде во континуитет, со векови, се слуша звукот на челикот. Истото се случува брагодарение на религијата, поточно преку нејзината злоупотреба, која исклучително служи за контрола на поведението на човекот.

И модерните времиња не се светла историска точка. Иако имаме прогресивно движење на хуманистичките идеи, потпишување на конвенции за унапредувања на правата, социјални стремежи, политики на отворен пазар, како и константен технолошки и научен прогрес со кој треба да се олесни и подобри животот на човекот, сеуште чувствуваме глад за експанзија. Ги уништуваме белите дробови на планетата, ги загадуваме водните пространства, а животните сеуште ги користиме во експериментални цели за некоја надморална цел. Светот сеуште е полн со војни, со очај, со глад. Алатките за самоодбрана ги користиме за туѓа штета, од година во година рушиме негативни рекорди во убиства, насилства и силувања. Правниот поредок пушта корења во секој општ животен сегмент, имаме преураменост на општествениот живот која ни го диктира начинот на живот. Човекот сеуште има извесен степен на слободна волја, но истата е значително потиштена и ограничена.

И сеуште сме во борба за ресурси, кои можеме да ги добиеме со хартија која има номинална вредност. Таа номиналност има одредена куповна моќ која ја контролира институција над која немаме контрола. Дури и да воспоставиме контрола, не можеме да влијаеме на надворешните фактори, како рецесијата. Животот ни поминува во трка со времето, кој ќе добие односно стекне повеќе хартија за да преживее. Веќе и хартијата стана нематеријален сегмент, виртуелна, која не полежи на регулација.

Човекот прави и просторна експанзија, која креира значителни еколошки проблеми. Градовите се шират на сметка на природата. Лошото просторно планирање резултира со непроценливи здравствени последи по секој од нас. Она што го издвоило Гледа-месечина од сите останати суштества, интелектот, претежно плодовите од истиот ги користиме да штета, отколку за корист.

Дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :coffee:

пи.ес. По мене е @мкд владе , уредно тагнат, ИО ќе пресече кога да даде тема. :noze:
Da ne go gledase Matrix sega skoro, potocno Mr. Anderson ( taka mislam se vikase toj agentot ) ;)
 
Не треба да си историчар на партијата за да ги познаваш максимите и доктрините на идеологијата која ја застапуваш. Трамп се смета за идеолошки наследник на Реган, па дури и му ја позајми паролата. Еве, колку и да сум трампист, не можам да се согласам со тезата за јагленот, иако поради тоа ќе страдаат цели индустрии, па дури и држави. Алтернатива има, само ова е поевтина опција, пошто нели, профитабилната стапка е поголема. Така, веќе имаш, напуштени рударски градови од златната треска. Прашањето е реперкусиите дали ќе бидат долготрајни или крајкотрајни. Лично сметам краткотрајни затоа што едната индустрија ќе биде заменета со нова.
Алтернативата треба да дојде природно, а не преку наметнување со сила и закони. Кога ќе стане поефикасна од фосилните горива, тогаш природно ќе го преземе приматот.

Но за тоа да дојде, требаат подобри батерии, побрз трансфер на енергија, надградена електрична мрежа за дистрибуција и слично.
И во последното ледено доба, преку миграција, и еволуција, видовите преживеале, но дел не го преживеале човекот. И океј, нивото на ЦО2, затоа што нели, не постои природен начин за воспоставување на баланс, како што било во минатото, туку истото е направено благодарение на човечкиот отпечаток. :)
Точно, природен баланс, овој пат балансот доаѓа преку човекот, што е природна еволуција.
 
Da ne go gledase Matrix sega skoro, potocno Mr. Anderson ( taka mislam se vikase toj agentot ) ;)
Цч, „Викенд на мртовци“: „Сите ќе умрете, некои после, некои сега, никој не живее вечно.“
Tuku vo kakva forma ti misliah da prodolzi ooveshtvoto... moram da priznaam se ova mi zvuci na transhumanisticki manifest :coffee:
Бруте, memento mori. Не ми беше целта трансхуманистичка, ама во неколку наврати се наметна таа идеја. Можеби пак треба да го ѕирнам Матрикс. А имаше и еден друг, ExistenZ, не е лош.
Алтернативата треба да дојде природно, а не преку наметнување со сила и закони. Кога ќе стане поефикасна од фосилните горива, тогаш природно ќе го преземе приматот.

Но за тоа да дојде, требаат подобри батерии, побрз трансфер на енергија, надградена електрична мрежа за дистрибуција и слично.
Точно, природен баланс, овој пат балансот доаѓа преку човекот, што е природна еволуција.
Алтернативата е резултат на државната контрола, преку законски регулативи и систем на контроли. Тоа во вашиот Устав не е уредено, во нашиот е (право на здрава животна средина). Пркосот доаѓа од лобирањето, а не од логичната политика која треба да се наметне. Природно било и ловокрадството, крвната одмазда, па и убиството. Како стануваат неприродни? Преку нормативната рамка.

Балансот може да дојде и најприродно, преку вулканска ерупција. Кога гледаш, и двете сили можат да настапат истовремено, дали тоа ќе има позитивен ефект по надворешната средина? Па, не баш.

Нема ништо контроверзно. Бре! :coffee:
 
Од Гледа-месечина, па се до ден денес, хоризонталната историска линија е полна со војни, крв, смрт. Плакетата ја носат освојувачите, кои спијат на планина изградена од тела. Човекот на оваа планета се однесува како странец, како оваа планета да му е привремена постојка, каде може под својата чизма на апсолутизмот да го стави под целосна контрола секој еден животен сегмент.

И пишаните и материјалните историски извори ни говорат за тоа, со доаѓањето на човекот на „новите“ континетни значело истребување на цели видови животински свет. Не само за прехрана, туку и за воен трофеј и козметика. Средбата меѓу културите резултирала со реки крв поради стремежот на екслоатација на ретките метали, ширењето на империјата и верувањата за кои истата се залага. Стариот континет бил навикнат на црвените реки, каде во континуитет, со векови, се слуша звукот на челикот. Истото се случува брагодарение на религијата, поточно преку нејзината злоупотреба, која исклучително служи за контрола на поведението на човекот.

И модерните времиња не се светла историска точка. Иако имаме прогресивно движење на хуманистичките идеи, потпишување на конвенции за унапредувања на правата, социјални стремежи, политики на отворен пазар, како и константен технолошки и научен прогрес со кој треба да се олесни и подобри животот на човекот, сеуште чувствуваме глад за експанзија. Ги уништуваме белите дробови на планетата, ги загадуваме водните пространства, а животните сеуште ги користиме во експериментални цели за некоја надморална цел. Светот сеуште е полн со војни, со очај, со глад. Алатките за самоодбрана ги користиме за туѓа штета, од година во година рушиме негативни рекорди во убиства, насилства и силувања. Правниот поредок пушта корења во секој општ животен сегмент, имаме преураменост на општествениот живот која ни го диктира начинот на живот. Човекот сеуште има извесен степен на слободна волја, но истата е значително потиштена и ограничена.

И сеуште сме во борба за ресурси, кои можеме да ги добиеме со хартија која има номинална вредност. Таа номиналност има одредена куповна моќ која ја контролира институција над која немаме контрола. Дури и да воспоставиме контрола, не можеме да влијаеме на надворешните фактори, како рецесијата. Животот ни поминува во трка со времето, кој ќе добие односно стекне повеќе хартија за да преживее. Веќе и хартијата стана нематеријален сегмент, виртуелна, која не полежи на регулација.

Човекот прави и просторна експанзија, која креира значителни еколошки проблеми. Градовите се шират на сметка на природата. Лошото просторно планирање резултира со непроценливи здравствени последи по секој од нас. Она што го издвоило Гледа-месечина од сите останати суштества, интелектот, претежно плодовите од истиот ги користиме да штета, отколку за корист.

Дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :coffee:
Baddie GIF by Giphy QA
 
Бруте, memento mori. Не ми беше целта трансхуманистичка, ама во неколку наврати се наметна таа идеја. Можеби пак треба да го ѕирнам Матрикс. А имаше и еден друг, ExistenZ, не е лош.
Mnogu distopii, treba da se opushtish so solar punk...

I... vo kakva forma ti mislish da prodolzi coveshtvoto?
 
Хм, добра тема. Неочекувано од Дамби (сори мора да сум бич)

И јас често мислам вака, ама незнам, некогаш ќе прочитам нешто ко за тој португалецот сега што го убија, кој успеал да развие плазма за нуклеарна фузија - која му дава моќ на човештвото да има неограничена, бесплатна струја, засекогаш. Ни соларни панели, ни ветерници. Едноставно моќта на сонцето, ја држиме в рака преку наука, преку нашиот љубопитен мозок. Си велам...
Мора да има нешто добро во нас Дамби, чим Бог ни дава и такви луѓе. Можеби тој уште не кренал раце од нас, како ние од себе и од него.
Па така, иако се ова што пишуваш држи вода дека човештвото знае да биде ужасно. Ете мене неколку луѓе овде ми посакале да фатам и Сида.

Сети се на првиот пат кога си бил вљубен. Колку неверојатно чувство е тоа кога некој човек ти значи повеќе од себе. Колку несебично. Колку убаво е да му кажиш на некој, јас тебе те избрав и тебе ти припаѓам. Има нешто преубаво во тоа. Штом имаме капацитети за такво нешто, не сме толку футилни. Пошто реално и покрај сите неубави одлики, ја имаме и љубовта како одлика.
Ставот е контраверзен пошто вели дека сите треба да умриме. Но, овде ќе сум оптимист и покрај се, па ќе речам, Дамби, не мора да е така.
 
Се слагам.
Memento mori. Никој не знае како ќе му тече животот, ама на сите ни е пишано еден ден да нѐ снема.
Не поединечно, колективно да не снема од планетава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom