Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто да не е дозволено?
Законски можеби не е забрането. Но далеку е од нормално и вообичаено. Селекторите се обврзани да ги следат нон стоп потенцијалните репрезентативци, да патуваат, да остваруваат средби со нив, да посетуваат семинари организирани од уефа/фифа, настани предвидени по протокол. Како ќе го ускладиш сето тоа во ситуација кога и дома се бориш за титула и треба да ја спремиш екипата не ми е јасно. Освен ако не е се веќе познато како што зборат сите...
 
Za ligata dovolen vi e i Nenad Miskovski na klupata, ako ste realni. Zatoa doaga i ovoj poteg da ja vodi i reprezentacijata posto zagarantirani mu se nekoi drugi raboti
200.gif
 
Бог да го прости, 97ма генерација сум не сум гледал ниту читал многу за Рингов читам сега и му кажвам на старио се изненади, то шо е Модрич за нас бил Рингов за него то време ко се пратеше само Ју фудбал.
 
Нека почива во мир големиот Васил Рингов. Сестра на жена му , е добра пријателка на мајка ми па уште пред месец дена дознав дека имал удар. Успеаа да го вратат, се опоравуваше, го пуштија и дома, ама ете , толку издржа срцето на вардаровата легенда.Срце ме боли што вакви луѓе многу слабо ги користиме дур се пред нас. После играчката кариера заслужи многу повеќе од нашиот клуб, ама тоа е.Нека почива во мир и од горе нека навива за својот Вардар. Сигурен сум дека Комити ќе направат некој графит,а може и знаме во негова чест.
 
Ја имав честа да му правам интервју пред 3 години некаде, за жал за последниот излезен број од Пивска конверзација.
Отидовме до Волково со прашања кои ги спремив претходно и му ги имавме пратено да ги разгледа. Он се воодушеви од прашањата и не покани во живо да ги одговараме. Ако ви се верува едно 5 саати човекот зборуваше без престан. Не можевме до збор да дојдеме. Му требаше друштво, му требаше да си отвори душата :D
Ако не станевме да си одиме, уште една недела ќе зборувавме. Ништо конкретно не одговори на прашањата, ама успеав да запамтам голем дел од работите и ги составив одговорите. Му ги пративме да ги види, човекот беше воодушевен и се запна да му ја пишувам автобиографијата :D
Го одбив, дека немам толку слободно време и некој новинар требаше да му ја пишува, ама не знам што направија.
Инаку имаше мнооооогу пикантерии за бивши фудбалери и тренери кои ги кажуваше, ама на крај остана меѓу нас и не ги објавивме. За многу луѓе што ги сметаме за големи вардарци, немаше добри зборови. Мора да признаам дека уште тогаш човекот имаше доста мака и едвај издржа овие години.

Во прилог ќе го ставам цело интервју. За мене можеби и нешто најдобро извадено во списанијата, иако не е дел од навивачкиот свет.
Не се подредени по ред :(
Го има доле бројот на страната, па може да го читате интервјуто по редослед.

IMG-0dbb060785acfe26bb2e8815c0e963c4-V.jpgIMG-ee184a91efc9c85b96c93c2235ee50b0-V.jpgIMG-bb878c4ebeee38fe35e4d65a4a8755c2-V.jpgIMG-d4ff762f59a5077cef351803aa28cc72-V.jpgIMG-f34a1c013839a35d70713c38577ec638-V.jpgIMG-f1ac09cb4c30b6ff68de25c2825a8546-V.jpgIMG-420bf5a3aff9ba3f575505c8396439d6-V.jpgIMG-5fa27522100c2abfaa193c6ffd4fafb5-V.jpgIMG-06c12af8e59ac87cd13655ab37cde1a4-V.jpgIMG-d06b42f73dce4234626b15a6355261a5-V.jpgIMG-836f510a0724947c18e073d0014b3e11-V.jpgIMG-85b46f7e16208de2b67284ef49df7416-V.jpgIMG-d5fb23bfdc573a23e3c013db8c3f1f90-V.jpgIMG-60b3fdf62136cd653369ef4663ecda98-V.jpgIMG-ece9fbf70af52bbd38ffeed60ee674ff-V.jpg
Васе, почивај во мир.
 
Последно уредено:
Често се навраќам на снимката од ревијалниот меч меѓу Вардар и ЈУ-ѕвездите, по повод 15-годишнината од титулата на Вардар во СФРЈ. Утакмицата ја гледав во живо, не на телевизија, па секогаш наоѓам некои бисери од преносот на кои им се радувам. Во чест на Рингов, еве еден смешен момент, кога Горан Стерјов му зема изјава на Рингов, тазе излезен од игра. Еден Семјуел Бекет може да позавиди на дијалогов! :D

Стерјов: Ја нема сенката тука под јужната трибина, ама добро ви оди уште...
Рингов: На ноќно нема сенка, никојпат.
Стерјов: Благодарам.

Мирно небо, царе!

vasil ringov.jpg

А супер се надоврзува и Зоран Михајлов со коментар :D

„Добро му кажа Стерјов, Рингов ја бараше сенката тогаш под јужната трибина, и така, ќе беше мирен, мирен, и одвреме-навреме ќе експлодираше и веднаш ќе се најдеше во позиција неговиот тим да постигне гол. Или тој ќе беше стрелец, или Панчев, или некој трет.“
 
Ситуацијата околу нашиот клуб е следнава
Седло коњот останува во Вардар до јуни и европските натпревари после тоа заминува само за репрезентација да биде селектор на негово место тренер ке дојде Илчо , а нов директор после Миленко ке биде Боби Милевски со тоа што брадосаниот ке си ја исполни желбата и егото со Дупла Круна сезонава да замине КОНЕЧНО во пензија и да се фали доживотно со тој успех ЈАС ЈАС ЈАС, се е договорено однапред и двојната круна и рокадите во режија на Орцо Камчев и Мицкоски ,со посредство на Нело (шеф на кабинет на премиерот) и Кендо ( министер за одбрана и ѓорчевската линија за пакетот Илчо и Боби )
Еве ви малку предновогодишно инфо за крај на 2025.
 
Ситуацијата околу нашиот клуб е следнава
Седло коњот останува во Вардар до јуни и европските натпревари после тоа заминува само за репрезентација да биде селектор на негово место тренер ке дојде Илчо , а нов директор после Миленко ке биде Боби Милевски со тоа што брадосаниот ке си ја исполни желбата со Дупла Круна да замине КОНЕЧНО во пензија , се е договорено однапред и двојната круна и рокадите во режија на Орцо и Мицкоски ,со посредство на Нело (шеф на кабинет на премиерот) и Кендо ( министер за одбрана и ѓорчевската линија за пакетот Илчо и Боби )
Еве ви малку предновогодишно инфо за крај на 2025.
Значи народски кажано Отишо воз у Кукурз.
 
Илчо тренер?? :confused: Милевски би ни бил топ тренер (иако сеуште мислам дека требаше да остане да ја води Македонија).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom