123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

Зијан - Низводно 4/5
Пушти коси - Оваа песна е антологиска, безвременска, чисто совршенство, наше културно наследсто, една од најдобрите македонски песни на сите времиња. Имав баш едно видео на Јутуб аматерско Top 50 Macedonian Songs of The 20th Century што од сегашна гледна точка ми е промашено бидејќи многу жанрови се измешани и би требало да е направено по жанр, но таму сум и дал 15то место на песнава, мислам дека сега комотно можам во топ8 да ја вметнам. Да се вратиме на песната и зошто е чиста 10ка, имаш интро што е можеби најлегендарно во македонска музичка историја, сета мака и страдања на македонскиот народ во таа мелодија. Замижуваш и доаѓаат слики од житни полиња, планини, бистри реки, низини, кањони, ја гледаш сета убавина што Господ ја дал на ова малечко парче земја, ги гледаш луѓето секогаш скромни, сиромашни, но со многу надеж и љубов во очите. За текстот што да се каже, “песна нова, мака стара“, овој стих не опишува како нација, како народ, како држава, како земја. Тука ми се вторите омилени стихови од Зијан, првите ми се во песната “Еј остани“, односно делот “Од ова парче земја Боже не давај“. За истите стихови и има пишано коментар авторот на Јутуб видеото од песната, каде што даде објаснување што мислел. И да завршам пак со Пушти коси, најголема десетка што може да се даде, скромноста на македонската традиционална жена со фатена коса дур оди на река да пере алишта, да мие садови, орото како форма на културно наследство што преживеало од колено на колено и во најтешките времиња, се е ова спомнато, зарем може некој да не ја обожава песнава?
Стамена - Невообичаена преработка на “Што имала к'смет Стамена“, што мене лично не ми се допаѓа многу. Повеќе ми е Студени Нозе стил на песна, налик на “Цвета“ нивната песна. Kрајот на песната од музички аспект ми е многу симпатичен, бубањ, гитари, плус народни етно инструменти.
Кате Сваќе - Уште една песна налик Студени Нозе. И да не се разбереме погрешно албумот на Зијан е пред единствениот албум на Студени Нозе (1994), така да единствено Зијан може да биле инспирација на Студени Нозе, а не обратно. Но дека јас прво ги имам слушано Студени Нозе и тој албум, затоа така си ги поврзувам работите. Лабава песничка за зезанција, тотално несериозна, генерално не сакам вакви песни и не ми се совпаѓаат никако со воведната песна од албумов.
Елизабет - Интересна песничка, не е лоша, певлива е, но не е некоја песна што ме импресионирала нешто посебно. Не знам што им текнало Елизабет да ја именуваат, кога кај нас тие години убедливо повеќе популарно било името Елизабета (едно од најпопуларните имиња за женски деца родени почеток на 70ти). Има и од Дадо Топиќ убава песничка со истиот наслов ако некој го интересира.
Денови - Многу мила и драга песна. Како да не ти се стопли душата кога ќе слушнеш “Ајде сестро Македонко слатка“. Штета што се нема зачувано некаде песнава во подобра верзија. Спомнато вино како нешто автентично за нашата земја и подневје, Денови како наслов многу веројатно инспирани од Денови на Кочо Рацин.
Рушиме се - Уште една песна од категоријата “најдоброто од Зијан“, мелодијата многу слична на Пушти коси. Текстот тука е многу добар, “небото плаче“, “слушам како песна се раѓа“. Песнава има и видео запис ако ве интересира.
Град - Интересно доста, доста експериментални звуци и интересен стил на пеење и целата изведба. Дури дел на ЕКВ гледам во песнава. Не ми е една од нивните омилени, но дефинитивно ми е многу интересна.
Низводно - Какво убаво инструментално уживање за крај, да ти е мерак да слушаш. Супер одбрана песна за крај на еден албум кој имаше потенцијал да е еден од најдобрите албуми во македонска историја, за жал преплавен е со некои просеци кои одат како составен дел од овој легендарен албум. Како и да е , и во ваква форма албумов е супер. Патем и оваа песна има видео запис достапен на Јутуб.

Оцената е 4/5 поради “Пушти коси“, без таа песна дури и на 3/5 може да падне. Но, доколку “Кате Сваќе“ ја заменам со 'Еј остани' мислам дека и 4.5 може да достигне албумов. Штета уште еднаш што не е зачуван во подобар квалитет, а ќе речеш 90ти години треба да е напредната технологија и да се во подобар звук, но не и кај нас. Во Америка 60тите се паднале кај нас во 90ти од аспект на технологија во музиката.
 
Последно уредено:
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)
Нереално како може со толку лош квалитет да се сними албум...штета стварно. Другари имав ко копиљаци у гаража на заебанција имаа 10 пати подобра снимка.
Пушти коси е една од најдобрите песни некогаш на македонски напишани 10/5 и тоа е слаба оцена уствари 100/5.
Стамена ок преработка не е импресивна али се слуша. Кате сфаќе ме фати срам што ја ислушав и да е на заебанција правена едноставно прелоша песна и текст. Другите не ми оставија некој впечаток 2/5 освен Руши Ме таа се двои добро иде се вози и текстот и музиката, али не можеш да уживаш на ваков квалитет пак ќе кажам.
2.5/5
 
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)

Албумот и претходно го слушав кога беше изборот за најдобри рок албуми а и сношти пак го преслушав.
И што да се пише освен дека се работи за убаво албумче : Денови , Рушиме Сe - ептен убави мелодични песни, единствено отскокнува Град која како да не припаѓа на овој албум.
За песната Пушти коси (мора да се спомене) - што да се каже - ремек дело на целокупната македонската музичка ризница.
Ако некогаш @Zlatikevichius има желба, може да направи тема за најдобрите 10 или 20 македонски песни.
За продукцијата нема што да коментирам како и за вториот албум што го коментиравме од Никола Бадев. (Која разлика од една иста песна на 2-та албума т.е. песната - вино пијам ем ракија.)
Во живо не сум ги слушал а би сакал во август имале концерт.

4/5
 
029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)

Потполно се согласувам со сите вас за албумов. Особено за Пушти коси која е и според мене во топ 10 македонски песни ever. Освен таа, од албумов ја знаев само Елизабет и Стамена - на времето и двете беа доста вртени по радиостаници па и по телевизија. Сите останати песни мислам дека прв пат ги слушам и еве, 3 дена по преслушување на албумов мислам дека ни една не ми остана во уво.

Најголемо изненадување за мене беше што „открив“ дека Кирил Зарлинов (a.k.a. Ерик Фокс од Antenna5) бил член, т.е. клавијатурист во Зијан и на албумов, нормално. Поим немав дека човекот се занимавал со музика, освен, секако, ди-џејството и имаше направено доста ремикси на времето, веројатно и уште прави. Секако и по соработката со Симона Поповска. Не знаев дека бил член на рок бенд, а уште помалку на памет би ми паднало дека баш во Зијан.

4/5 и од мене за албумов, со истиот disclaimer: оценката е mostly за Пушти коси. Да не беше таа песна, не знам ни 3 дали би добил.
 
Требаше вчера новиот албум, но не успеав да најдам време, sorry. 26.12.2025, албум 30:

1766741731345.png

030. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS)

1766742020963.png

Албумот „Африка“ излезе во 2012 година и е четврт студиски албум на Суперхикс.

По албумите „Чекај бе викам, каде бе малку“ (2001), „Трумано“ (2003) и „И сега што?“ (2008), „Африка“ е со малку поостар звук, во некои песни жанровски се оддалечува од ска-панк звукот по кој Суперхикс се препознатливи и не води во некои други правци. Суперхикс тука е позрел и поцврст бенд, текстовите се повеќе со социјална тематика, а бендовиот сарказам е уште поизразен отколку претходно.

На албумот се сместени 12 песни:

Intro
300 Прашања
Безгрешен
Гнида
Африка
Скок
Ти треба некој
Главен град
Големото НЕ
Пауза
Во длабоко
На лута рана

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:

1766742416500.png 1766742451610.png 1766742554887.png 1766742592837.png 1766742696915.png
 
029. Зијан – Низводно (1991)

Останав крајно разочаран. Никогаш ги немам слушано Зијан, освен Пушти коси. Прекрасна песна. Другиве се чист кец. Ужасно. И како квалитет и како текст. Последната, инструменталната беше океј.

2.5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom