Пак не ми одговори, пак вртиш околу наоколу, и пак конкретен одговор ска (не
@Ska Maniac нормално). А толку убаво те прашав....
Остај ти мпо тпо. Тие од старт работат контра Македонците. Прашањето е тоа што ние правиме околу тоа? МПО ја укина Сонце? Немој бе...Ако ја има таа моќ МПО, да се самораспуштиме како држава и како народ. А како ја укина? Македонија како што знам има сопствени институции да го спречи нивното делување.
Сега дали намерно дали ненамерно го одбегнуваш фактот да го дадеш одговорот:
КОЈ ОД КАЈ НАС ГО ДОЗВОЛИ ТОА!! ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!!!
Еве ти гратис прашања, на кои знам дека на дел од нив нема да дадеш одговор, пошто знаеш дека те читаат претпоставените.
- Дали МПО го изгласа договорот со Бугарија во Македонскиот парламент?
- Дали Ципрас го укина во Македонскиот Парламент името, и не прекрсти во Северна?
- Дали Хашим Тачи ја изгласа амнестијата на Хашките случаи во Македонскиот парламент?
- Дали Сали Бериша ни го изгласа Охридскиот договор во Македонскиот парламент?
Ајде сега почни со плачење, бевме принудени...Па и Сандански беше принудуван, ама не се предаде на врховистите, и затоа беше убиен...
И Гоце Делчев се бунеше да не се крева толку рано Илинденското востание, и беше убиен....
Немаше да му биде полесно да ја наведнат главата, и да речат „Абе види, појаки се мора да поќутиме“???
Е затоа брм немаме држава, и затоа секој ќе си игра дрндупка со нас.....