Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

Бре бре пензионерите им го реметеле комфорот на новите генерации.Страшна работа.Значи пензионер кој во транзицијата се борел за парче леб,се жртвувал купил стан или градел куќа и во 2001 бил на фронт како бранитал сега наеднаш е досаден и вишок во општеството,па ајде да го изолираме на планина.Мислам колку треба да си саможивен егоцентрик да решиш да му го направиш тоа на својот родител?Кој ти обезбедил топол дом бе @парва?Значи секој шо ќе го носи својот родител во изолација на планина треба да се откажи и од наследството од своите родители.Дали е куќа,стан ниви и други имоти небитно.
 
Мислењето на Sussaro беше малку поекстремно од само - "да за смртна казна". Имаше еден дел во него кој велеше, парафразирано - во случаи каде недвосмислено е докажано дека некој го извршил делото, а истото е монструозно, да се дозволи на оштетениот да ја земе пресудата во свои раце. Еве пример: во случајов, да треба јас да одлучувам, би му дозволил на чичково да му пресуди на тој Менсур Пајазити што во нашава смрдена реалност доби само 2 години затвор и апелација му ја потврди казната.

 
Бре бре пензионерите им го реметеле комфорот на новите генерации.Страшна работа.Значи пензионер кој во транзицијата се борел за парче леб,се жртвувал купил стан или градел куќа и во 2001 бил на фронт како бранитал сега наеднаш е досаден и вишок во општеството,па ајде да го изолираме на планина.Мислам колку треба да си саможивен егоцентрик да решиш да му го направиш тоа на својот родител?Кој ти обезбедил топол дом бе @парва?Значи секој шо ќе го носи својот родител во изолација на планина треба да се откажи и од наследството од своите родители.Дали е куќа,стан ниви и други имоти небитно.
tesko deka golem procent od penzionerite se toa. Taa generacija na lugje, tek sea skoro se penzioneri.
 
Мислењето на Sussaro беше малку поекстремно од само - "да за смртна казна". Имаше еден дел во него кој велеше, парафразирано - во случаи каде недвосмислено е докажано дека некој го извршил делото, а истото е монструозно, да се дозволи на оштетениот да ја земе пресудата во свои раце. Еве пример: во случајов, да треба јас да одлучувам, би му дозволил на чичково да му пресуди на тој Менсур Пајазити што во нашава смрдена реалност доби само 2 години затвор и апелација му ја потврди казната.

Ништо тогаш... не ни треба судство со 2% поштеност!
Канунот на Лека Дукаѓини! Око за око, крвна одмазда...

Само што историјава покажа дека кај шпоновите, дури и тоа не успеа да ги смири и дисциплинира! Диво племе беа и останаа..
Која е поентава од казна, ако таа казна нема пошироки социјални консеквенци!?
Дали утре некој ќе си ја чукне главата дека не треба да вози пијан или 150км/ч низ град!? (реторичко ми е прашањево..)

Втора работа, е како да се спречи злоупотребата на вакви закони.
Сите (или бар повеќето) тука сме возачи, и сите бар еднаш во животот сме имале close call кога некој од нигде-никаде ти претрчал пред кола, и само околности (спора вожња, брза реакција, пука среќа, итн.) спречиле беља...

Како ќе го одвоиш, безобѕирното возење од несреќни околности?!
(ова око за око ако оди..)
 
Ништо тогаш... не ни треба судство со 2% поштеност!
Канунот на Лека Дукаѓини! Око за око, крвна одмазда...

Само што историјава покажа дека кај шпоновите, дури и тоа не успеа да ги смири и дисциплинира! Диво племе беа и останаа..
Која е поентава од казна, ако таа казна нема пошироки социјални консеквенци!?
Дали утре некој ќе си ја чукне главата дека не треба да вози пијан или 150км/ч низ град!? (реторичко ми е прашањево..)

Втора работа, е како да се спречи злоупотребата на вакви закони.
Сите (или бар повеќето) тука сме возачи, и сите бар еднаш во животот сме имале close call кога некој од нигде-никаде ти претрчал пред кола, и само околности (спора вожња, брза реакција, пука среќа, итн.) спречиле беља...

Како ќе го одвоиш, безобѕирното возење од несреќни околности?!
(ова око за око ако оди..)
Не е ова око за око. Тоа би било: некој тебе ти го убива детето, ти го убиваш неговото. Без суд, без ништо. Овде: некој ти го убива детето, има судење, на судењето се потврдува со докази дека ти го убиле планирано, со умисла, и на типот му досудуваат смртна казна. Тебе само ти оставаат да удлучиш како да биде изведена казната: дали хумано, со инјекција, дали со мачење или ти сам ќе му пресудиш - нему, а не на неговото дете.
 
tesko deka golem procent od penzionerite se toa. Taa generacija na lugje, tek sea skoro se penzioneri.
Јас знам пензионери шо се жртвуваа максимално за своите деца.Познавам,програмери,наставници,асистенти на факултети,доктори,па дури и еден поранешен министер,итн.Сите тие завршија факултети благодареније на нивните родители,сега панзионери.Тие љуге никогаш не биле на одмор ниту си приуштиле нешто за себе си. Сега работите се променија.Колку и да е чудно условите за живот се многу подобри во МК него за време на транзицијата.Така да работите не треба да ги земате здраво за готово и сите проблеми да ги префрлате на постарите генерации.
 
Последно уредено:
Јас знам пензионери шо се жртвуваа максимално за своите деца.Познавам,програмери,наставници,асистенти на факултети,доктори,па дури и еден поранешен министер,итн.Сите тие завршија факултети благодареније на нивните родители,сега панзионери.Тие љуге никогаш не биле на одмор ниту си приуштиле нешто за себе си. Сега реботите се променија.Колку и да е чудно условите за живот се многу подобри во МК него за време на транзицијата.Така да работите не треба да ги земате здраво за готово и сите проблеми да ги префрлате на постарите генерации.
Треа ли да ти нацртам за да сфатиш?
Епа ако никад не биле на одмор, еве ги комфорт шанса вечно да одмараф.
Само планина е спас и њима и за нас.

И не се навраќајте на стату тему.
Нова тема е за инквизицију на педофили и тешки криминалци, очи и нокти да им се вадиф по затфори.
Да нема смртна казна, него споро нека гориф за сфои поступке.
 
Треа ли да ти нацртам за да сфатиш?
Епа ако никад не биле на одмор, еве ги комфорт шанса вечно да одмараф.
Само планина е спас и њима и за нас.

И не се навраќајте на стату тему.
Нова тема е за инквизицију на педофили и тешки криминалци, очи и нокти да им се вадиф по затфори.
Да нема смртна казна, него споро нека гориф за сфои поступке.
Дали тебе родителите те избркаа од дома на твои 18 години?Старателството е до 18 после тоа низ врата.Дали ти си плаќаше сам за својот факултет?Шо има твоите да се замараат со тебе?Секако ќе завршат в планина.Шом наполнат 60 целиот имот на продажба и на уживанција по светот.Шо има да се замараат со синови керки кои планираат да ги пратат во прогон на планина?
 
Последно уредено:
Дали тебе родителите те избркаа од дома на твои 18 години?Старателството е до 18 после тоа низ врата.Дали ти сам си плаќаше сам за својот факултет?Шо има твоите да се замараат со тебе?Секако ќе завршат в планина.Шом наполнат 60 целиот имот на продажба и на уживанција по светот.Шо има да се замараат со синови керки кои планираат да ги пратат во прогон на планина?
Idealno e da ne se ostava imot na deca tuku da bide zalog za starecki dom, edinstveno e diskutabilno dali da e na planina ili plaza i toa ne da e so prisila tuku samite penzioneri da sakaat da odat. Anglicanite odat na Tenerife i se zurkaat. Ideata ne e kontroverzna ami e rano za nas edna do dve genetacii. Licno ja bi odel, ne sakam deteto da mi menuva peleni, da mu bidam teret i obvrska. NO zemi vo predvid deka mnogu kje ostanat bez potomstvo i sakale nekjele stareckiot dom kje stane del i od nashata kultura. Primer ron, vlade i slicni sho mislish koj kje go cuva na stari godini?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Дискусијата за пензионерите заврши, сега имаме друга тема.

@Zlatikevichius, целиот правен систем во светов е донесен за луѓето да не ја преземаат правдата во свои раце. Еднаш кога ќе направиш преседан и ќе оставиш некој да биде линчуван поради нешто што направил, тој дух не се враќа назад во боцата. Друга работа е што кај нас системот е еродиран и се случуваат секакви глупости. Она што можеме е да го подобриме системот, а не да правиме народни судови.

Мислам дека не е потребен дисклејмер дека целава дискусија ни е во сферата на „што би било кога би било“.
 
Во темата за политиката во Македонија поднапишав нешто зошто треба да се воведе смртната казна и за кои лица и покрај забранетоста со нашиот Устав и ратификуваните конвенции кои ја отфрлаат истата и кои се дел од нашето внатрешно право и речиси се е исто со ставот на Сусаро и тоа е правилно размислување.

Главната цел на пеналниот систем е ресоцијализација и реинтеграција на сторителите на кривични дела во општеството, односно осудениците, за разлика од порано кога главната цел била казнување, нанесување сразмерно или исто зло на сторителот. Го спомнавте некои веќе принципот око за око и заб за заб, тоа е принципот на талион со зачеток од вавилонското право и со своја примена во сите стари цивилизации. И токму тоа значи, ако некој некому го извади окото, повредениот ќе му го извади неговото око. Така за сите дела, во сите области, да не редам имотна штета, навреда, убиство на роб кога господарот има право да го убие робот на оној што го убил неговиот и така натаму. Со тек на време се напуштал овој принцип, казните се заострувале како во средниот век со мачењата и тортурите често и без докази, и речиси во сите случаи тортурите се користеле и како мерки во истражната постапка, не само како казни, со цел обвинетите да го признаат делото и да заврши процесот и да бидат казнети, а признанието на вина било крунски доказ, не се барало ништо друго како доказ ако имало признание, а најчесто обвинетите и без да имаат вина признавале дека го сториле делото за да се спасат од мачењето. Потоа казните се хуманизирале, со појавата на правници и автори како Чезаре Бекарија, Чезаре Ломброзо, Џереми Бентам итн., кои имале силно влијание во своите општества иако имале и некои контроверзни идеи во врска со казнувањето.

Да не се должи, во модерно време се гледа казните да се што похумани, подостоинствени, затворите да имаат соодветни услови (за ова Македонија често добива доста забелешки од страна на Комитетот за превенција на тортура) и голем број демократски држави ја имаат забрането смртната казна и како што кажав главната цел е ресоцијализација и реинтеграција на осудениците во општеството, казната да влијае врз нивно поправање и менување или всадување на позитивните вредности кои владеат во општеството и на тој начин да се овозможи истите да се вратат во заедницата. И тоа е се во ред, така треба да е, од најразлични причини луѓето грешат и треба да им се даде шанса да го поправат своето поведение во иднина, кој од небрежност предизвикал сообраќајка со тешки телесни повреди, кој од сиромаштија крадел, кој под влијание на врсниците се впуштил во малолетничка делинквенција. Затоа има широк спектар на санкции, од парични казни, казна затвор со различно времетраење, до алтернативни мерки, условна осуда, општокорисна работа, мерки за лечење на зависниците итн.

Но, не се сите осудени лица подобни за да се вратат во заедницата, да се реинтегрираат. Ги спомнавте сите: педофили, убијци на деца како палчовци, сериски убијци, терористи како оние од Смилковско и Диво Насеље и секако предавниците и сторителите на кривични дела против државата како заевци и ќурчевци. Кај нив нема влијание врз свеста каква и да било санкција да е изречена, па да се очекува дека нема веќе да ги повторуваат делата, дека тие кои ќе излезат од затвор успешно ќе се вратат во заедницата. Најефективен начин на решавање на ваквите случаи е смртната казна со која ќе се постигне тројна цел: казна, враќање со заслужено зло за најтешките кривични дела, нивно отстранување од заедницата со што ќе се осигура дека истите нема да ги вршат тие дела - специјалната превенција и трето ќе се спречат дел од другите потенцијални сторители на овие кривични дела да ги вршат поради страв од смртната казна - генералната превенција како цел на казнувањето. Голем дел од правниците и академците и кај нас и низ светот ги отфрлаат овие идеи потпирајќи се на начелата на хуманост, етика, справедливост, меѓутоа ова се специјални ситуации во кои овие начела се применуваат поинаку - хумано да се погубат, справедлива казна во вид на смртна, а не на друга и етички е правниот систем да ја спаси заедницата од ваквите накази.

Само некои како @Io Sono Interista кои навиваат за интер можат да не се согласуваат со воведување на смртна казна, со смешни аргументи, ВИ видеа, дип фејк како докази со кои некој невин ќе биде осуден, а ова што го дискутираме претпоставува функционален и беспрекорен правен систем, некорумпирано судство и обвинителство, со големи ресурси и форензички и дигитални техники и системи кои ќе ги филтрираат ваквите докази. Смртната казна ќе се користела за отстранување на неподобни, не за џабе постојат повеќе степени, повеќе инстанци на одлучување кои играат улога на контрола на донесените одлуки од пониските судови и во услови на функционалност на правосудниот систем и да биде некој погрешно осуден на смрт, ќе реагира повисокиот суд и врз основа на фактите и доказите кои ги приложиле двете страни ќе ја укине, или преиначи пресудата. Башка во примена е правилото на донесување на осудителни пресуди само во случаите кога обвинителството докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетиот е виновен. Тоа значи дека судот при донесувањето на одлуката не треба да има ни тронка сомневање во вината на обвинетиот, ни најмал доказ, аргумент да не укажува на спротивното, инаку ќе донесе ослободителна пресуда доколку не е убеден надвор од разумно сомневање дека токму тој е сторителот на делото. Смртната казна била помала од доживотната, самиот си кажа дека ќе јаде три пати на ден на наша сметка, како е тоа помала казна, види ги терористите од Дива Населба, како царој живеат и си прават ифтари, си викаат музика, сите снимаат со телефони иако се строго забранети во затворите. Сигурно за нив ова е поголема казна. Плус со смртната казна ќе се намали пренатрупаноста на казнено поправните домови и установи и другите затвореници кои имаат далеку помали злосторства од овие подостоинствено ќе го поминат својот престој во истите. Подобро терорист и педофил да јадел три пати на ден со наши пари, отколку некоја секретарка исто со наши пари, дај не заебавај и не интерисвај тука со нелогични муабети, па и пет пати на ден нека јади, особено ако е млада и јака наместо терористи и педофили и убијци на деца да се гоштеваат на државна сметка.
 
Воведи смртна казна, макар и фигуративно па да видиш како многу ќе се смират. Посебно ова важи за функционерите.
 
Јас на пример, ама за озбилно, секогаш сум ја имал дилемата дали за најтешки злосторства треба смртна казна или доживотен затвор. Ама не од хуманистички аспект. Туку од следниве причини:

1. Ако го утепаш гадот со инекција, тоа е исто како кога некој/а изживциран/а ќе се напие поголема доза на дијазепам и ќе си легне да спие. Ама барем си го утепал.
2. Од друга страна, со доживотен затвор не си поминува така лесно како со дијазепам, ама затоа гадот има три пати оброк на ден од државни пари, душек, кров над глава.

Затоа мислам дека е фер за одредени криминали како педофилија за претпубесценски деца, умислено убиство на дете како палчо, сериски убици и слично да има средновековно мачење од типот на набивање на кол со избегнување повреда на витални органи и присутен лекар да не м се даде да умре и да му се пролонгира смртта максимално. Дури и тоа не е доволно затоа што се работи за возрасен човек наспроти ужасиите што му ги направило на едно дете ама е најблиску нешто до еквивалетна правда.


Ако ова не ви е доволно контроверзно одиме со план Б.



Сметам дека земање на правда во свои раце кога системот не функционира е оправдано. За мене е повеќе од ок, тој/таа што пресудила од било какви причини ослободителна пресуда за прегазување на бремена жена на пешачки да и се соберат (ако имавме муда и плус како ќе ги осудиш ако се толку) 10000 души да и влезат дома и да ја линчуваат на лице место. Постои еден израз што често се користи во ваквите ситуации со кои скроз се сложувам што вика дека: Два пати ми го убивте детето/сопругот/мајка/татко/брат/сестра. Ако тој судија/судијка нема никакви обѕири кон човечкиот живот било поради пари, роднински или пријателски врски тогаш и тој негов/нејзин живот не треба да вреди ништо. Како што знаеме, системот во најдобар случај ќе и даде некоја суспензија и ќе се заборави на се.


И во двете ситуации се работи за истата тематика, дека со емпатијата се претера, дека апсолутно не е фер да се биде хуман со баш секого и дека насилството, тортурата па и егзекуцијата во одредени случаи се повеќе од оправдани затоа што такозваните човекови права во тие ситуации не се ни на кур да ги ставиш. Некои луѓе заслужуваат физичка болка, мачење и смрт.
Прво ти.

Ахахахах

1. Не се слагам за убиство. Дел од мојот аргумент веќе си го пишал. Знаеш.
Да, не е убаво да живеат и имаат право на оброк додека некое дете е под ладна земја.
Ама смрт за таквите е СПАС.
Општо познато е, а и ја иам чуено, дека бар педофили у затвор не проаѓаат добро.
Боље 40 години 3 топли оброка + силување на ден со метла, него да се спаси.
И од нив има помајчини.
Ова е болна стока која се сили на деца. Тие немаат муда кон маж. Да му дое баце шо има упукано двајца, гаќите му се намократ. Тие знаат само на деца.
Затоа, ја викам живот и секој ден пекол. Да се кае што се родил, да се кае шо допрел или повредил дете. Абе да сака да умре, и да не може.
Ако му шибнеш инекција си го спасил од теророт на Овој свет. А замисли и овде и таму терор? Милина.

2. За второто се слагам. Искрено, колку и да звучи психопатски, ако иам едно дете, и му се деси нешо, кој и да го повредил нема да здивнам дур не го лежам. Налет животот без дете, ќе одмарам у ќелија ќе глеам у една точка. И две да иам ќе најдам начин да е.м. Пошо оваа држава нема правосудство. Колку ангели деца заминале, а кривците на слобода. Жално… па камен да е ќе пукне, не па родителска душа. Кој родител сака детето да го закопа пред он да умре..
неаме деца за под црна земја.


@Zlatikevichius извини, не видов.
Ќе го цитирам Парва па ќе избришам ова горе.

Не знам коа се испишало толку машала.
Вчера не успеав да читам
 
Се прекрстува со лева и почнува:

Овој мое лично измислено мислење, едн пут га иам спомнато у ДК, од кое некои ултралиберал шизици восхитувачки се изненадисфа и дигнасфа лајкпрст у знак на подршку, а некои конзерванаси ми лупнасфа енгри брдс емотикони и фаце и се намрштисфа и збрчкасфа како корнишони. Мислу дека тк Вруќа инстантно се претфори у ладна.Шок и неверување, ладан туш беше тој за постарите од форум.

Мое мислење е дека пензиски фонд устфари треа да се вика планинарски фонд.

Да образложу.

Сфакодневно ми смо сфедоци на судир на генерацие. "У наше време по две ги водесмо". "Чичин, расне ли курката?"
"Дечко може ли преко ред, се брзам, треба да....... Пензиниризам на раат после, тоес да си гу прчу стојну хаха.
:icon_lol:
Значи да се разберемо, мое мислење не е протиф пензионери, напротиф, мислу дека и на нас и на њима би им било боље.
И мои су старци што се шлаеф и га дрвиф по дома, трошиф пензију и лудуеф на совијални мреже како девеес пет посто старци у државу ни.Глеаф Ронови емисие,грандови и тија такфи задруге, турски серие и сфе друго што ги труе мозак на малите екрани. Коментираф несоодветно на социјални мреже, понашаф се на истите како да су на Аполо мисију. Среќа ја неам ни фејс ни инста да глеам што како, али предпостављам дека цела социјална мрежа е окупирана и присфоена од старци и тој е њина разонода, тој е њина релаксација, да се се смириф заради Југо носталгију.
Надвор од дома, сфи нешто се брзаф, ценкаф, тражиф попуст бе врску, у јсп су како по дома, јоште само што не почнале и да се собуваф у истите.На пазари су главни, пипкаф лебови по маркети, за њима не постои брза каса од 5 производи, они су креатори на фамозното "само да прашам".
Значи пензионери, легенде сте.Ама мислу дека едно јако општестфо, наместо да има пензиски фонд, да дава пензие, треа да се воведе планинарски фонд.
Македонија е претежно планинска земња, иамо убави планине, осам године сам бија планинар, скоро сфи ги иам искачено.
Преубаф ваздух и најважно од сфе, не е загадено.
Тија планински предели плачеф за изградбу на пензионерски центри, сфе да биде под конац уредено, да ги биде генерална проба пред вечното почивалиште.Тамо ке си береф чаеви, ке си праиф греану ракију, ке си играф шах, стари моме ке си имаф играорни секцие, ке си гу играф "Водарке" на раат, зшто од Пајдушку на сфадбе можеф да се прекршиф.
Значи тачно на 60 роѓендан или у стилу на Декстер26(шеести) хаха славиш роѓендан сс најблиски и комбе те зима и те носи до соодветан планински центар и тамо си до крај на живот.
Без интернет, без телефони уопште и без малите екрани.Музика неограничено и кино сали за сфи што ги обожааф филмови сс Бата Живоиновиќ и Сека Саблиќ.Посета едн пут годишно од најблиски, наравно на тфој роѓендан.
А не ти да гу оправљаш државу на утрински емисие, за коју имаш дирекну кривицу за такфу какфу што е.

Ем ке бидемо раат, ем они ие бидеф раат.

Па има ли боље од припеар фор етрнити да си бидеш сс тфои генерациски на убави предели и пејсажи,утрински жагор на птице, жубор на поточиња, мирис на пролетни џфеќиња,а не на јсп и асфалт, пазари без фискалне и смог без маглу хаха.

Ја сам ЗА!
А Ви?

Е ск ке кажеф па како такој Парва, ти немаш ли родители.Иам и сакам први да отидеф, ке си пеојдеф најубаво.
Наравно и ја сакам кд ке напуну 60 да иду на чилаут у планину.

Знам дека не е изводљиво и превише хардкор, али ипак тој е мое контравезно мислење и цфрсто стоју на тој дека е исправно.

Мојот контрааргумент е:

Интергенерациска грижа.
А и од шо ќе живеат тие луѓе?
Мајка ми е пензионерка 4 години, татко ми од сеа скоро.
Да не работеше татко ми. На мајка ми пензијата не стига човече.
Тек дедо ми, минимална зима.
нашите родители прават сѐ за нас цел живот, најмалце шо можам е пензија да ,,покривам” ( односно државата де нели со мои даноци).
Сите држави имаат пензиски столбови.
Повеќето веќе по три. Чим ние иаме.

На чив товар ќе бидат тие луѓе?
У државава има више шо се вика поише пензионери него работна сила.
Да умрат?
Ја сум пример, за тоа кога покачуваат пензии, да покачуваат и плати.
А они зимаат од нас, а не даваат.

Поише штета и на економијата и општеството праат фантомите. Ги има здрави прави шо може да работат, а се дере по улици СТАРО КУПУЕЕЕМ, место да фати мотиката или било шо. Тој праи поише штета него твоите или моите родители.
Твоите си го одработеле своето верувам, моите немаат прекин у стаж, татко ми ни ден, мајка ми имаше ама пошо така сакаше.
Мислам дека е фер сеа да уживаат, ние да потиме гз.

Бтв, не можеш исто да очекуваш некој на 70+ да се пентари по планини. На душа моеш да го носиш.

Толку
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom