Џабе е да се форсираат муабети за Николов, во денешниот рекомет кој стана игра на гладијатори нема повеќе место за бекови од ваков профил.
Има ниски десни бекови со таа висина што се истакнуваат и се едни од подобрите на својата позиција(Душебаев, Магнусон, Смитс) само сите овие своите недостатоци ги надополнуваат со други работи што можат да ги понудат(брзина, експлозивност, издржливост, асистенција, ракометна интелегенција).
За жал со ништо од ова Николов не може да се пофали.
Таа игра на Николов кај што главно со некоја финта, игра еден на еден или шут од место преку блок ги решава противниците, може да поминува само во домашно првенство со послаби екипи и против играчи кои физички не се доминантни над него.
Мислам дека на некое посериозно ниво ќе се изгуби, едноставно секој втор напад кога ќе атакува на противничката одбрана ќе удира како во ѕид, на крај неизбежно е тоа да се завршува со многу технички грешки и загубени топки.
Додатен хендикеп му е и играњето одбрана, кај што сигурно е бетер од Велковски и Јагуриновски на пример.
И да добие шанса за репрезентација некогаш во иднина, сигурно нема да направи никаква разлика, а јас сум убеден дека ако игра на некое големо натпреварување ќе биде послаб од сите три десни бекови кои се моментално повикани.