Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Мора да сватиме дека треба играда да се темели врз систем а не поединци.
Така е , ама за да го имплементираш на терен тој систем, ти требаат квалитетни ракометари , а не технички и конституционо непотковани трупови.
 
Се понашате ко данска да сме ние па најлошите се одбрани. Тие се ракометарите, на прсти се бројат. Жими мечка шо не е земен, а ако го земеа можи и полошо ќе напраеа ако не е доволно спремен и си ја повтореше повредата. То е шо е, максимумо е овај, не можиме да измислиме нови играчи.
 
Зошто нема ни еден од школата на Вардар повикан за репрезентација? :vozbud:

Оставаат баирчаните на чело со Пеше, Николче и латентниот да се радуваат на +20 место… :vozbud:
 
Португалија ќе биде без Маркес на голот, па го имаат само Капдевил. Тука треба да е нашата шанса со нив, мислам дека на таа позиција сме дост подобри (се надевам така ќе биде и на терен). Португалија е јака, ама игра доста променливо. Едно добро првенство, па едно или две слаби. И го имаат плус тоа нивниот курч после 4-то освоено место и тоа треба да е некој плус за нас. Ќе мора да се игра добро во одбрана, нешто како против Литванија кога ги задржавме на 16-17 голови цела утакмица. Со Јапонија не видовме ништо, ама може и тактичка фора да е како пред прошлото СП.
 
Португалија го има истиот синдром како Унгарија. Имаат страшна репрезентација но првите 2-3 утакмици им се бавно... Но последното првенство тие го изиграа на тотално високо ниво и не би требало да се отпуштат така лесно.
 
Со Португалија мора да изиграме на утакмица на мотивација, со срце што се вели. Како лани со Унгарија.
 
 
ДДимитриоски од Прилеп,Николов од Бутел резерва кога ќе потпише за Алкалоид,Аларов стигна во репка откога е во Алкалоид.Дури Гогов не е ни во резерви ама двата голмани пак негови.Го ставил Танковски колку ради реда.Сите средни бекови пак негови.Мислиш во Алкалоид има играчи од класа на Гидсел Питлик Мем и др.мислиш дека другите клубови нема играчи за репка. Не мислам дека од Алкалоид не се добри но дајте малку со мера.
Списокот е направен во моментите додека Филип Николов се мислел дали да потпише за Алкалоид и затоа е Велковски во репрезентација...Сега откако потпиша Филип Николов за Алкалоид, Велковски нека се збогува со репрезентацијата, на ред е новиот пулен да поигра малку да се прошета по Европа и светот...
 
Никола Маркоски за прв пат по долги години не е на списокот, што значи Аларов ќе е негова замена и прв дефанзивец во составот.
Not so fast :D
Се повредил Карасманакис, Никола Маркоски вратен во составот :D
 
Џабе е да се форсираат муабети за Николов, во денешниот рекомет кој стана игра на гладијатори нема повеќе место за бекови од ваков профил.
Има ниски десни бекови со таа висина што се истакнуваат и се едни од подобрите на својата позиција(Душебаев, Магнусон, Смитс) само сите овие своите недостатоци ги надополнуваат со други работи што можат да ги понудат(брзина, експлозивност, издржливост, асистенција, ракометна интелегенција).
За жал со ништо од ова Николов не може да се пофали.

Таа игра на Николов кај што главно со некоја финта, игра еден на еден или шут од место преку блок ги решава противниците, може да поминува само во домашно првенство со послаби екипи и против играчи кои физички не се доминантни над него.
Мислам дека на некое посериозно ниво ќе се изгуби, едноставно секој втор напад кога ќе атакува на противничката одбрана ќе удира како во ѕид, на крај неизбежно е тоа да се завршува со многу технички грешки и загубени топки.
Додатен хендикеп му е и играњето одбрана, кај што сигурно е бетер од Велковски и Јагуриновски на пример.

И да добие шанса за репрезентација некогаш во иднина, сигурно нема да направи никаква разлика, а јас сум убеден дека ако игра на некое големо натпреварување ќе биде послаб од сите три десни бекови кои се моментално повикани.
 
Незаменливи овие од Алкалоид.Барем пикери имаме.
Добро знам дека како навивач на Вардар нервира но што да правиме кога само алкалоид има наши играчи. Кој да повика друг? Да сме реални да беше друг селектор сега ќе гледавме дупло послаба екипа.
 
Not so fast :D
Се повредил Карасманакис, Никола Маркоски вратен во составот :D
Никола Маркоски лани на СП, во гашти го стави Банхиди. :D
Според мене е една од најдобрите опции за во дефанзива, иако е во поодминати години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom