123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

026. Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс)

Ај овој пат ќе пробам како Филип погоре, песна по песна:
Таму кај што си - не хит, хитиште! Ова е еден од најголемите евергрини од 90-тите во Македонија. А чудно, и денес изгледа свежо, весело, и воопшто не личи на песна од 90-тите. Веројатно акустичната гитара е највиновна за тоа, зашто за мене е тоа инструмент кој во секое време е современ и модерен. Чиста 5/5
Еден живот живеам - многу добро се сеќавам на песнава, ама додека ја слушав 5 пати ме натера да проверам дали навистина албумов е издаден во 1998. Има во песнава едни синтетички звуци кои не можам да ги објаснам на друг начин освен како некој звук како кога се парат или умираат китовите. :D Тој звук беше доста чест во поп музиката кај нас во почетокот на новиот милениум, некаде во периодот 2000-2005, па затоа немаше шанси да погодам дека е ова постара песна. ОК си е песната, ама некако клише звук, правена по некој терк да биде допадлива на фестивалите на кои Ристо често учествуваше во тоа време. 4/5
Ќе има ли ден - оваа песна прв пат ја слушам во животов! Ама ја вратив 3 пати и многу, многу, многу, многу ми се допадна. Го има тој шмек на песните од 90-те. Нешто во стил на „Ако љубиш дукати“ на Чапај и Венко. И вака на невидено би се обложил дека е песна на Венко! 5/5
Не верувам - на оваа песна доста добро се сеќавам. Мислам дека ја пееше на некој Скопски или Макфест, веројатно на Скопски зашто има некои етно елементи кои беа задолжителни во Скопските фестивали во тоа време. Некако ја има прегазено времето. 3/5
Бела - е за оваа сите знаеме дека е на Венко. Безвременска песна. Ја обожавам и неговата и изведбата на Аки и Каролина. 5/5
Со маки сум се родил - леле, ова е страшно! Баш као кит што умира. А почна интересно музиката, ама што му требаше да пее, не знам. Многу лоша преработка. 1/5
Нека засвират - уште една песна што прв пат ја слушам, со многу ориентален призвук и некои џез елементи. Не ми се допадна ич. 2/5
Источна - и оваа песна ја знам и мислам дека е од некој фестивал. Пак експериментирање со некои туѓи звуци (Јапонија или којзнае каде). Онака... 3/5
А ти - уште еден огромен хит на Ристо. Весела песничка, една од подобрите на албумот. Малку личи на демо верзија, ама намерно е така правена, као демек на некоја собиранка ја пее, и мене ми е баш штосно ова. 4/5

Просек: 3,55. Така и ќе го оценам - 3,5/5
 
16.12.2025, албум 27

1765909791056.png

027. Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон)

1765909955210.png


Калабалак е името на шестиот студиски албум на македонската џез/рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во 1983 година, за првпат преку издавачката куќа Југотон.

Список на песни:
1. „Пубертет Влада Градом“ 4:45
2. „Калабалак“ 3:55
3. „Бистра Вода“ 4:50
4. „Л.А. Крдија“ 5:43
5. „Billion Air-Conditions“ 3:44
6. „Мало Сутра“ 3:52
7. „Без Речи“ 4:24
8. „Зелена Фотеља Мог Дома“ 5:22

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Леле и вака на 3 дена е пребрзо темпо за мене, уште да останело на 2 дена, кај ќе ми беше крајот. Камбек мој на темава ќе биде албумот на Ареа, бидејќи пред некоја недела им бев на концерт, тематски да се одбележат 25 години од албумот. Сите песни од истиот беа изведени. Култен албум, некои песни станаа евергрини, некои отидоа во заборав на времето. Оцената е 4, но ако не беа “Сите мои слики“ и “Одведи ме“ во албумов, оцената ќе беше максимум 3 (а можеби и 2.5).

Ареа - Врати на имагинација - 4/5
Ти дадов се - Просечна песна, скроз ми е нивни стил, за разлика од втората која е коментирана на албумов. Некако имам впечаток дека рефренот мораше да биде подобар, не е воопшто певлива песнава со овој рефрен. Целото сетирање на песната и строфите пред и по рефренот ми се добри.
Ти би сакал - Повеќе поп, речиси ништо рок. Песна направена за да е радио хит, со сите нишани што се бараа за тоа време за една песна да е актуелна, она лигаво пеење, глас како некоја Ненси да се јавува на хотлајн. Скроз непотребен брејк на 2:23, зошто побогу? Генерално не е лоша, ама повеќе ми личи ова за песна на Ребека, а не на Ареа.
Сите мои слики - Колку и да има луѓе што не ја сакаат песнава, т.е. да им е смачено од песнава, бидејќи секаде се изведува: од сите кавер бендови, на сите свадби, прослави и родендени, ПЕСНАВА Е ЕВЕРГРИН. Да не беше позната ќе беше најпотценета наша песна дефинитивно, вака е меѓу најдобрите наши песни. Комплетна е, немам ниедна замерка за неа, текстот и музиката се чиста енергија, помешани со носталгија, безброј чувства. Како се има пеено на настапи и концерти да се наежи човек, од прв до последен сите пеат и скокаат, може и нема друга македонска песна што има таква моќ. Фала ви за песнава, ќе ја пренесеме и на децата и на внуците.
Под ѕвездите - Никогаш не ми влегла во уво оваа песна, не е по мој вкус. Има огромна доза меланхолија во песнава, што знам како да не ми е комплетирана некако...
Очи ангелски - Супер певлива песна, за жал е сквернавена со преработката во која е гостин Јанг Деди, не знам зошто била потребна таа преработка. Како и да е, албумската верзија е одлична.
Одведи ме - Уште една евергрин песна, уште една песна што ја пее секој од прв до последен, од младо до старо. Убаво е кога има балади песни кои пренесуваат толкава енергија и се толку моќни. Исклучително драга песна. “Илјада години го слушам твојот глас, низ цел универзум барам за да можам, да те допрам, да те освојам, да те одведам, по оној пат на љубовта зошто вљубена сум јас“
Кај што си ти - Просечна песна, направена за да пополни албум. Песна без рефрен, бавен текст, енергично повторување на насловот на песнава и некој синтисајзер звук место рефрен.
Биди мој - Песна која го помина тестот на времето. Не сум и некој најголем фан, но ми е над просек во секој случај, магичниот стих е: “раце подавам, ми треба раце да ме задржат“.
Friend - Како некоја песна на ЕКВ дури ме потсеќа оваа, па и уште зборот “зависник“ го има во песнава. Тука ми се допаѓа музиката, не е претерано певлива, но е солидна.
 
026. Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс)
Вчера го преслушав, искрено освен Бела и Таму кај што си другиве песни и не сум ги ни слушнал никогаш или може не се сеќавам ама секако се лоши, сите му се 1/5 освен овие 2 кои навистина останаа да се пеат и после еве скоро 30год. Така што за целиот албум 2/5, да беа само овие 2 ќе беше 5/5.
 
026. Ристо Самарџиев - Таму кај што си

Се согласувам со сите ваши негативни коментари, немам што да додам. Позитивно единствено гледам во песните Таму кај што си и Бела.

2.5/5


027. Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон)

Колку и да ми се допаѓаат Леб и Сол, не можам а да не замерам за српскиот јазик. Многу ми е неприродно Влатко кога пее. Конкретно за албумов ми се допадна тоа што повеќето е инструментал и ја има можеби топ 3 песни на ЛиС - Бистра Вода

3.5/5
 
Последно уредено:
027. Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон)

Секое утро денот на работа го почнувам со
Така да фјужн џеСот ми е добро утро.

Леб и Сол отсекогаш е била група составена од поединци - генијалци. (Овој албум е без Гаро и Кокан)
Пеењето на Влатко отсекогаш ми е било дискутабилно, искрено не ми се допаѓа неговото пеење ама имам преголема почит бидејќи е гитарски виртуоз, не може човек да е и тоа и тоа.
Тапани (кои се основата на инструменталната позадина или фундамент што би рекол Гаро отсвирени се од Драгољуб Ѓуричиќ за кој велат дека бил еден од најдобрите тапанари ), бас гитара, гитара, итн... се е совршено.

(И сите коментари на албумот на јутјуб се такви.)

5/5
 
025. Ареа - Врати на имагинација (2000, Авалон Продукција)

Навистина убаво албумче. Има неколку непознати песни, ама тие што ги знаеме се сите големи хитови. Јас не мислам дека ни една ја прегазило времето, напротив, албумов делува свежо и денес. За тоа говори и преработката на Очи ангелски со Young Dadi. ОК, ако го исфрлиме него од равенката, остатокот од песната звучи феноменално! Од мене една цврста 4/5

027. Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон)

Ова мислам дека е најслабиот од сите албуми на Леб и сол што ги преслушавме до сега. Освен Бистра вода, буквално ни една песна не ми направи мерак. Некои па (тие поџезерските) ми одеа на нерви. Цел албум е една јака петка и 7 слаби двојки и еден кец. Не можам повеќе од 2.5/5 тука. Ова беше послабо од деби албумот на Леб и сол, а на тој му дадов 3, па така...
 
19.12.2025, албум 28:

1766162661759.png

028. Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987, Југотон)

1766162698233.png


Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Мајка му се викала Сута. Со неполни десет години започнал скришум да свири на виолина, а во неговата музичка наобразба многу му помогнал вуко му Васил Неделков, кој како самоук музичар свирел на повеќе инструменти. Во младоста, Бадев многу го сакал спортот, особено фудбалот, а играл и во фудбалскиот клуб „Југославија“ како десно крило. Бадев се оженил релативно млад и во бракот со Милка имал три деца: Ристо, Роска и Сузана. Воениот рок го служел во војската на Кралството Југославија, а во септември 1944 година се приклучил во НОВ, како борец-болничар во Втората македонска ударна бригада. По завршувањето на Втората светска војна, Бадев завршил курс за медицински техничари и болничари и се вработил како санитарен инспектор-хигиеничар во Кавадарци. Во тоа време, тој веќе бил познат пејач во околината на Кавадарци, пеејќи на свадби, другарски вечери и забави.

Евоцирајќи спомени за својот татко, Роска Бадева изјавила: „Детството со него ми беше многу среќно, нашата куќа беше постојано со игра и песна“, а постарата ќерка Сузана за него рекла: „Татко ми Никола беше единствен човек, со неговиот златен глас тој беше амбасадор на македонската народна песна. Се сеќавам во младоста кога доаѓаше од странство постојано раскажуваше за неговите доживувања со иселениците, како плачат и како го дигаат во раце, тагуваат за земјата која е напуштиле“. Во чест на Бадев била поставена биста во родното Кавадарци, финансирана од локалната самоуправа и брат му Димитар. „Јас 15 години бев кога заминав од Кавадарци, тој остана тука, а јас заминав на печалба“, рекол Димитар Бадев. Неговата ќерка Роска, која е и автор на монографијата издадена по повод 20 години од смртта на Бадев, ја промовирала и книгата збирка народни песни, со 140 од вкупно 800 песни, што нејзиниот татко ги собирал за време на неговиот живот. Најомилена песна на семејството била „Ајде дали знаеш Милице“, посветена на сопругата на Никола Бадев, Милица.

Во 1948 година, Бадев го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Набргу станал член на Народниот оркестар, а подоцна бил и негов раководител. Забележан од истакнатите етномузиколози, Бадев за кусо време станал член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.[1]

За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн. Притоа, тој снимил дуети со повеќе македонски пејачи, како: Анка Гиева, Васка Илиева, Виолета Томовска, Есма Реџепова, Благој Петров - Караѓуле, Александар Сариевски, Ваташка Чалгија итн. Својата прва грамофонска плоча ја снимил за дискографската куќа „Југотон“, со песната „Тешка беше нашата разделба“. Подоцна, неговите плочи, издадени за РТВ Белград достигнале сребрен и златен тираж.

Во текот на кариерата Бадев многупати ја обиколувал Македонија, а одржал и бројни концерти ширум светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал стотина плочи, неколкупати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот станал вистински народен уметник, кој самиот рекол: „песната е мојот живот“. Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната Параходот. Параходот станала негова лична карта и химна на Кавадарци, но ги испеал и Збогум мила, Блазе тебе Митро, како и многу весели песни - Стани моме да заиграш, а пеел и комитски, хумористични и песни од сите жанрови. Имал компонирано и свои песни, но во тоа време не можело да има новокомпонирана песна, така што морал да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопиле во народни.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Утре од сабајле рецензија за албумот а дотогаш нека врти...:D
 
027. Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон)
Бистра Вода, само толку е албумов, маестрална е таа нумера, Калабалак ајде таа некако поминува се останатао на албумов е само да дополни место ништо особено.
2,5/5
 
028. Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987, Југотон)

За неколку нијанси послаб албум од претходниот, но таа е таа основа, тој е тој специфичен глас, намерно вчера го ставив Гиш, како маестрално ја носи таа негова емоција.
Нема песни, како Билјана платно белеше, Кажи Рајне, Не се бели Маре...
Малку потежок албум.

3/5
 
028. Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987)

Многу полошо продуциран албум од претходниот, тоа да. Звучи ко во 20-тите да е сниман, а не во 1987. И малку помалку познати се песните, ама скоро сите ги знаев и гласот на Бадев ги прави боженствени! Насловната „Тешка беше нашата разделба“ е многу убава песна. Штета што не е многу популарна кај нас по кафани, ама многу убава песна за во тој сетинг. Баш за кршење чаши е песната. „Вино пијам, ем ракија“ е уште една многу убава песна која верувам дека е најпознатата од албумов. Убав албум, ама се согласувам максимално дека е далеку послаб од „Билјана платно белеше“. 3,5/5
 
22.12.2025, албум број 29:

1766427396771.png

029. Зијан – Низводно (1991, МРТ)

1766427838877.png

Зијан
е македонска рок музичка група од градот Гевгелија. Нивните почетоци датираат уште од 1978 под името „Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во Зијан. Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како прегрупа на бендот „Видеосекс“. Победуваат на „Гитаријадата“ во Заечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо-албум во Белград. Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката. Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.

Во 2022 се навршија 30 години од излегувањето на деби албумот на групата „Зијан“, насловен „Низводно“, на групата од „малата“ Гевгелија, која во осумдесеттите години на минатиот век беше на прагот на големо да влезе во „Првата лига“ на тогашната југословенска рок сцена. А условите за такво нешто беа и повеќе од поволни. По освојувањето на македонската публика, кога настапуваат низ македонските градови, доаѓа настапот на „Рок фест 87“ каде „Зијан“ го освојува првото место и добиваат можност да настапат на Зајечарската гитаријада.

Таму „Зијан“ ја одушевуваат публиката и стануваат победници на гитаријадата „Зајечар 87“. Како награда, добиваат можност да издадат албум за Продукцијата за грамофонски плочи на Радио телевизија Београд. Ги снимаат сите композиции за овој албум во студиото на Тоше Поп Симонов, на кој материјал клавијатурите ги свири Кирил Џајковски, но за жал, овој материјал никогаш не го здогледа светлото на денот, како плоча.

Како што деновиве се присетува басистот Костадин Динев, неколку пати членовите на групата заминуваат за Белград да се интересираат до каде е стигната работата околу издавањето на албумот, и секој пат од уредниците им било ветувано дека набргу тоа ќе се случи. За жал, овој албум никогаш нема да го здогледа светлото на денот, а со тоа групата незаслужено останува без толку очекуваниот продор на тогашната југословенска поп рок сцена. Снимките од овој албум остануваат кај продуцентот Тоше Поп Симонов и кај членовите на групата.

Наредната 1988 година, Зијан имаат настапи во Суботица, на „Маракана“ во Белград на големиот „Рок спектакл“ а врв на нивната музичка кариера, и уште еден доказ дека „Зијан“ се голема група, е настапот во 1988 година на фестивалот „Омладина“ во Суботица. Со едногласна одлука на публиката и жири комисијата, Зијан се прогласени за севкупни победници во конкуренција на 237 пријавени бендови од Југославија. И наместо нивната кариера да почне да оди по нагорна линија, поради игнорантскиот однос кон групата на издавачките куќи и некои музички институции, а и поради подоцнежното распаѓање на Југославија, на момчињата од „Зијан“ им беше одземена можноста да бидат една од најголемите рок групи кои свиреле на Балканските простори.

Конечно, во 1991, „Зијан“ година на пазарот се појавува деби албумот на „Зијан“ насловен „Низводно“ во издание на Музичкото касетна продукција на МРТ. Албумот е снимен за десеттина дена во Студиото М-2 во Скопје, продуциран е од Валентино Скендеровски, извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа, а снимател Исмаил Авдуловски-Џо. Динев Костадин, бас гитара и вокал, Митров Апостол, гитара и вокали, Динев Анѓел, тапани , Зарлинов Кирил, клавијатури, потпомогнати од Јанковиќ Вера, вокали, , Стојковски Стево, гајда и Скендеровски Валентино, клавијатури и програмирање учествуваат во снимањето на овој албум на „Зијан“, кој е вистински дијамант на македонскиот поп-рок и на кој се наоѓаат осум антологиски композиции, осум вистински бисери, на кои изминатите години не им одзеле ништо од нивната вредност, свежина и маестралност. Да ги споменеме, безвремената „Пушти коси“ , двете суптилно обработени фолклорно настроени „Стамена“ и „Кате сваќе“, заразната тема „Елизабет“, хитовските „Денови“ и „Град“, љубовната „Рушиме се“, и на крај, како крем, „пинкфлојдовската“ инструменталка „Низводно“.

Ако Скопје се препознава по скопско, во рамките на пијалоците, тогаш во рок музиката Гевгелија, а и Македонија, се препознава по групата „Зијан“, работеле тие или не. Оваа група останува мерка на еден постојан квалитет. Нивната музика останува свежа и со текот на годините не губи ништо од својата свежина, благодарејќи пред се на интересната и ненаметлива употреба на македонскиот мелос во нивните композиции, одличните текстови и луцидните аранжмански решенија.

Како круна на нивната долгогодишна работа и потврда за нивната афирмација на својот град, е добивањето на Златната плакета во 2004 година по повод 7 Ноември, празникот на Гевгелија.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба 3/5

Мару, Марике - На почетокот дур не ми се навикне увото, не ми беа ни разбирливи зборовите, но потоа ми се навикна и ми стана добра песнава. Ритамот е интересен, игрива, забавна.
Мама го Тоде учеше - Сличен наратив како “Мајка на Марика думаше“, мотивот каде што детето не го слуша родителот е многу чест за нашите народни песни. Ова е посериозна песна и не е игрива како првата
Тешка беше нашата разделба - "Мојте солзи патот го топеја" доста тешки и моќни стихови лежат во песнава. Многу лоши и бедни времиња биле порано, нешто што не можеме да го замислиме во денешно време. Одат во печалба мажите за да спелачат пари за да изградат куќа за жената и фамилијата која ќе ја оформат. Нема видео повици на Вибер, нема прв лет фаќање од 20 евра ако си прифалат, нема на Месинџер муабетење кога нема работа, евентуално некое писмо и само поврзаност во душата и надеж дека ќе се врати жив и здрав од туѓина и дека сонот за фамилија ќе се оствари. Што знаеме ние за тежок живот, мекуши сме тотално.
Вино пијем, ем ракија - Како првата песна, забавна, интересна, љубовна приказна со среќен крај раскажана на олд скул начин.
Легнало, лудо заспало - Ова против тежа на минатата песна, од среќна во несреќна љубовна приказна, убава песна.
Кото моме, кито мори - Оваа песна не ми се допадна, како да му се крати цело време здивот на Никола дур пее, а и целата интерпретација ми е доста лоша и неслушлива. Не знам дали е Кото во насловот, веројатно треба да е Кита, како сестрата на Крали Марко.
Разболе се младо Македонче - Кратка љубовна приказна, клише во народни песни, ама секој пат кога ќе слушнам ваков мотив на песни ми е убаво на душа. Љубовта е универзален лек за се, била и ќе остане.
С каменички фрлат мамо - Океј песничка, убаво ми легна тапанот/тарабуката (не сум сигурен што е ова)
Садила Јана ран бел босилок - Немаат време ни босилок момите да трошат за женети момци, практични си биле, просек песничка.
Пуста била мамо Америка - Нашата верзија на “Проклета је Америка“, која ја форсираат секогаш кога испраќаме некој во Америка, оваа ретко кој ја знае од луѓето под 40 години (кои заминвуаат во Америка). Може и најмеланхолична на албумов, кратка а многу моќна. “Кој без рака, мамо, кој без нога, мојто либе мамо и без глава.“....
Моме оди на вода - Интересна песна, ама просек генерално, не ми се издвојува нешто премногу. Ова “оф аман аман“ и во други народни песни го има.
Не ли го видовте - Не знам за другиве, ама песнава на Бадев е 35 години пред да е издаден албумов, просечна ми е.
Зошто мајко ти ме роди - Оваа дури и не ми се допадна, некако мелодијата не ми е за македонска песна, повеќе ме потсеќа на грчко-турска.
Љиљано, моме убаво - Просечна песна, малку и со хумористични ноти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom