Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
После утакмицава:

Глуп човек пишува "Добро, само една утакмица е, не е проблем, долго натпреварување е, се дешава, битна лигата, тука не е битно дали ќе треба 1/16 финале или не, има многу фудбал, ќе решава формата во 2026, башка со Палмер тогаш ќе биде друга приказна"

Паметен човек пишува дека Филипе Луис освои Копа Либертадорес и Бразлиска лига сезонава, а освен неговата двојна титула сезонава вреди да се спомене дека Фабрегас и Комо се најпозитивна приказна во италијанската Серија А, впрочем исто како и Лампард со Ковентри кои се први во Чемпионшип со дадени можеби и најголем број на погодоци во Европа од топ лигиве

Интелигентен човек гугла "Most influential billionaires in Qatar"

Уберменш гугла "cicki, porno, besplatno video, gugle"
 
Не е тоа тоа. Нема константност. Период 4-8 утскмици топ и после провалија исто толку натпревари.

Дали е до Мареска. Дали е до играчите. Што знам. Енигма ми е Мареска.
 
Ваква турли тава постава на играчи можеа Потер во Челзи и Ван Гал во Манчестер да извадат само.
Мозочен удар да има па нема до овој степен да е глуп

Кукуреља позиција амц, Густо и Џејмс централни мидфилдери, Каиседо закован два чекори пред штоперска линија.

Гитенс нигде го нема цел натпревар овој го чува 90 мин.

Претходна текма жртвуваше натпревар од пл за меч од лш сега жртвува меч од лш за меч од премиер лига.

Изгубен е братов начисто, а уште по изгубени се нашиве директори.

Убаво кажа Змејски да беше Абрамович до сега Хидинг ќе го имаше запалено моторчето.

Плави другар не 6 уште 66 минути да имавме со оваа поставеност ние немаше да искреираме акција како треба, искрено само чекав да заврши натпреварот.
 
Не е тоа тоа. Нема константност. Период 4-8 утскмици топ и после провалија исто толку натпревари.

Дали е до Мареска. Дали е до играчите. Што знам. Енигма ми е Мареска.
I do dvata tabora, ni igracive ne se za branenje a Maresca so Pep autist sindromot nikako ne pomaga so konsyantnost posto celo vreme izmisluva topla voda.
Enzo e pregoren od igranje, nema dusha vo nego, mora da odmori za greota e.
Uzasen mec vcera od sekoj aspekt za cel tim i Maresca.
 
После утакмицава:

Глуп човек пишува "Добро, само една утакмица е, не е проблем, долго натпреварување е, се дешава, битна лигата, тука не е битно дали ќе треба 1/16 финале или не, има многу фудбал, ќе решава формата во 2026, башка со Палмер тогаш ќе биде друга приказна"

Паметен човек пишува дека Филипе Луис освои Копа Либертадорес и Бразлиска лига сезонава, а освен неговата двојна титула сезонава вреди да се спомене дека Фабрегас и Комо се најпозитивна приказна во италијанската Серија А, впрочем исто како и Лампард со Ковентри кои се први во Чемпионшип со дадени можеби и најголем број на погодоци во Европа од топ лигиве

Интелигентен човек гугла "Most influential billionaires in Qatar"

Уберменш гугла "cicki, porno, besplatno video, gugle"

Мареска мора да си оди, не е хумано ова. Тухел го отпуштија по оваков период, за Мареска се мислат.

Не верувам Лампс да се врати, не е луд да се заебава со овие, ќе си избилда повеќе искуство па може понатаму како опција да се издигне.

Фабрегас исто, не верувам да дојде во Челзи, си зема залет со Комо и си работи по негово, тука кај нас треба да е Yes man, а знаеме дека не е.

Тренерот мора да си оди, тука нема збор.

Само кој би дошол на негово место?

Енрике од ПСЖ не верувам да си оди, за мене со Фабрегас се топ за нас.

Алонсо ако го шутнат од Реал, ама ќе си летне во Ливерпул он.

На крај со Гласнер или Нуно Е. Санто од Брајтон пак ќе им преплаќаме.

Па може и господинот Шон Дајч, неговиот фудбал секако е во мода.
 
Проблем беше да се работи со Челзи пред две сезони, сега овој состав е добар за менаџирање.

Имаме лидери во Енцо, Џејмс, Палмер, Каиседо, Нето сите позиции ни се покриени со два играчи.

Проблем е што Мареска измислува топла вода ака Гврадиола мод.
Таков систем функционира со јаки играчи.

На Челзи му фали нормален тренер кој ќе внесе дисциплина во играта и верба кај играчите.

Мареска има повремени блесоци но џабе сето тоа кога наредната со некои си претумбации што само му се вртат во глава и на татко му Гвардиола ќе упропастиме ствар.
 
100% се согласувам.

Изиграва генијалец како татко му Гвардиола (кој што загуби куп битни натпревари па и финалиња заради тоа што измислува топла вода).

Супер против отворени екипи, екипи со низок блок не сечат.

Тоа е одлика на тренер што нема план б или план ц.

И не, кукурела и густо како 6ки не е ни план б ни план ц, тоа е глупост и немање стратегија.
 
Тренерот мора да си оди, тука нема збор.

Само кој би дошол на негово место?

Ех, таа е ситуацијата, не би рекол дека мора да биде отпуштен уште од сега.

Со муабетот дека да беше Роман сега веќе можеби ќе беше отпуштен имплицирав дека се сменети работите, сега е поинаква ситуацијата.
100% ќе остане до крај на сезона освен ако (недајбоже) се случи огромна катастрофа.

А после, зависно од резултатите...ќе видиме.
Од овие што ги спомна Гласнер ваљда ќе го бараат сите, а секако да почекаме да видиме и дали некои други екипи ќе се ослободат од тренерите.

Но нели, пред се, да се надеваме дека ќе отидеме чекор погоре со Мареска и нема да има потреба да се прави ваква дебата на крај на сезона :icon_mrgr:
 
Со Палмер Челзи е друг тим.

Фофана и Чалоба се слажаат добро како тандем и се надополнуваат еден со друг, не дека се перфектни имаат уште доста да напредуваат но изгледа дека они се добитна комбинација за сезонава.

Педро е очаен освен оние неколку партии на почеток останатото е катастрофа. Делап исто.
Незнам зошто упорно не му дава шанса на Гиу неколку натпревари да видиме колку е способно детето.

Мислев дека никогаш нема да кажам ама Џексон за овие моментално како играат е кока кола.
 
Joao Pedro >>>>> Jackson, sekoj den, sekoe vreme.
Ne znam sto vi e so hejtov za igracite, pa uste i Jackson go bara nazad, stvarno kako fan baza ne zasluzuvame ubavi raboti, sto e sledno Poter ili Poketino nazad?
Underrated igrac e Pedro momentalno od prosta pricina sto ne dava redovno golovi ama od aspekt na presing, link up, finish e dve klasi nad Jackson.
 
Жоао е професор доктор за Џексон а и за Делап. Жоао треба да игра позади Делап/било кој друг. Не е профил на игач да игра како осамен шпиц.

Фофана денеска стуб. Иако Евертон добро играше и можеа еден најмалце да погодат. Следна е со Њукасл гости. Уште тука кикс или нерешено ќе значи топ 3-4 максимум. Веќе имаме 6 бода помалце за во споредба со минатата година после ова коло.

Гуи не му е по терк на Мареска . Не заборавајте дека го вртија само поради тоа што Делап се сјеба на почеток од сезонава. И откако Џексон се заинаети за Баерн.
 
Зборам реално на работите не е никаков хејт.

Што не пишувам нешто против Кукуреља или Касиедо например.

Имаше период од месец дена каде што немаше удар во голот а игра на позиција напаѓач, не влегува во шанси,
погледни му го xА/G колку му е паднат, тоа ти е уште еден показател.

Поголемиот дел од акции Педро и Делап се себични како да играат сами за себе а не за тимот.

Педро не бил класичен шпиц и се слажам, но тоа му доаѓа дека пак Челзи уствари нема нападач.
Да игра пред Палмер нема шанса.

Дека е подобар играч од Џексон по капацитет е тука нема дилеми но моменталнава форма и игра не го покажува тоа.
И овој коментар е на 15 дек иако он веќе 3 месеци игра слабо.

Џексон треба да е завршена приказна и јас лично не го барам назад, Џексон промашуваше тие промашувања Челзи го чинеа поени, добиваше црвени без потреба еве го и Делап доби црвен и се однесува агресивно.
Муабетот ми е дека моментално во оваа ситуација во која што сме од нападач што имаше да кажеме капацитет за 10 гола во сезона добивме играчи што нема да постигнат 10 гола.
И тоа не е напредок, сега дали се донесени од план на Мареска или од некој друг незнам.

Спомна тренери како јас да го бранам Мареска кога братов прави очајни грешки да не се повторуваме секоја недела.

Челзи треба да покаже напредок сезонава бидејќи има подобар тим од лани, на секоја позиција сме покриени со минимум два играчи.
Подготвеност на тие играчи е работа на тренерот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom