Стари компјутерски списанија и магазини

  • Креатор на темата Креатор на темата dragan-ge
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 декември 2025
Мислења
4
Поени од реакции
7
Здраво дечки. Во потрага сум по стари компјутерски списанија и магазини. Списанија како: Enter, PC Info, PC Mag, Plugin и слични. Дали случајно на некој му се наоѓаат по дома и не му се потребни? Може да се договориме за компензација секако. Правам ретро катче во канцеларија, со ретро стар компјутер, виндоус 2000 инсталација, стара тастатура и маус, стари игри итн. Ќе принтам стари постери, ама сакам и стари списанија за да се долови енергијата од тоа време. Јас го имав скоро секој број од PC Info и Enter и доста Plugin броеви, ама моите ги фрлиле кога се отселив :place::place::place:
 
 
Ги памтам тие списанијата од Ентер, а што имаше во нив? Знам и некои цдиња имаше
 
Ги памтам тие списанијата од Ентер, а што имаше во нив? Знам и некои цдиња имаше
Имаше интернет :icon_lol:

Хтмл страна што ја отвараш offline, немаше многу разлика со онлајн страната
 
Имаше цедиња во сите. Во PC Info фокусот беше повеќе на програмчиња и алатки и имаше freeware или demo софтвер. Кул беше ептен. Омилено ми беше. Ентер беше по комерцијално и за сите. Имаше демо игри, програми итн. Plugin имаше доста и со хардвер ствари, не само софтвер. Доста јаки беа. Мака ми е уште што веќе не ги поседувам :popce:
 
Од средината на1990 до средината на1994 редовно купував Свет Компјутера и беше прилично добро списание . Имаше се и сешто во врска со компјутерите во него почнувајќи од Комодор 64 и ZX Спектрум , па Амига и Атари и нормално за тогашните PC компјутери како 286 , 386 и 486 DX кој за тоа време беше врв и чинеше околу 4 - 5 000 германски марки . Во списанието имаше да се прочита и за разни програми и игри за споменатите компјутери , за хардвер и слични додатоци , новитети во компјутерскиот свет а на последните 7-8 страни имаше и неколку walkthrough`s за пообемните игри од тоа време . Ова беше единствен начин во тоа време да прочиташ упатство за некоја пообемна и комплицирана игра , оти интернет не постоеше :) . Најјако беше што имаше неколку страни со огласи од пирати од цела бивша Југославија кои продаваа игри и софтвер и тој беше едниствен начин да купиш игра или програма . Ехее колку пати сум се јавувал во Белград да порачам некоја игра или програма за моето Комодоре 128 . Обично порачував по 2-3 дискети кои ги чекав по 1-2 недели да стигнат по пошта . За жал пред десетина години кога го расчистувавме станот се фрлија многу стари работи меѓу кои и списанијата . Баш ми е криво шо не ги зачував .
 
Ако успеете да ги најдете скенирајте баш и ставете ги некаде. За Ентер сум си чувала пари од тоа што ми давале за ручек за да си купам.
А на цедињата имаа топ музика.
 
Moj Mikro купував, а не Svet kompjutera, затоа што у првото имаше за мојот глуп компјутер (ATARI 800XE).
 
Moj Mikro купував, а не Svet kompjutera, затоа што у првото имаше за мојот глуп компјутер (ATARI 800XE).

Имам купувано Мој Микро ама многу ретко . Иначе не беше толку глуп Атари 800 , колку шо знам на исто ниво беше со Комодор 64 , само незнам дали имаше доволно софтвер за него ( игри и програми ) .
 
А на цедињата имаа топ музика.
Музика ?
Ја колку што памтам имаа некои мини игри и софвер програми за се и сешто. Најмалце сум сигурен дека имаа музички цедиња.
 
Ако успеете да ги најдете скенирајте баш и ставете ги некаде. За Ентер сум си чувала пари од тоа што ми давале за ручек за да си купам.
А на цедињата имаа топ музика.
Сигурна си дека не купуваше Гранд? :icon_lol:
 
Даааа цедињата имаа музика на менито што беше у принцип навигација до програмчињата и демо игриците што ги имаше на цедето. Со тоа што ентер беше повеќе фокус на игри и програми за по широка публика, а PC Info имаа конвертери плагини и такви по технички работи. Не беше толку фенси како ентер, ама имаше многу повеќе работи за гикови. Најдов неколку броеви на BUG од огласите погоре, а и налетав на некое PC Info од друго место. Не знам во која состојба ќе се. Ако некој продава Ентер изданија пишете ми, дека тие се нај препознатливи од сите кај нас :angel:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom