Gley.mk (македонска национална стриминг платформа за гледање серии и филмови)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
GLEY се катастрофа. сугестија да не уплакате. После уплатен пакет, не функционира а не одговараат на ниту еден контакт што е наменет за тоа. Не одговараат на маил, на ФБ. Не ги учитува содржините. Конкретно кај мене, иста апликација ист уред каде пред една година функционираше, сега не функционира.
 
Пола серии ќе ги тргнат, а додаваат глупости ко аеробик вежби.
Таман ќе им пишев редно е нови серии да ставите и ја избришале објавата.

IMG_1715.jpeg
 
Или немаат кеш да платат?
Или кратат за да заштедат. Можеби и Телеком Србија кој е сопственик на тие серии и е присутен и во Македонија решава да ги понуди на некоја своја платформа во Македонија.

Како и да е Gley не е лоша алтернатива на стриминг платформа но му фали повеќе од ова што го има. Очекував јас уште кога почнаа дека повеќе ќе се фокусираат на нивна продукција и воопшто домашна македонска продукција серии, филмови, документарци, шоу емисии и што и да е.

Технички им е потребно подобрување.
 
Пред некој ден ја додадоа српската серија Тајне винове лозе. Интересна серија ама и на моменти досадна.
 
Само кај мене се укочува у последно време и има по 4 реклами по ред?
 
Ова било посрање од што првично мислев. Кај се плаќа, па и реклами има од по 30 секунди. Јас сакам да ѕирнам и сум принуден ебена реклама да гледам. Врвот е што не може ни да кастнеш од телефон на телевизор... Ужас. Заслужуваат да пропадне.
 
Понуда на содржината не е лошо. Техниччки се катастрофа.

Нема ни опција да направиш посебен профил ни профил за деца.
 
Ова било посрање од што првично мислев. Кај се плаќа, па и реклами има од по 30 секунди. Јас сакам да ѕирнам и сум принуден ебена реклама да гледам. Врвот е што не може ни да кастнеш од телефон на телевизор... Ужас. Заслужуваат да пропадне.
Си го платил најевтиниот пакет. Исто ти е ако Sky платиш најевтин пакет имаш реклами. Ја имам фул пакет и нема реклами.
 
Си го платил најевтиниот пакет. Исто ти е ако Sky платиш најевтин пакет имаш реклами. Ја имам фул пакет и нема реклами.
Не е битно, ако не е бесплатно нема што да има реклами, истото важи за сите вакви сервиси. Испаѓа торент е подобро од ова. И која е поентата да нејќе на тв? Глупости
 
Не е битно, ако не е бесплатно нема што да има реклами, истото важи за сите вакви сервиси. Испаѓа торент е подобро од ова. И која е поентата да нејќе на тв? Глупости
Јбг братче сите функционишат на тој начин. Нетфликс пример ќе платиш најевтин пакет и ќе немаш реклами али квалитетот на слика ти е само HD (720p), ако сакаш повеќе плаќаш повеќе.

Мислам и HBO имаа некој вакви заврзлами.

Не е да ги бранам, али мал пазар сме мора да заработат за нови содржини, а очигледно слабо заработуваат штом акција продаваа на берза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom