Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Успеав да бутнам личен на полу за 15 секунди, новиот гласи 1:24:20. И тоа стариот датира од пред 6 години, каде што бев добри 5-6 килограми послаб и каде што многу помалку тренинзи ми беа потребни да се спремам за тој резултат споредбено со денес. Сега после илјадници и илјадници километри во тренинг повеќе, неколку неуспешни обиди за нов личен, конечно се наместија коцките, да сврзам константна дисциплинирана тренинг програма, без значителни повреди, плус идеални временски услови за трчање и дојде личниот. Доста жртва за 15 секунди ама вредеше, убаво е чувството. А и да нема трки, јас посекако ќе сум на кеј да си трчам дека ми е навика и терапија, еден разговор сам со мислите. Сега наредна недела трчам Загребски полумаратон исто и би требало да е тоа крајот за оваа година (максимум уште по некоја 5ка трка локална). Браво за сите што истрчавте денес, ви посакувам побрзо закрепнување на сите.
Bravo, 1:24 ne e zaebancija, alal da ti e.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom