Веруваме дека помеѓу независните кандидати има добар материјал. Не веруваме дека можат да направат било што, без поддршка од централна власт. Ако се навистина независни, нема да добијат поддршка. Ако добијат поддршка - не се независни. И тоа е тоа.
На град Скопје, централна власт воопшто не му е потребна. За разлика од градските општини, ЈП на град Скопје сите ги наплаќаат своите услуги. Со тоа огромен дел од буџетот останува за капитални инвестиции. И да не се пипнат ЈП, градот на годишно ниво располага со некој минимум 40-50 милиони евра на годишно ниво за капитални инвестиции. Ако се стегне каишот во ЈП и се исчистат малку од партиски кадар, имаш без проблем 70+ милиони евра годишно за да тераш проекти. За 4 години и Универзална и Луна парк, патот накај драчево и расадник, сите проекти кои секој изборен циклус ги ветуваат можеш да ги завршиш.
На ниво на општините во Град Скопје, ситуацијата е далеку далеку покомплицирана. Општините реално немаат буџети за да тераат поголеми проекти, но во поделбата на ингеренции они не ни треба да го прават истото. Нивните главни надлежности се:
1. Општината да биде чиста
2. Школите и градинките да бидат во добра состојба.
3. Локалните улички и пешачките патеки да се одржуваат
4. Да се погрижат урбаното планирање да соодвествува со потребите на локалните граѓани.
Ниту една општина во Скопје не ги извршува овие свои надлежности, ниту една. А централна власт не е потребна за ниедна од овие.
Општините се цело време во финансиска дупка поради следните причини:
- ВМРО-СДС ја имаат наполнето општинската администрација до плафон, и тоа со административци кои не прават апсолутно ништо. Да работеа барем како бирократи, се ќе беше како под конец ( чисто за пример Аеродром има 200 вработени)
- Буџетот се троши на најмување на приватни фирми кои вршат дејности кои се поклопуваат со тие на ЈП. Значи имате ЈП за чистота, или сезонски работници за чистота, и општината плус оди и најмува фирма за одржување на тревници за по 300 000+ евра годишно.
- Асфалт и бекатонки, реди/копај/пререди. Тоа се и капиталните инвестиции по цени х2 од реалната цена. Најчесто и без никаква потреба. Али тоа е најлесното да се сработи и цело време го фураат.
- "Урбана опрема", купување на клупи,фонтани, корпи за отпадоци, детски игралишта кои изгледаат модерно и футуристички по неверојатно високи цени. А истите немаат никаков начин да бидат одржувани и се лесно кршливи и така во круг.
- Невладини/директни донации и субвенции за најразлични категории со кои се испумпуваат пари кај нивни луѓе.
Да се намалат овие трошоци за 50%, во секоја општина во Скопје ќе се ослободи по минимум 1 милион евра годишно за крупни проекти.
Данела не е лош градоначалник зошто ВМРО е на власт и се караат. Данела е лош градоначалник дека е неспособна. Да не се шитнеше и да продолжеше со чистките во Водовод и во Паркови и Зеленило. Сега четвртава година кога ќе имаше вистинска контрола врз ЈП, градот ќе светеше и ќе можеше пак да се кандидира.