- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.181
- Поени од реакции
- 5.386
Испровоциран од една вест што ја прочитав за ситуација во една помала општина во Македонија викана Лозово, што се наоѓа измеѓу Велес и Штип ја отварам темава каде што ќе може да продискутираме и членовите да го кажат своето мислење.
Имено моменталниот градоначалник и повторно кандидат од Дпмне за овие избори си купува куќа да живее во Волково, замисли кој пораз е дека самиот градоначалник не гледа иднина да живее во општинава а треба да го гласаш повторно за нов мандат ?
Но ако мислевте дека ова погоре е дебакл тука е Сдс да те демантира. Имено повторно го кандидираат градоначалникот кој изгуби на последните избори, инаку бивш избркан полицаец, со еден куп скандали и криминали во неговиот мандат, сакаше кафилерија за горење на лешеви да им направи одма до населеното место и инаку си живее надвор во странство Австрија мислам дури и додека беше градоначалник. Познат уште по тоа дека на наградна игра од општината за негова година шпоретот го доби неговата ќерка
Јасно е дека маливе општини кубурат со кадар па затоа и вакви шарлатани добиваат шанса воопшто (не дека во големите ептен поарно сепак). Плус ако додадеме на ова дека најчесто овие општини имаат многу слаба економија и минимални приходи во буџет
Мислам очајно е потребно нова административна поделба и укинување на дел општините како Лозово, Вевчани, Градско, Дебрца, Зрновци, Конче, Маврово и Ростуше, Новаци, Пласница, Росоман, Центар Жупа и сите со 2-3000 жители што глумат општина. Џабе се фрлаат пари на градоначалници, општински згради и советници а ефектот е минимален скоро никаков
Какво е вашето мислење дали сегашната административна поделба е ок или потребни се измени ?