Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување

Ги има ли некој земено овие и дали имаат ефект
 

Ги има ли некој земено овие и дали имаат ефект

Ова е најслабиот тип на магнезиум (оксид).
Зависи од килажа и колку си анксиозен/а, не е баш делотворен.
 
Дали , доколку имаш анксиозност, поставена дијагноза од лекар ,дали те следува боледување без разлика дали ќе користиш лекови или ќе се бориш едноставно.
Кој треба да ти даде боледување ,ако некој има искуство.


Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Дали , доколку имаш анксиозност, поставена дијагноза од лекар ,дали те следува боледување без разлика дали ќе користиш лекови или ќе се бориш едноставно.
Кој треба да ти даде боледување ,ако некој има искуство.


Sent from my SM-A025G using Tapatalk

Ништо не ти следува освен терапија. Боловање може да ти даде матичен.
 
Јасно , терапиите знам се по 6 месеци а боледување изгледа од 2 недели повеќе не може да ти даде...

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Јасно , терапиите знам се по 6 месеци а боледување изгледа од 2 недели повеќе не може да ти даде...

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
edna nedela imas od maticniot doktor, a poveke denovi boleduvanje samo od specijalist, pa potoa od komisija.
 
Дали , доколку имаш анксиозност, поставена дијагноза од лекар ,дали те следува боледување без разлика дали ќе користиш лекови или ќе се бориш едноставно.
Кој треба да ти даде боледување ,ако некој има искуство.


Sent from my SM-A025G using Tapatalk
Матичен до 7 дена. Подолго од тоа до 15 дена треба да имаш боледување од психијатар. Повеќе од 15 дена, мора да се продолжи боледувањето од лекарска комисија.
Автоматски споено мислење:

Јасно , терапиите знам се по 6 месеци а боледување изгледа од 2 недели повеќе не може да ти даде...

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
Може, зависи од состојбата и дијагнозата. Психијатар треба доколку смета дека има потреба за боледување подолго од 15 дена, да напише на извештајот, па потоа пациентот се упатува на лекарска комисија за да се одобри продолжување на боледувањето.
 
Ги пијам поради одредени кардиолошки проблеми, но се си мислам дека истите ми се јавија не поради одредена кардиолошка патологија, туку баш поради анксиозноста. Поточно нетипично покачен пулс и притисок, во дадена стресна ситуација. После недела дена пиење почувствував осетно подобрување на одредени сензации, т. е. симптоми кои ги поврзувам со анксиозност. Како трема и претерано возбудување. Не ни знаев како делуваат дур не се почувствував како поопуштен, па гуглав после тоа.

Не би ти препорачал на своја рака да пиеш бета блокатори, иако истите, барем мојот-Небилет го даваат и без рецепт. Се мислам дали да продолжувам, зашто после миљон испитувања се испостави дека кардиолошки сум ок, па дали вреди да се пие поради анксиозност или сам да се соочувам и борам со истата а не со лекови(не би го пиел лекот најмногу поради можноста за еректилни дисфункционалности, но еве за месец дена скоро не приметив такво нешто). А и зошто да пијам лекови, кога изворот на проблемот е од различна природа.
Здраво, знам дека е после повеќе години, но сепак барам искуство од некој кој успеал да се откаже од Небилет. Дали го откажа лекот или уште го земаш? Ако го откажа, на кој начин го направи тоа? На упатството пишува дека треба постепено да се намали дозата, но докторот вели дека може одма да се прекине. Читав на интернет дека не е препорачливо нагло прекинување.
 

Ги има ли некој земено овие и дали имаат ефект

Магнезиум бисглицинат/хелиран магнезиум. Пробај, го има на Солгар исто, само многу малку ќе ти трае пакувањето, не повеќе од 20 дена мислам.

Здраво, знам дека е после повеќе години, но сепак барам искуство од некој кој успеал да се откаже од Небилет. Дали го откажа лекот или уште го земаш? Ако го откажа, на кој начин го направи тоа? На упатството пишува дека треба постепено да се намали дозата, но докторот вели дека може одма да се прекине. Читав на интернет дека не е препорачливо нагло прекинување.

Било кој антидепресив и слично не смеат да се прекинуваат нагло. Не дека е непрепорачливо-НЕ СМЕЕ!
 
Здраво.

Во 2021 по една пост ковид епизода (екстремен замор) животот едноставно ме примора да станам свесен за тоа што се случува во моето тело и ум и да се соочам со сите грижи и стравови кои ме држеа заглавен во состојбата.

Решението беше во поврзаноста помеѓу умот и телото. Преку знаењето и алатките од Гешталт и Internal Family Systems психотерапевтските модалитети, како и преку моќта на мајндфулнес и медитацијата јас успеав да излезам од состојбата.

Сите овие техники не само што ми помогнаа да ја надминам пост ковид ситуацијата, тие ми помогнаа да живеам многу позадоволно , помирно и посреќно.

Увидувајќи колку сето ова знаење и техники за менталното здравје придонесоа да живеам многу поквалитетно и помирно - добив силна мотивација да помогнам во споделување на сите овие знаења до што е можно повеќе луѓе.

Затоа од неодамна се вклучив во проект на Гешталт советувалиштето за хумана соработка - Гешталт Македонија - каде што сум и едукант за Гешталт психотерапија.

Од овој проект треба да произлезе онлајн програма / курс за справуавње со анксиозност и стрес.

Целта е овој онлајн курс да биде ефикасно и лесно достапно решение за што повеќе луѓе во Македонија.

За да може да го креираме најдоброто решение потребно ни е мислење од што е можно поголем број на луѓе кои се соочуваат со анксиозност и стрес.

Затоа би сакал да ве замолам да одвоите 5-10 минути од Вашето време за да го споделите Вашето искуство и мислење на тема: “Како се справувате со анксиозност и стрес?”

Како благодарност за Вашиот придонес – веднаш по пополнувањето на прашалникот ќе имате можност да пристапите до аудио вежба од Гешталт психотерапијата и прашања за рефлексија.

Овие вежби ќе ви помогнат да ги истражите вашите емоции, мисли и сензации во телото, а со тоа и да изградите поголем капацитет за свесност за тоа што се случува со вас во сегашниот момент.

Линк до прашалникот:


Ви благодарам за Вашиот придонес и се надевам дека ќе имате убав и мирен ден

Филип
 
Не знам кој ја нема веќе.. бар кај нас.
И короната влијаеше ептен.
 
Јас сакам да го споделам моето искуство со анксиозноста, можеби на некој ќе му помогне или ќе го охрабри.

Во неколку наврати на повеќе места имам прочитано дека многу се имаат изјасното како резултат на короната добиле анксиознот, кај мене не беше тоа случајот. Почетоците беа некаде во јуни 2021г, кулминацијата во октомври кога и се решив дека јас сама не можам веќе и побарав психолог.

Бев на моето прво работно место, пресензитивна работа со деца, малку токсична работна средина, имав раскинато долга врска на која мајка ми тогаш ми се налути и некое време не разговаравме, успат се појави и еден психопат. На се ова додадете и некои детски трауматични искуства за кои јас мислев дека се некаде избришани потиснати а сами излегоа на површина со работата која што тогаш ја работев. Од оваа временска дистанца мислам дека тоа беше окидачот, се што било потиснато некаде во несвесното само исплива на површина и ме покоси со се друго пропратно што се случуваше тогаш во мојот живот.
Познавајќи се себе си пред тоа а и до ден денес мене прво ми реагира желудник. Моментално губам апетит, црева ми се превртуваат во тој период ослабнав 10кг. Не ми се јадеше воопшто, едвај со сила ставав залак, хроничен умор, не можев да седам дома само сакав да излезам надвор, никогаш ненаспана, кога ќе се сетев дека утрото треба во 8 да се вклучам на компјутер да работам ми се повраќаше. Работев од дома од 8 до 4 некогаш одев во канцеларија. Кога ќе завршев во 4 јас не можев да се вратам во живот до 7 саат како во транс бев. Се уште ја паметам ситуацијата кога млеко тетрапак фатив од страна го исеков со ножици да си ставам во чаша не го перцепирав дека има капаче да се одврти. Почнав главоболки да добивам, да се грчам, имав кошмари едвај спиев, кожниот дел на креветот го демолирав со нокти. Не чуствував никаква среќа, не знам зошто живеев. Можеби само трошка надеж ми влеваше внука ми која тогаш имаше речиси 2 години и почна да ме вика тета.
Петок, сабота, недела обавезно бев некаде искочена да пијам. Почнав прилично доста да конзумирам алкохол само за да се исклучам од реалниот свет, тогаш сфатив дека ова не може да продолжи морав да се соочам што е проблемот. Имав пари, имав друштво, имав кола можев да правам што сакам кај сакам а јас умирав одвнатре. Тоа е незамислива борба со мозокот. Само двајца знаеа дека периодот ми е ужас и ми даваа некаков ветер во грб и тоа не се членови на семејството. Моите дома дознаа многу покасно каков период сум поминала.
Август 2021 бев на одмор со некаков грч мислев дека таму ќе се подобрам, море, сонце, друштво но ништо од тоа. Не знам како го преживеав септември во октомври закажав една онлајн психотерапија но девојката едноставно мене не ми одговараше не можев да се поврзам и отворам. По препорака се слушнав со друг психолог и закажав сесија. Ми даде насока за еднаш во две недели јас сакав секој петок додека не се доведам во некоја рационална состојба и така бидна. Секој петок имав психотерапија. Правев тестови, правев вежби што ми даваше, запишав курс за техники за дишење, одев некогаш на литургии, ја читав од Скот Пек-Патот по кој поретко се оди. После месец ипол почуствував поместување, како да почнаа коцките да се местат. Мозокот ми се фокусираше на донесување одлуки, поткренав самодоверба, поголема енергија, научив да кажувам не, што до тогаш тој збор не ми беше познат. Ја продолжив психотерапијата еднаш во две недели се до крајот на декември. Дадов отказ од работа, прекинав лажни привреми пријателства, мајка ми ме ислуша и сфати дека не смее така да ми реагира, добив елан за живот.
Од тогаш до денес мислам на друг левел сум во животот од емоционално, духовно, енергетско, рационално ниво.

Лани мојот дечко замина на подолг период во странство имав една така блиц мисла што ако ме фати анксиозност особено во зимскиот период кој мислам дека навистина ми смета. Ништо од тоа не се случи сметам дека тоа е резултат на мојот сегашен мајндсет и техниките кои телото ми ги владее од првото искуство. Јас никогаш немав панични напади не знам дали е тоа поради брзото мое реагирање или има други фактори се надевам дека веќе никогаш нема да го искусам тоа што тогаш го поминав.

Од моето искуство не знам како може човек сам да преброди анксиозност без стручна помош и колку е таа долготрајна и функционална но секоја чест и за нив. Моја топла препорака е и за тие што пијат терапија не изостанувајте од психотерапија.

п.с знам има многу полоши случаеви од мојот но доколку можам на некого да помогнам со било каков совет тука сум, можете слободно и во порака.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom