#3 - Најдобрите македонски ФОЛК албуми

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.982
Поени од реакции
39.815
Локација
Скопје
Откако завршивме со рок и поп музиката, на ред е враќањето на корените - со ФОЛК (народна) музика. Ги бираме најдобрите МАКЕДОНСКИ ФОЛК АЛБУМИ. Значи дозволено е и народна музика во буквална смисла на зборот, но и новокомпонирана (авторска), па дури ако сметате дека треба да има, и турбо фолк. Note: за оние преработки на народни песни во други жанрови, како на пример „Учи ме мајко карај ме“ од Леб и сол, ќе имаме посебен избор - ЕТНО. Тие не влегуваат тука.

Секој член на форумов може да пријави по максимум 10 албуми за кои подоцна ќе се гласа и најдобрите од нив ќе влезат на листата од ТОП 100. Колку ќе бидат, ќе одлучиме дополнително. Пријавувањето трае најдоцна до четврток, 21.08.2025, 19:00 часот, по што ќе биде отворена темата за гласање. Ако некој албум е веќе пријавен пред вас, не мора да го пријавувате пак, тој секако влегува на листата за гласање.

Имајте на ум дека ги бираме најзначајните, најдобрите и култните албуми, а не тие кои лично вас ви се допаѓаат (и на никој друг во универзумот). :P

Па да почнеме! Моите предлози:

1. Васка Илиева - Дојди либе до вечер (1971, Југотон) - не сум 100% сигурен, но ова е можеби воопшто првиот целосен албум на македонски јазик објавен
2. Александар Сариевски - Александар Сариевски (1974, PGP RTB)
3. Васка Илиева - Васка (1974, PGP RTB)
4. Дует Селимова Желчески - Дует Селимова Желчески (1974, PGP RTB)
5. Пепи Бафтировски - Заветна (1991, РТС)
6. Наум Петрески - Жал за Деспина (1993, МРТ) - вториот албум на Наум, сите хитови!
7. Блага Петреска - Песната може се (1994, МРТ)
8. Гоце Николовски - Големи хитови Бисер балкански (1994, МРТ)
9. Вања Лазарова - Macedonian Traditional Love Songs (1999, Трето уво)
10. Сузана Спасовска – Терирем (Православни црковни песнопеења) (2023, SS Nacionale) - знам дека е нов, но прв пат е објавен ваков албум на македонски, со православна црковна музика, затоа е значаен

Линкови до страниците на Discogs на најпознатите македонски пејачи:
Адријана Алачки
Горан Алачки
Адријана и Ирена
Алпина
Ацо Андонов
Атина Апостолова
Арија
Гоце Арнаудов
Васил Атанасов
Симеон Атанасов
Оркестар Пеце Атанасовски
Адријана Ацевска
Никола Бадев
Пепи Бафтировски
Биоритам
Бисер
Бон Тон
Зоран Ванев
Елена Велевска
Сузана Гавазова
Елита
Енигма
Драган Вучиќ
Соња Величкова Тарчуловска
Виданка Ѓорѓиевска
Васка Илиева
Кисми
Петранка Костадинова
Марјан Коцев
Миле Кузмановски
Татјана Лазаревска
Вања Лазарова
Зуица Лазова
Анета Љумаковска (Молика)
Ани Малинкова
Зоран Марковски
Влатко Миладиноски
Јордан Митев
Марјана Мишева
Молика
Ферус Мустафов
Нели ти реков
Петар Нечовски
Цане Николовски
Октет Куманово
Опус
Благица Павловска
Блага Петреска
Наум Петрески
Ефто Пупиновски
Есма Реџепова - Теодосиевска
Александар Сариевски
Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски
Серенада
Лидија Спасовска
Сузана Спасовска
Круме Спасовски
Вики Среброва
Орце Стевковски
Билјан Стојаноски
Војо Стојаноски
Дамјан Стојаноски
Горан Тодоровски
Танец
Фонтана
Зоран Џорлев
 
Последно уредено од модератор:
Оркестар Пеце Атанасовски - Оркестар Пеце Атанасовски (2002, Amanet Music)

Интересно за овој албум е што имаат учествувано и други не фолк музичари како Смилен од САФ на тамбура, Ристо Солунчев на гајда/кавал и Веле Солунчев на тапани. За разлика од повеќето фолк изведувачи, тука има традиционални инструменти, а не синтисајзер.
 
Последно уредено од модератор:
Уф, ова дефинитивно не е мој жанр. Ќе ги пуштам да ги чујам само од Васка Илиева и Вања Лазарова, единствено тие би можеле да бидат мојот предлог.
 
Војо Стојаноски - Нема друга Македонија (1993)
Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987)
Петранка Костадинова – Болка Мајчинска (1994)
Тоше Проески - Божилак (2006)

Ќе направам плејлисти за првиот и третиот дека не ги наоѓам на едно место сите.
 
Последно уредено:
Јас нема да предложувам, но ќе гласам..
има луѓе што повеќе ја знаат таа музика.
Автоматски споено мислење:

:icon_lol:Не знам многу ама мора да предложам од најдобриот.

Орце Стефковски - Од каде дојдовте да не дојдевте (2000, Сенатор Рекордс)
IMG_0352.jpeg

Или ти Канго кога би бил колку толку нормален и би имал талент за музика..
 
Ова мислам дека сепак треба да иде во другата тема, етно. Сепак песните се со аранжмани со рок па и џез елементи, не би го сместил ова во класична фолк музика.
 
Ова мислам дека сепак треба да иде во другата тема, етно. Сепак песните се со аранжмани со рок па и џез елементи, не би го сместил ова во класична фолк музика.
Прав си 100%, го прочитав воведниот пост ама како да не сум го прочитал и скроз изумив, за во етно е и овој, а и од Next Time новиот, така да ете уште од старт си имам 2 за таму без мислење.
 
Дечки се премислив, ипак ќе улетам со еден избор..
Група Кисми- https://youtu.be/Ak6-23DxMm4?si=-XdebR8h9qqHZ3-P

Цаки царееее :cuc:
Штета што не можам да најдам подобар избор од нив :( (а сигурно знам, дека касета имав од нив)

Ремек делата дури не им се ни на линкот!
-На свадбата твоја
-Две очи расплакани..
-Еј девојко, еј!

Ауууу морав!
Ти ме направиииии прв пијаницаааа :oleee:
 
Последно уредено:
Кирил Манчевски //Ајде сонце зајде 1962 г, Јано мори севдалино 1966
Ајри Демировски// за кого ти цути дано лицето,Мариче ле лично девојче,Таму ле мајко близу Битола
Добри Ставрески //Сношти минав покрај Вази
Петранка Костадинова//Не си го продавај Кољо чифлигот
Абе некако тешко одит да се најдат албумите на Ајри Демировски,Кирил Манчевски,Добри Ставрески чоекот шо идаше автостоп до охрид хаха,,,иначе да ги напишам насловите на песните?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom