Ако купуваш ТА печка можеш да најдеш стара половна за мала цена за 50 евра. Ќе ги извадиш циглите, ќе ги смениш греачите, термостат, ќе склопиш се и од старт си во ќар поради ниската цена.
Таа печка ти треба мануелно да ја вклучуваш/исклучуваш на ефтина/скапа тарифа, од 22:00 - 07:00 и од 13:00 - 15:00
Или да ставиш смарт осигурачи со вифи Shelly и нив да ги програмираш. Има тука еден член на форумот кој има искуство со тие работи.
Или да купиш нова ТА печка со тајмери и сите работи ама тоа ќе биде скапо.
ТА печката да ја користиш исклучиво само како зрачење на топлина. Ако вклучиш вентилатор бргу ќе ја издува топлината а и ќе потроши повеќе струја.
Со ТА печка никогаш нема да можеш прецизно да ја контролираш температурата во просторот посебно во преодни периоди. Кога ќе се наполни ќе биде пекол, кога ќе се испразни ќе биде ладно.
Клима од друга страна прецизно ја контролира температурата во просторот ако се користи правилно, не како ти што правиш пали гаси.
Во преодни периоди за стварно смешни пари можеш да се грееш со клима инвертер.
Да не должиме јас би идел на клима да сум на твое место. Отворен простор 85м2 може да го загрее 5 kW клима.
Ќе си земеш некоја добра јапонска ни многу скапа ни многу ефтина, пример Daikin Sensira FTXF50D
Mitsubishi BT50VGK
Ке ја користиш како што треба 24/7 и пак помалку струја ќе потроши од ТА печка. А и во лето ќе ти се најде
Бтв ти викаш во 85 м2 работиш. И што работиш друже во толкава просторија

? Четири сати во денот од 15 до 19... Чудна работа
Да не си и ти програмер работи од дома или кол центар за во Америките?