Заеднички излегувања во град? - Договарајте се тука! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку јаки времиња..
дружбиве личат прејаки.

Дали ако се запознаете таму, не знам 10 души.
После не спомнувате овде имиња така? Или нема да каже некој, на некој дека тој член така се вика.
Пошто отиде анонимноста. На кој принцип функционираат дружбите?
Ако си цениш анонимност, не идеш чим ти е толку битно тоа.
Таму идат луѓе што не се кријат и сакаат да се социјализираат.
 
у приватен чат со другарка ти и уште 2 -3 кретена ?!
...приватните чатови тука на Кајгана, беа со Говинда (поздрав до него ако чита), Зоки, и уште двајца, тројца со цел да споиме две сродни души, машката страна член на форумов разочаран од х особи од еден град и членка разведена и разочарана балерина со слатка мала обврска, од друг град, денес веќе не се активни на форумот и тоа е добар знак дека се среќни заедно токму од нашиот труд што ги споивме, што не правиш ти кретени, така, да се гордеам со тоа добро дело што го направивме токму тука на Кајгана чат,

... впрочем за истото го напишав како лов стори на Кајгана, повели прочитај, потсети се отвори спојлер!
Прегледај го приврзокот 247607

... ја знаете Маша, нели, од рускиот цртан филм што правеше лудории со мечката... е од тука почна приказната, од фотографијата на Маша на нејзина профилна, ама не ни одговараше да ја имаме во друштво, оти не знаевме дали е полнолетна, а и она шкрта на зборови само се смееше во своите коментари...

Прегледај го приврзокот 247601 Прегледај го приврзокот 247602

...ние ја викавме од мило Маша, инаку си имаше друго име, ама ете тераше инат не сакаше да ја смени профилната слика и да „порасне“, се мачев и јас, ма се мачеа уште тројца други, а таа не па не...за да едно утро си ја смени самата профилната фотка и се претвори во убава девојка... брунетка!
...дружењето беше секојдневно, се почнуваше со „добро утро“ со кафенце и што кој ќе прави преку ден, за да јас навечер малку направам штимунг со сексуљави гифови што би било кога би било, за да се јави Б1 да ме дружи и да ми ја прифати играта, а Маша да ни даде инспирација да продолжиме, оти истата поминуваше тежок период во својот живот, па овде на Кајгана форум најде место повторно да и се врати насмевката!
...така јас и Б1 со сето наше искуство колку можевме виртуелно да симулираме ситуација, поготово она забранета сексуална и тоа пишувајќи од различни наши координати на становање овде на форумов како да сме во иста просторија, за да ја насмееме Маша или можеби и’ дадеме идеја да го заборави минатото и да гледа напред вртејќи нова страна во својот живот!
..туку така, ќе дојдеше набрзина и членот Б2 ќе дадеше идеја што да се вечера, посебно омилени му беа пиците и ќе му ја киднеше демек бил уморен од работа не можел да не дружи, демек ние не знаевме дека и нема крвта му врие ,па не сака да губи време тука на форумот пишувајќи само без да опипа нешто на живо...

Прегледај го приврзокот 247613

...како и да е, со брзина на светлината во друштвото дојде и Супермен иако малку од подалеку, езерско момче не само докажан со пливање и едрење туку и компјутерски мастер, што да ви кажам, жена гола да му се покаже тој „кодови“ гледаше во неа, барем така беше од почеток, ама многу коректен и друштвен и посебно ги обожаваше гифовите....тие сексуљавите!
...дружењето на форумов, различни генерации од различни простори сплотени во едно пишување, доведе до секојдневно пишување секој да си ја каже својата дневна авантура, ама посебен акцент дававме на Маша, која не само што имала повреда на зглобот па не можела на работа, а посебно Б1 кој почнал да ја учи на борилачки вештини на одбрана, а јас ја учев на однесување да пресече да биде посилна, да не биде емотивна и да не се врати пак кај бившиот кој тотално ја искористувал...а на супермен срце му се кинеше, веќе не ги спомнуваше кодовите туку се нудеше да помогне во секој смисол...падна човекот во депресија како може такви мажи да има...

Прегледај го приврзокот 247631

...како и да е, моравме некако сега не само Маша да ја расположиме туку и Супермен, а нивна желба беше со шарени фотографии и гифови...и се знае каде е сексот тука нема плачка и разочарување...и многу бевме изнендадени јас и Б1 кога самите си почнаа да си пишуваат, а јас и Б1 да ги читаме и да реагираме евентуално ако погрешат нешто како да беа на пракса ...

Прегледај го приврзокот 247633

.... и така Супермен виртуелно почна да води љубов со Маша пуштајќи гифови, за да Маша исто му одговори ...како да се знаеја од порано многу успешно водеја љубов со неколку грешки поради што се заборавија во пишување, а јас и Бен1 се исклучивме...а тие пишувале...пишувале......

Прегледај го приврзокот 247638

другиот ден, Маша веќе почна да вежба дома зглобот и попушти и можеше да направи посложени пируети......оффф, не ви кажав Маша веќе прерасна во бел лебед, самодовербата и’ се врати и нејзината професија, додуше не прима балерина, ја врати во живот...

Прегледај го приврзокот 247647 Прегледај го приврзокот 247650

... но не само балетот, во живот ја вратија и нејзините форумски пријатели кои секојдневно ја советуваа покрај другите лудории што ги правеа, така Маша стана вистинска Крејзи грл...арно ама дојде тој коронавирус...балетот замре на работа, Крејзи веќе немаше кај да ги прави своите пируети, балетските престави се прекинаа, дали пак Крејзи ќе падне во депресија, во разочарение што ние нејзиното форумско друштво одвај ја откачивме?

Прегледај го приврзокот 247657 Прегледај го приврзокот 247658

... вечер Крејзи ни ги покажуваше нејзините кулинарски вештини, фотографиите се автетични, нејзина пица со пуканки и боза беше доволно за неа да биде со нас во друштво тука на форумот...

Прегледај го приврзокот 247660 Прегледај го приврзокот 247661

...другит ден Супермен се пофали со пица и со пуканки правење и веднаш ми падна во очи истите покривки на масата како кога постираше Крејзи...си викам до толку случајност не може да биде... ааааааа тука нешто се мучка ајде признајте ... и навистина полицискиот час беше виновен што ете Супермен „морал“ да остане кај Крејзи .... и тоа цела ноќ... ете признаа!

Прегледај го приврзокот 247663

...додуше гледаја само филм предходно јадејќи ја ова витаминска салата ако ме излажаа и јас ве лажам, ама така беше Супермен другарчина коректен до крај за едено машко пред балерина, нели?

Прегледај го приврзокот 247664 Прегледај го приврзокот 247665

и така дружењето форумско наше продолжи, а богами и на овие двајца, Крејзи само ручеци правеше и то од компир на иљада начини, ем пире со кобасици, ем со плескавици, ем пржени ем варени компири...

Прегледај го приврзокот 247666 Прегледај го приврзокот 247667

и тоа секоја фотографија пуштена од различно една од Крејзи другата од Супермен како доказ на заеднички ручек...

...полициски час уште трае... коронавирус зема замав...построги мерки на излегување од дома, дали ќе има шанса да продолжи приказната ???

... дали ова коронавирус е крива, дали полицискиот час... сите ние упорно дома едно дваесет пати го отвараме фрижидерот, а таму како Вилипче ќе дигне прст и ни вели „ следете ги препораките носите заштитни маски и немојте да јадете од нервоза, затворите го фрижидерот“!
... аууу бреее почнавме да халуцинираме толку време дома и секој си имавме Вилипче во фрижидерот, само Крејзи гл не го отвараше фрижидерот туку правеше нешто друго.... отвараше чоколади!

Прегледај го приврзокот 247705 Прегледај го приврзокот 247706

... друштвото кој со кафе, кој со витамински напиток од раното, а Крејзи гл не’ прашуваше дали да го мавне малото чоколатце или чоколадниот Дедо Мраз останат од Нова Година?!
...ауууу, немој ма така, па ти си балерина, па ти треба да ја задржиш линијата, ова со коронавирус и полициски час кој знае колку ќе трае...

Прегледај го приврзокот 247709 Прегледај го приврзокот 247710

... и така сите ние дома од досада пишувајќи тука на форумов Кајгана, решивме да се глупираме да се сликаме кој што чорапи носи и да прогласиме најдобра чорапа и нормално уз тоа и најбоља нога... па кога почнаа чорапи со шатчиња, со звездички...а бе што да ви кажам само за љубовен акт не ве тера во ноќни часови...и наеднаш и Супермен и Крејзи гл ни испратија само една фотографија... циции да не се сликаат посебно испратија, заедничка фотка демек видете ни ги чорапите во спој... и со вечерен бакнеж поради полициски час нормално Супермен пак морал да остане кај Крејзи, тие онака другарски де!

...и така поминаа неколку недели, коронавирус полоша и полоша, Вилипче уште построго не’ затвори дома, така да на Кајгана форум ни стана секојдневно пишување и дружење кој какво кафе, што испазарил, што филм да се гледа, која книга да се прочита (жими такво), се договаравме тука, дружејќи се со падни стани муабет, се додека еден ден Супермен се вознемири нешто лошо и бидна на Крејзи гл, као повраќала...па нормално бе само јадете цел ден, а Крејзи балеринче јаде како врапче...мислам порано јадела, де!

Прегледај го приврзокот 247713 Прегледај го приврзокот 247714

...Крејзи гл ги изеде сите чоколади од дома, а и Супермен се поправил од убајни, мислам од многуте чоколади... и еден ден како од Марс паднато ми дојде ЛП...

Прегледај го приврзокот 247715

... „ види бијонс, Крејзи почна да повраќа па и циклусот и каснеше повеќе од десет дена, те послушавме зедовме уште еден тест и двата си имаат две црти“
што значи тоа???

-е па ај со среќа, Крејзи е бремена, највероватно, а ти највероватно ќе бидеш татко!

... бамммммм Супермен ја изгуби цела енергија од Криптон и се онесвести онака полу тука полу во Криптон, Крејзи почна пируети да прави низ станот...

...лудница... полека, луѓе дај да се организираме.... цело друштво рипнавме... па ние ќе имаме форумско бебчееее, ај со среќа на нашите членови @Kal_El @Crazy.M.Girl ... ниту се знаеме ниту се познаваме...бијонс кума, Б1 кум, Б2 девер, ајдеееее форумска свадба на Кајгана ќе биде!

... и така помина денот на еуфорија, двајцата си се сместија во станот, продолжија со пуканки и пици, а богами и со чоколади а мешето на Крејзи поголемо и поголемо...

...арно ама тука бијонс нешто почна да мрчи, дали тоа нешто она крива, дали некој нешто погреши, дали е тоа чиста љубов без мешање на некој од страна?
... се пишував со Супермен, иако пресреќен и тој како секое мушко сомнителен, „дали е мое? па нормално дека е мое...цело време си бев со неа“....

... му велам јас, слушај ваму, најдобро чиста сметка долга љубов, зошто да имате проблеми од рекала казала, од народ тамте вамте муабети, како што велиме чивија ќе ти пикнат ќе те јаде „јанѕа“ (не знам што е тоа така ми дојде) цел живот, вака напрај си ДНК тест ете може кога е жената уште бремена, не мора да се чека додека се роди.. најдобро....

...се договорија двајцата... и Крејзи се сложи, па кога е сигурна нели, нема од што да се плаши... и така двајцата отидоа... Крејзи даде крв, Супермен си ја даде целата плата, ама важно ќе имаат резултат по три дена....

...дојде и тој ден кога се даде и резултатот...само тие двајцата знаат колку тешко се одлепуваше таа хартија за да се прочита, да нема нешто грешка? а?

Прегледај го приврзокот 247720

тогаш силен глас згрмна од Криптон до Земја :

бебетоооооо е моееееее !

Прегледај го приврзокот 247721


...ај нека пукне шампањац, летото ќе имаме Кајгана форумска свадба,
со бебче на пат!

************* НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА @Kal_El @Crazy.M.Girl !!!!! ****************


П.С.
...приказната е вистинита, со автентични фотографии, бијонс (авторката) имаше неколку ситни измени по желба на главните актери, со нивна дозвола нивната среќа ја споделив со тебе - Кајгана форум!
 
Последно уредено:
Страницата не постои.
Ај честито

Страница бр 21 приказната за ,,Маша"!
 
Ако си цениш анонимност, не идеш чим ти е толку битно тоа.
Таму идат луѓе што не се кријат и сакаат да се социјализираат.
Точно.
Ама после некое време ќе се опуштам секако. Има овде и квалитетни ликови, и постари, сигурно не им е доено на 40+ да кажуваат кој е кој.
Ама вака што раскажувате дешавки од собиранки, звучи интересно.
Ете некој овде жена си нашол. Преубаво искрено.
Секако целта на форумот е дружба.
 
Што и да те интересира лично за било кој член можеш да се обратиш кај тетките @bijons и @pozdrav eden topol . Пред едно 4-5 години тие беа циа, мосад и кгб на форумов така што џабе ти е дали ќе кажеш име или не или било што лично.
Кога те читам вака, си велам стално:
- Ахххх, како овој мој маж не мисли на мене како тебе, нон стоп, опседнат да биде !?

Те жалам душо што сум ти во мислите дење и ноќе....Но, дај ми барем твоја слика, да ти видам фаца, па можеби и јас ке мислам на тебе.
Џабе циа миа, кгб, твојот сурат не го открија.

можеби си многу ружен па затоа не се сликаш :toe:
 
Ама вака што раскажувате дешавки од собиранки, звучи интересно.
Било тоа некогаш. Сега форумот е пренаменет за препукување а не за дружење очигледно.
 
Било тоа некогаш. Сега форумот е пренаменет за препукување а не за дружење очигледно.
Ќе се среди тоа. Еден ден некој ќе претера, ќе добие бан, ќе се спласне.
Не е само овде вака. Мислам цело општество ни е малце у друга фреквенција.
Да не одам повеќе оф.
 
Било тоа некогаш. Сега форумот е пренаменет за препукување а не за дружење очигледно.
Не е форумот пренаменет, туку одредени ликови зрачат исклучиво негатива. Ти најде да даваш заклучоци за "пренамена", а истиот (како некој ментал без живот) ја отру темата за "вашата моментална форма низ слики" со провокации кон сите што пишуваат во неа.

Абе, убаво си одржувавме баланс со банирање на чакнатите порано. Сега нешто као сме поправедни, па толерираме и рамноземјаши.
 
Кога те читам вака, си велам стално:
- Ахххх, како овој мој маж не мисли на мене како тебе, нон стоп, опседнат да биде !?

Те жалам душо што сум ти во мислите дење и ноќе....Но, дај ми барем твоја слика, да ти видам фаца, па можеби и јас ке мислам на тебе.
Џабе циа миа, кгб, твојот сурат не го открија.

можеби си многу ружен па затоа не се сликаш :toe:
Чим ти и другарка ти немате слика од мене тоа значи дека сум успеал во животот.
 
Не е форумот пренаменет, туку одредени ликови зрачат исклучиво негатива. Ти најде да даваш заклучоци за "пренамена", а истиот (како некој ментал без живот) ја отру темата за "вашата моментална форма низ слики" со провокации кон сите што пишуваат во неа.

Абе, убаво си одржувавме баланс со банирање на чакнатите порано. Сега нешто као сме поправедни, па толерираме и рамноземјаши.
Без мене ќе цветате само јас сум ви трн у око иначе ама се дружитеее ви останаа само старите спомени. Може и ти си ментал за некого/ја па сега и мене ми префрлуваш пошто не те знам добро а може и си бетер од мене у приватен живот пошто овде секој може да глуми како сака. И сега ајде лупни ми бан дека ти си овде заштитена животиња и не смее никој вака отворено да ти напише свое размислување за да не те јаде јанѕа потоа што некој вака како мене ти возвраќа :pos:

П.С
Не за друго да ги заплашиш и другите :ROFLMAO:
 
Чим ти и другарка ти немате слика од мене тоа значи дека сум успеал во животот.
Не, не значи тоа, туку дека не си ни интересен лик за да бараме слика од тебе, која и онака ја немаш бидејќи ке им се расипе апаратот кога би те сликнале.
Гледај си го животот и не губи време со тетки.
 
Колку јаки времиња..
дружбиве личат прејаки.

Дали ако се запознаете таму, не знам 10 души.
После не спомнувате овде имиња така? Или нема да каже некој, на некој дека тој член така се вика.
Пошто отиде анонимноста. На кој принцип функционираат дружбите?
Mozes komotno da se zboguvas i so nevinosta i so anonimnosta :sneaky:
 
Mozes komotno da se zboguvas i so nevinosta i so anonimnosta :sneaky:
Comedy Why Are You Gay GIF
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom