Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Пред да се стават лајкови, имаше опција да даеш зеленко или црвено :)
По 3 зеленки и црвенки на ден (или вкупно 3 репутации на ден) ако не се лажам, треба да мислиш на кого ќе му дадеш,дали ќе му пишеш нешто додека даваш и дали уствари правиш трампа зеленко за зеленко ко што неретко беше случај.
 
Ми се чини порано имаше повеќе активност можеби се должи на тоа дека форумот имаше периоди кога не беше достапен посебно последниов. Жал ми е некои power-јусери не се активни повеќе. Сепак секогаш сy се враќал. Едно време не беше дозволена политика па пак се пушти и мислам дека треба да има. Како и да е, честито и да се множат.
 
Последно уредено:
Среќен 20 роденден драга кајгана!

Јас не сум ветеран, дури мислам дека не сум ни прво одделение, ама местово ми стана супер издувен вентил од периодот кога светот беше среде огромен хаос. Огромен респект за сите ветерани, и секако членови од администрацијата кои го граделе ова катче и го чувале живо до ден денешен. Наздравје (без ништо), за уште многу години, постови, дискусии и интересни моменти!! :)
 
Јас мислев форумот е доста постар од 2005та, ме испровоцира ова да проверам уствари од кога сум член на форумот и гледам со првиов јусер сум отварал теми уште во 2009та година упм кога поминале 16 години а веројатно сум бил еден од помладите тогаш :eek:

Дали политика немаше тогаш или други времиња беа некако подобра атмосфера имаше, сега се е на нож али шоу маст го он

Вака на прва од тие што не се активни интересни ми беа ги памтам Трн во Око, Крејзи ин Лов, Тонех, Леандра, Илумиоус, Мац, Апокалипто, Серпико, бебуш. Од старава гарда што сеуште се активни први ми текнуваат Сусаро, Емка, Миланез, Сајбер рајдер, Стефан коби а најинтересен лик ми беше Луки Јуниор што се преставуваше од Подареш дали беше дупли профил или оригинал уште нз
 
Последно уредено:
Како на пример темата за изгубеното куче Кунташе (feat. Флеш a.k.a Vori). Не се отворила појака тема досега.

За теми хит беше и онаа со бркот на @STEALTH ако не се лажам кој може да ја најде нека праќа линк :D
 
Годината е 2009.

Жешко лето, надвор 40 и кусур степени, а јас тукушто закрепнувам од летно боледување. Believe it or not, за прв пат ставаме интернет дома. Сега можам комотно да јадам гомна на интернет просторот, како секој млад националист кој не бира зборови кога ќе биде погоден од нешто кое максимално ги надразнува неговите ставови и убедувања.
Златно време на кајгана во кое Ацид лепеше банови и на IP адреси :D Моето претходно дејствување на форумот се одвиваше така што цело маало се пуштавме од акаунтот за да пишуваме за Вардар и маалскиот клуб и да се пцуеме со навивачи на Слога, Работнички, Ѓорче и Металург. Уште ги чувам приватните пораки кои сум ги разменувал, мајко мила. Имаше еден постар (тогаш 30-тина години) шверцер од Чаир што го имавме истепано на кеј, го начекавме еднаш после утакмица, со добра заседа откако мислеше дека ќе земе шал од едно дете. Беше член на форумов и му се заканувавме дека ќе го чека втор дел, ако продолжи да пишува :kuracc:
Братучед ми им пишуваше идиотски пораки на некои женски членки на форумот кој во тоа време ги живееше можеби и најдобрите години, кога членуваа по 100 активни средношколки/20-25 годишни типки и уште 200 машки деца/мажи кои чекаа да боцнат нешто. Форумот беше поле за „културна“ борба меѓу мажјаците со цел да убодат некое девојче користејќи разни филозофии. Содома и гомора. Којзнае колку врски произлегоа од форумот, мувања, ебавања, швалерисување, бракови, разводи... :icon_mrgr:
Моето враќање на форумот беше од позиција на неписмен сељо кој не чул за пишување на кирилица, баниран 10000 пати. Бан на IP адреса, ниту одлогиран не можев форумот да го отворам од кај братучед ми :pos: Можев да читам само од школо.
Тоа беше време на мсн, во кое споредбено со денешниве деца на кои им се потсмеваме дека се неписмени и пишуваат скокајќи самогласки во зборовите, ние (барем повеќето) личевме на најголемите морони од одделение што треба да одат на доописменување во АС Макаренко. Глумам нешто грамар наци сега, тогаш еден збор не сум знаел правилно да го напишам, секој пост надополнет со неизбежното користење на милијарда емот икони :S :@ :D
Време кога му праќаш nudge на некој што те игнорира на мсн за да му го стресеш екранот, пишуваш топик и статус, секој ден имаш нов нинкејм, а редовно учествуваш во групни чатови во кои сите ставаат по 100 луѓе и кога ќе се намножите ти паѓа и интернет и ти се закочува компјутерот по што ти преостанува само да го фрлиш низ прозор. Можеше да си ставаш самиот емот икони, така што ќе ги поврзеш со некоја кратенка. Имав еден куп икончиња со дркање, :drksns:, тоа е се што треба да се знае за тој период од еволуцијата на интернет интеракцијата меѓу луѓето. Доволно е само да се отвори да се види како комуницирале по некои теми во 2006-2010 некои членови кои се се уште активни по форумов, какво им било нивото на пишување тогаш, а какво сега. Запознавајќи се со интернетот од многу помлади години, на веќе поставени начини за интернет комуникација, новите генерации некако не оставаат впечаток дека се толку неписмени. Или едноставно пишаните зборови ги заменија со идиотски видеа, па се срамат на еден поинаков начин.
На ретро сеќавањево ми текна откако ја слушнав https://youtu.be/HgzGwKwLmgM.
Таа 2009 година беше година во која профилите на форумот буквално наликуваа на Hi-5 профили. Кога ќе отвориш нечиј профил, можеше да видиш кои се последните 10 луѓе кои ти го погледнале профилот, а нив ги дочекуваше песна која си ја ставил на профилот да се стартува веднаш откако ќе го отворат. Често менував од Don't stop me now, до интрото од Saber Rider цртаниот филм.
Дополнително, профилот беше посебно место кое секој член можеше да си го украси со некоја шик позадина. Најчесто шареноликост од бои. Постоеа групи кои се нарекуваа социјални групи, во кои се групираа членовите според спортски клубови, градови/села/општини/населби на живеење, музика, школи, а неизбежно и според политички убедувања. Се сеќавам дека членував во група за САФ, Пржинци, Вардарци, а имав отворено и група за Обединети за Македонија, како нова партија под македонсково небо, водена од тукушто ослободениот брат Љубе. Што ти значи младост и невино (не)согледување на реалноста, која ќе те тресне од земја кога ќе пораснеш.
Тоа што сега се конфликтите (најчесто) меѓу Комити и Чкембари на форумов, тогаш беа меѓу навивачите на КК Струмица и КК Фени. Вриеше форумов од кавадарчани и струмичани, а на преписките се смеам до ден денес. Нивото на расправија преминува секакво дно :icon_mrgr: Дополнително КК МЗТ и КК Работнички. Особено аеродромците беа преактивни пред да се самобанираат од форумов. Останатите надојдовме откако се распадна конзули форумот. Пресврт донесе инцидентот во Нерези во месец август, истата година. Инцидент кој донесе вистински потрес по темиве на кајгана, како и првата „тастатура револуција“, откако дел од навивачите „го кренаа гласот“ бунејќи се зошто останатите бевме банирани од форумов откако се разгори меѓуетничка дискусија на сто различни потфоруми. Пациентот охридски од форумов, кога на неговиот портал ни ги објави избришаните навредливи мислења од форумот, бранејќи ги Албанците :свиркам:
Па имаше избори за кајганџии на годината кои достигнуваа по 20-тина страни. Настани на годината и изборот кој привлекуваше најголемо внимание - избор за најубава кајганџика. Агитирање, местење, фејк акаунти, ресетирање на гласови, молења по пораки :icon_mrgr: Се кладам дека некои добиваа и награда во натура за гласовите.
Нешто кое беше од особена важност беше и доделувањето на лоша или добра репутација, односно црвенко и зеленко. Немаше лајкови, можеше да му дадеш негативна и позитивна репутација на некој член. Истата се броеше со црвени и зелени коцки под никнејмот. Мислам дека една коцкица беше 100 поени. Колку позелена репутација имаш, толку поголеми негативни поени даваш кога даваш црвенко. Кога си зацрвенет, ништо не ти вреди твоето доделување репутација. Со секое доделување репутација можеше да оставиш и коментар. Имаше цели групи кои групно си разменуваа репутација секојдневно. Така од рандом ликови на рандом мислења имав црвенки со коментари од типот ce ti ebam mamiceto.
Со тек на време и јас преминав во зелениот ред и делев црвенки на неистомислениците :icon_mrgr:
Јас, кој до тој момент бев тежок уличар, почнав да се заразувам со форумов, до степен да брзам да се вратам од искачање и да дремам, да се расправам до сабајле.
Се правеа огромни познанства, сигурно со 100-тина луѓе се имав запознаено со текот на времето. Произлезе и една предолга врска и неколку излегувања со други. И еден куп другарства и со машки и со женски. Имаше време кога цело маало бевме зачленети на форумов, на излегувања се дискутираше за случувањата по темиве на форумов. Сум носел играчи за во Славија од форумов од кој едниот стана капитен, сум соработувал со членови на професионален план, а цела подгрупа сме можеле да направиме од форумџии кои биле дел од Комити. И по толку години, со дел од нив сум близок, а со помал дел сме ко браќа што се вика. За наша чест произлезе и знамето Форум кру :icon_mrgr:
Во навивачката борба на форумов, откако го дознавме кој е тој што го симна македонското знаме во Кичево на Напредок-Шкендија и откако не блокираше на ФБ, почнавме да им пишуваме на некои соученички шпонки кои учеа со него во средно во Тетово. Ќе се сети може еден од форумџиите кога ги договараше за на кафе :icon_mrgr:
Како многу пациенти од тоа време, се уловив во мрежата на една од најмистериозните форумџики од тоа време, која си играше курац со сите :kuracc: Ама со некои буквално, а со некои од заебанција :pos: Епа јас ко неискусен на социјалните мрежи, влегов во категоријата на вторите :свиркам: Убава лекција за тоа дека не можеш да веруваш на секого по социјалните мрежи. После тоа уште долго време го тресеше форумот, а можеби и уште го тресе. Who knows :D
Во тој широк спектар на секакви ликови, од оние кои беа тука само да боцнат нешто (безразлика дали биле машки или женски), некои кои гаеја платонска љубов кон други, филозофи со 300 акаунти кои си хранеа его со надитрување на други по темиве, ликови со секакви типови на растројство, рандом членови кои членуваа по сите можни членови од тоа време и форумот повеќе го користеа за ставање слики во галерија отколку допринесување со пишување мислења, зависници од спорт (кои уште го држиме форумов активен :D), можам да кажам дека имаше членови за кои едноставно интересно ти беше да им ги читаш долгите постови.
Умре тоа време, како и секој тренд кого го изеле годините на интернет просторов и во реалноста, особено откако новите генерации немаат концентрација да прочитаат повеќе од 3 реда.

Се сум кажал пред некоја година :D
Скоро 18 години член на форумот. Уште од средно се пуштав, од информатика, дека дома немав компјутер, а за интернет немавме ни чуено. Зачленет ради спортските теми и навивачките групи, до ден денешен се пуштам секој ден од истите причини.
Секако, пропратно во различни периоди од животот, активен на разни теми.

Премногу познанства од форумот. Можеби трицифрена бројка на луѓе имам запознаено, особено фанови на Вардар. Со некои до ден денес дружиме.
 
За теми хит беше и онаа со бркот на @STEALTH ако не се лажам кој може да ја најде нека праќа линк :D
Посети ја темата Kajgana Memes :icon_lol:

 
Поздраф нездраф Драа.

Еве и од мене едн пост по повод дваес годишница.
Барем да се дуплира, чиииарз.

Пиес.
Да ми лижнете мудики сфи Ви до ск што сте ми мрсиле за дијалект.

Дијалект > латиница.


Драа

Крф од очи ми тече кд читам латиницу на форум.
Којзнае вас што ви тече, док га читате мој дијалект :icon_mrgr:
 
18 години. Да праев дете тогаш а не јузер, сеа ќе го упишуев на факс.
Јеботе животе раскурцана тастатуро.

А, да. Собиранките беа најдоброто нешто што му се има десено на форумов. Штета што сега се се' поретки.
 
Дури не се ни поретки, а ги нема.
Па да, коа ќе удрам математикава, после коронава скоро ич и да не сме се собрале форумџии вака, дали независно или на форумов да се исподоговараме.
 
Го читам од 2008, а член од 2010... Генерално не е на тоа ниво како што беше тогаш, ретко кој нов член ти паѓа во око, сите се некако, мех...
Најјаки пцуења сум имал со Лангелина (Ланѓа) и @Agda Beata (курац, не знам како и е никот сега :icon_mrgr: ) за темата за мигрантите, тој период 2014/2015...првава веќе не е активна, а со вторава станав bff откако ги откорнавме мајките од пцуење :ROFLMAO:Илумиус е една од оние членови кои фалат највеќе тука, ма да одржувам контакт со нејзе пред се ради сличниот расистички хумор што го имаме.
Се немам запознаено со нитуеден од форумџиите, едино со @shumecha.tableta , ама средбата ни беше ваква
agreed-agree.gif


Трн во Око, Леандра, G e g o, Дивајн, Пурпл Пума, Џаболебар...сеуште ги памтам некои членови онака од памет што ми останале во сеќавање :icon_mrgr:
 
Холи гауакамоли... 20 години, кога пројдоа... ваљда вчера...

Памтам кога се регистрирав јуни 2005та, работев во интернет кафе и си викам ајде да се регнам тука, може ќе биде океј место. Го видов @rymz со 70 мислења и си викам, аа сеа има да го стигнам :) И додека да искуцам 70 мислења видов дека форумов е мошне интересно место, различно од претходните форуми кои ги читав и ретко пишував на нив.

Првата собиранка ја пропуштив бидејќи бев ептен тазе член и срамежлив, ама затоа кога почна Кајгана фудбалската лига прв дојдов на терен со @Lou_Weed, фурумџија чија легендарност ќе биде надмината само од неговото фрижидерче (кој памти утре да си закаже редовен лекарски преглед, јер старост :pos: ). Lou исто така беше домаќин на првиот Кајгана роденден. Келнерката во неговиот кафиќ умре од работа :) Мислам дека околу 200 души дојдоа во место кое збира околу 120 луѓе :)

Вториот Кајгана роденден го славевме кај што е сегашна Буква (или некое од местата таму). И тогаш форумот беше паднат па по MSN се договаравме. Кога се врати форумот се врати со ГАЛЕРИЈА, каде што форумџии и пред се форумџики можеа да стават фотографии од себе, па имаше гласање која е најубава. Па KaiTekk напиша туторијал How to score a blonde in 10 steps... Инаку форумот пак за малку ќе паднеше од оваа фотографија...
Iva_Skorpija.jpg
и коментарите на сите форумџики загрижени за модниот вкус и изгледаот на Ива Скорпија :)

Во овој период имаше и многу помали и поголеми собиранки. Кајгана фудбалската лига беше редовно нешто. Пиењето пиво после натпревар уште поредовно. Ме мрзи сеа да барам по интермец ако уште ја има фотографијата од @Acid со две шишиња Каменица споделена на бугарски портал со опис под неа „Мразат ни хората ама пијат ни бирата. Този човек е администратор на најголемиот македонски веб саит.“ :)

Во тоа време имаше многу луѓе кои не беа задоволни од модераторската политика на Кајгана па самите си формираа свои форуми. Најмасовен од сите тие беше Марифет кои дури и успеаја да организираат голема собиранка во Лондон (пред да стане Тренд). Истата вечер Macedalien дојде во Скопје, ама се појавивме јас, Ацева, Вирус (ако не грешам...) и го однесов на собиранката на Марифет. Тој ми викаше дека не знае никого на тој форум а јас му викав да не се грижи има неколку луѓе што го имаат читано на Кајгана. И кога се појави беше изненадување на вечерта бидејќи беше единствениот универзално сакан админ од Кајгана.

Интересно во тоа време беше што имаше и форуми кои воопшто не беа поврзани со Кајгана како X-MKD или dnb.com.mk а најголем хејт доаѓаше од Idividi :) за да се реши дилемата кој форум е најјак во фудбал се собравме во игралиштето во дворот на гимназијата ЈБТ каде што во првиот меч ги демолиравме X-MKD а во вториот меч се измешавме едни со други за и момците од dnb.com.mk да шутнат некоја топка. Idividi нормално не дојдоа.

Многу битен дел од историјата на Кајгана е и Здружението на Клабери на град Скопје.
10 godini Kajgana.jpg
*Бушаф, Батистута, јас, Земзела, Воткамикс и Гижо (на фотографијата фалат Сусаро и почесната членка БејбиГрл од Штип)
Фотографијата е од 10 годишнината на Кајгана.


Јас сум роден, пораснав и уште живеам во Миладиновци. Во моето село имам еден комшија Никола кој слуша хаус музика и во другиот крај на селото имаше една Рената која слушаше се од убавите музики, ама ретко се гледав со неа. Кога почнав да пишувам на Кајгана нешто што највеќе ми се допадна е што се склопи екипава за клабинг. Мислам дека отидовме на се живо-диво што дојде во Македонија и прекрасно си поминавме.

Потоа Фејсбук стана популарен па форумов почна да намалува во популарност, меѓутоа сеуште е место број еден во македонскиот сајбер простор ако бараш некоја специфична информација.

Тоа што станав модератор на Кајгана во раната фаза индиректно влијаееше и на мојот сегашен живот. На почетокот немав воопшто компјутер дома. Се поврзував или од работа (интернет кафе) или од други интернет кафеа, најчесто интернет кафето во студентскиот дом Кузман каде што дел од вработените беа активни кајганџии. Во ова интернет кафе се идеше и бидејќи добар дел од јадрото на форумот беа со живеачка во близина на студентскиот дом или беа сместени во истиот. Како на пример Ване од Штип чиј јузер беше Анонимус ама бидејќи сите го знаевме лично го викавме Ванонимус :)
Сега овој пост го пишувам на лаптоп од 1500 долари :)

Памтам и на времето се натпреварувавме кој ќе запознае највеќе членови од форумот во живо и кога почнавме да надминуваме 100 веќе престанавме да броиме. Сега некои од тие луѓе се мошне познати на интермец. Некои не толку многу, меѓутоа од време на време ќе прочитам на нет или некој ќе ми каже во живо „еј те знам од Кајгана“.

Драги кајганџии и уште подраги кајганџики, ви праќам топли поздрави од ладното море северно од Исланд.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom