Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ептен ми се лошит кога ќе го слушнам феминистичкиот муабет,мантра демек мажите се ќењале од страв кога имале температура 37.2.Кај сте бе феминистки толку храбри и одлучни за време на шумски пожари,поплави,земјотреси да излезите на терен?Тогаш мажите се херои кои несебично се жртвуваат се додека не помини кризата,така?После пак истиот муабет.Лицемерие плафон.
 
Има добар стил и начин на изразување @Спасителот. му симињам капа.. :misticen:
btw Бог ги ,,насадил” луѓево околу мене кои стојат како казна(чек поинт) или премин(зависи од која страна на огледалото ги гледаш) и потребна е голема мудрост и начин на реагирање за да прејдеш на следниот левел и да ја собереш наградата..Овој живот е факинг видео игра во комбинација со Труман шоу..
 
Дијаманти над зглобојте...кхм, над шепите?, Кампари на јазикот.
опседнат со страшно опасниот принт од битието подолу и мојата аспирација насочена кон негово ултимативно човечко олицетворение. Хе. да е поинтересно и повредно за живеење.
Во едната рака пијалок од Милано, во другата знаменце со снежен крст на него, на рубин основа, вака! (и никако поинаку) се влегува на Јахта на Генфер Зее - Женевското езеро, покажи им љубов на локалците. Кога ќе поминиш низ протестантски/а Генф/Женева, да полуди протестантска франција. Викендов кон Château de Ripaille, од француската страна на езерото.
Никош не сватив колеги шо одат Бали на одмор. Не бе нема да седам Европа и да создавам важни контакти, ќе одам цревен вирус ќе фаќам негде, еј.

Пред неколку недели, една колешка ми даде картица за Роденден со Грчки Театар, кој го фотографирала сама. Зад неа имаше напишано, "животот е Театар, биди главната улога, ти посакувам средби со важни луѓе и се да течи во твој најдобар интерес." Гледаш ќеј не сите ми посакуваат зло. Душа.
Можи ја цитирав овде пред некое време, меѓу редови. Би ја опишал ко Лисица, зато што интелигенцијата и се проценува на 200та, опасна е. Учам многу од неа. Русинка е, но уште од 70ти живее во Европа. Секош знај да ме погоди со зборовите. Еднаш ми вели, Византиецу, мене не ми е толку важно што мислат другите за мене, мене ми е многу поважно што мислам јас за нив. Светнав курвински во очината. До искуството е. Знај пеколно да ме искритикува и рајски да ме пофали.

УБАВИНО. тие Амбер очи, о поглед на Смола од кора на дрво, тие точкасти шепи стилизирани дизајнерски лично од шестарот на Универзумот. Кој ти дарил, ем убавина ем моќ. Ем апетит. #Пус
R.86ce73ab0c9979917539e79118f39afb

OIP.eYT-upEdlfPQKn7ab50FpAHaLH

Автоматски споено мислење:

бонус, скоро 40 минути unreleased bliss
го слезе Њујорк на Свети Тропез.

 
Последно уредено:
Порано слушав многу индијанска музика на Youtube, и еднаш ги зачитав коментарите што ги оставале самите Индијанци, сите беа во стилот: Издржете браќа! Доаѓа нашето време!
Или пак како на сликата подолу...

Ми падна жал за нас Македонците:
нашите коментари по ФБ и Youtube се многу слични на овие ...

1689939110530.png
 
Пишував на тема за љубовни проблеми па да се надоврзам:

Жените ја убија љубовта и константно ја бодат/сечат ко да е вуду кукла и и го ебаа мајчето заради некои нивни ситни интереси кои само тие ги знаат а познати се по логика и логично расудување..Овој Драган Т. од каде влече инспирација и ги селектира на пиедесталот-Невини,кралици и понежен пол ,,да ми је знати”..
 
Годината е 2009.

Жешко лето, надвор 40 и кусур степени, а јас тукушто закрепнувам од летно боледување. Believe it or not, за прв пат ставаме интернет дома. Сега можам комотно да јадам гомна на интернет просторот, како секој млад националист кој не бира зборови кога ќе биде погоден од нешто кое максимално ги надразнува неговите ставови и убедувања.
Златно време на кајгана во кое Ацид лепеше банови и на IP адреси :D Моето претходно дејствување на форумот се одвиваше така што цело маало се пуштавме од акаунтот за да пишуваме за Вардар и маалскиот клуб и да се пцуеме со навивачи на Слога, Работнички, Ѓорче и Металург. Уште ги чувам приватните пораки кои сум ги разменувал, мајко мила. Имаше еден постар (тогаш 30-тина години) шверцер од Чаир што го имавме истепано на кеј, го начекавме еднаш после утакмица, со добра заседа откако мислеше дека ќе земе шал од едно дете. Беше член на форумов и му се заканувавме дека ќе го чека втор дел, ако продолжи да пишува :kuracc:
Братучед ми им пишуваше идиотски пораки на некои женски членки на форумот кој во тоа време ги живееше можеби и најдобрите години, кога членуваа по 100 активни средношколки/20-25 годишни типки и уште 200 машки деца/мажи кои чекаа да боцнат нешто. Форумот беше поле за „културна“ борба меѓу мажјаците со цел да убодат некое девојче користејќи разни филозофии. Содома и гомора. Којзнае колку врски произлегоа од форумот, мувања, ебавања, швалерисување, бракови, разводи... :icon_mrgr:
Моето враќање на форумот беше од позиција на неписмен сељо кој не чул за пишување на кирилица, баниран 10000 пати. Бан на IP адреса, ниту одлогиран не можев форумот да го отворам од кај братучед ми :pos: Можев да читам само од школо.
Тоа беше време на мсн, во кое споредбено со денешниве деца на кои им се потсмеваме дека се неписмени и пишуваат скокајќи самогласки во зборовите, ние (барем повеќето) личевме на најголемите морони од одделение што треба да одат на доописменување во АС Макаренко. Глумам нешто грамар наци сега, тогаш еден збор не сум знаел правилно да го напишам, секој пост надополнет со неизбежното користење на милијарда емот икони :S :@ :D
Време кога му праќаш nudge на некој што те игнорира на мсн за да му го стресеш екранот, пишуваш топик и статус, секој ден имаш нов нинкејм, а редовно учествуваш во групни чатови во кои сите ставаат по 100 луѓе и кога ќе се намножите ти паѓа и интернет и ти се закочува компјутерот по што ти преостанува само да го фрлиш низ прозор. Можеше да си ставаш самиот емот икони, така што ќе ги поврзеш со некоја кратенка. Имав еден куп икончиња со дркање, :drksns:, тоа е се што треба да се знае за тој период од еволуцијата на интернет интеракцијата меѓу луѓето. Доволно е само да се отвори да се види како комуницирале по некои теми во 2006-2010 некои членови кои се се уште активни по форумов, какво им било нивото на пишување тогаш, а какво сега. Запознавајќи се со интернетот од многу помлади години, на веќе поставени начини за интернет комуникација, новите генерации некако не оставаат впечаток дека се толку неписмени. Или едноставно пишаните зборови ги заменија со идиотски видеа, па се срамат на еден поинаков начин.
На ретро сеќавањево ми текна откако ја слушнав https://youtu.be/HgzGwKwLmgM.
Таа 2009 година беше година во која профилите на форумот буквално наликуваа на Hi-5 профили. Кога ќе отвориш нечиј профил, можеше да видиш кои се последните 10 луѓе кои ти го погледнале профилот, а нив ги дочекуваше песна која си ја ставил на профилот да се стартува веднаш откако ќе го отворат. Често менував од Don't stop me now, до интрото од Saber Rider цртаниот филм.
Дополнително, профилот беше посебно место кое секој член можеше да си го украси со некоја шик позадина. Најчесто шареноликост од бои. Постоеа групи кои се нарекуваа социјални групи, во кои се групираа членовите според спортски клубови, градови/села/општини/населби на живеење, музика, школи, а неизбежно и според политички убедувања. Се сеќавам дека членував во група за САФ, Пржинци, Вардарци, а имав отворено и група за Обединети за Македонија, како нова партија под македонсково небо, водена од тукушто ослободениот брат Љубе. Што ти значи младост и невино (не)согледување на реалноста, која ќе те тресне од земја кога ќе пораснеш.
Тоа што сега се конфликтите (најчесто) меѓу Комити и Чкембари на форумов, тогаш беа меѓу навивачите на КК Струмица и КК Фени. Вриеше форумов од кавадарчани и струмичани, а на преписките се смеам до ден денес. Нивото на расправија преминува секакво дно :icon_mrgr: Дополнително КК МЗТ и КК Работнички. Особено аеродромците беа преактивни пред да се самобанираат од форумов. Останатите надојдовме откако се распадна конзули форумот. Пресврт донесе инцидентот во Нерези во месец август, истата година. Инцидент кој донесе вистински потрес по темиве на кајгана, како и првата „тастатура револуција“, откако дел од навивачите „го кренаа гласот“ бунејќи се зошто останатите бевме банирани од форумов откако се разгори меѓуетничка дискусија на сто различни потфоруми. Пациентот охридски од форумов, кога на неговиот портал ни ги објави избришаните навредливи мислења од форумот, бранејќи ги Албанците :свиркам:
Па имаше избори за кајганџии на годината кои достигнуваа по 20-тина страни. Настани на годината и изборот кој привлекуваше најголемо внимание - избор за најубава кајганџика. Агитирање, местење, фејк акаунти, ресетирање на гласови, молења по пораки :icon_mrgr: Се кладам дека некои добиваа и награда во натура за гласовите.
Нешто кое беше од особена важност беше и доделувањето на лоша или добра репутација, односно црвенко и зеленко. Немаше лајкови, можеше да му дадеш негативна и позитивна репутација на некој член. Истата се броеше со црвени и зелени коцки под никнејмот. Мислам дека една коцкица беше 100 поени. Колку позелена репутација имаш, толку поголеми негативни поени даваш кога даваш црвенко. Кога си зацрвенет, ништо не ти вреди твоето доделување репутација. Со секое доделување репутација можеше да оставиш и коментар. Имаше цели групи кои групно си разменуваа репутација секојдневно. Така од рандом ликови на рандом мислења имав црвенки со коментари од типот ce ti ebam mamiceto.
Со тек на време и јас преминав во зелениот ред и делев црвенки на неистомислениците :icon_mrgr:
Јас, кој до тој момент бев тежок уличар, почнав да се заразувам со форумов, до степен да брзам да се вратам од искачање и да дремам, да се расправам до сабајле.
Се правеа огромни познанства, сигурно со 100-тина луѓе се имав запознаено со текот на времето. Произлезе и една предолга врска и неколку излегувања со други. И еден куп другарства и со машки и со женски. Имаше време кога цело маало бевме зачленети на форумов, на излегувања се дискутираше за случувањата по темиве на форумов. Сум носел играчи за во Славија од форумов од кој едниот стана капитен, сум соработувал со членови на професионален план, а цела подгрупа сме можеле да направиме од форумџии кои биле дел од Комити. И по толку години, со дел од нив сум близок, а со помал дел сме ко браќа што се вика. За наша чест произлезе и знамето Форум кру :icon_mrgr:
Во навивачката борба на форумов, откако го дознавме кој е тој што го симна македонското знаме во Кичево на Напредок-Шкендија и откако не блокираше на ФБ, почнавме да им пишуваме на некои соученички шпонки кои учеа со него во средно во Тетово. Ќе се сети може еден од форумџиите кога ги договараше за на кафе :icon_mrgr:
Како многу пациенти од тоа време, се уловив во мрежата на една од најмистериозните форумџики од тоа време, која си играше курац со сите :kuracc: Ама со некои буквално, а со некои од заебанција :pos: Епа јас ко неискусен на социјалните мрежи, влегов во категоријата на вторите :свиркам: Убава лекција за тоа дека не можеш да веруваш на секого по социјалните мрежи. После тоа уште долго време го тресеше форумот, а можеби и уште го тресе. Who knows :D
Во тој широк спектар на секакви ликови, од оние кои беа тука само да боцнат нешто (безразлика дали биле машки или женски), некои кои гаеја платонска љубов кон други, филозофи со 300 акаунти кои си хранеа его со надитрување на други по темиве, ликови со секакви типови на растројство, рандом членови кои членуваа по сите можни членови од тоа време и форумот повеќе го користеа за ставање слики во галерија отколку допринесување со пишување мислења, зависници од спорт (кои уште го држиме форумов активен :D), можам да кажам дека имаше членови за кои едноставно интересно ти беше да им ги читаш долгите постови.
Умре тоа време, како и секој тренд кого го изеле годините на интернет просторов и во реалноста, особено откако новите генерации немаат концентрација да прочитаат повеќе од 3 реда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom