Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Passed down to you...
Time to burn the other bridge. Оној кој со години пробувам да го одржам во живот, да вложувам натчовечки напори, да пробувам да останам во комуникација со дотичната личност, но без никаков фидбек, про/(с)пуштени повици за да конечно кога лека полека ја тргам од приоритетните листи, испаѓам најголемото ѓубре. Па уште и муабетот - „не се лути ништо лично, само бизнис“.

*lifts a torch*

So says Saladin
 
ДК
Има мажи кои толку многу филозофираат, забегуваат...а женско створење нејќе филозофи, сака бе МАЖИШТА !!!
....Цацко им е крив што не им оди во љубовниот живот.
Со сејс Топла
 
ДК, се чудев доста време што барам ја на оваа планета, не дека не е убава...преубава е. Животов ми бил лаганица у глобала, не сум се ни трудел нешто посебно да направам. И ете дојде тој момент, у тракава е на 3 и 10 секунди, врвот....откровение, знам сега зошто. Егото и она што останало од него се растопува како мраз у допир со лава.
 
Драа

Д'нска жена ми вика кидеш ли сс ботљака на Стела и Сани у Капиштец?
Орајт, киду.

И идемо тамо јака дешафка, гужва, људи, деца, звучници...
Рокамо ја и шаолин лудо,али...

Али.
Мора да ти констатирам дека људи там маалски домородци нешто глумиф лудило како сс сребрену сперму да су правени.
Абе уфилмани мајке, солариум, тетоваже и ботокси, не ве праиф кул људи.Тапа сте, тежак идиотизам.Ароганција на нувоу.
У зенице ви се познава.Не ми глуми лудило,ке умреш јутре,црви ке те едеф.

Још па имиња на деца, животни у зоолошку у Торонто и Берлин имаф по македонски имиња.
 
Последно уредено:
Ко што рече парва "Што сум го дигал рука"
За вечерва спремам детоксикација со некој длабоко интелектуален филм..
Барам прво по глумците кинематографија да видаммшто ќе ми западне на око!
Во моментов потесниот избор се сведе на: Марк ДеКаскос или Мајкл Дудикоф..
 
Одам на пауза цигара и гледам две млади убави сестрички седат пушат, ги прашувам дали може да им се придружам, секако може. Седиме, муабет, насмевки, и доаѓа докторот дежурен со нив, и седнува. Одеднаш, како да не постојам, станувам невидлив и тотално небитен за двете.

Тоа е се што треба да знаете за жените отприлика.
 
Незнам што ќе ме полуди попрво, песни испеани на течен јужно корејски јазик (сквид гејм), или нешто што звучи као рум тум бада бим бада бум балерина капучина рам там там. Од глава ми се удира давање телефон на деца, али тури му кур можда ќе научат јазик, а можда и ќе ме изрокаат на спиење, ќе видиме.
 
IMG_1149.jpeg

Се убија од јадење гомна феминистките за тој директорот што го снимија со швалерката на концерт на Колдплеј, која патем и швалерката е мажена со семејство, ама во овој случај само човеков е крив. Се убија од јадење гомна како си ја оставил жената за погрда жена, како си го растурил семејството, што е точно се ова, но затоа еден лош збор не кажаа за мажената ХР директорка која го направила истото што и овој. Сопругот на оваа хр директорка никој не го спомна, никој не се зажали за него, само за оваа принцезава која што ќе добие пола од богатството на мисиров се засекираа. И тоа се тие двојни стандарди кои што се практикуваат од феминистките и општо од ваквите кокошки (инфлуенсерки) како Ина многуфина. Секогаш машкото е крив, жената нема никаква одговорност. Борбата за бенефиции без да сносат никаква одговорност продолжува. Целиме кон тие 0.1% работни места, додека родовата еднаквост кај градежните работници, рудари, пожарникари и слични физичко захтевни работни места не не интересира воопшто. (y)
 
Ако сакаш да видиш дека од македонецот не бива топрва човек, само примети како се однесува кога е прв на семафор и кога врти на десно.
На семафор кобајаги се успива кога е прв, не бе, он у тој момент ги заборава и целта каде тргнал и сообраќајните правила и прописи. Начекал да е у нешто прв, да зависат тие после него од него и тука му е лимитот. Знае он дека тие позади му караат и мајка, жена и се' женско до седмо колено, ама тоа е мала жртва во однос на ќејфот што си го прави. И ти чекаш во ЕУ да го земат, џабе, он и нејќе таму. Оти треба да смени навики, а вака е цар на буништето!
 
Драга Кајагана,

Успешно преживеано прво крстарење во вториот договор. Зар'ѓан сум малку повеќе, ама ќе се вратам у форма. Инаку кружиме околу Исланд. На бродов температурата е таман, ама надвор е факинг фризинг, барем за мене. Не може човек на раат да се напие кафе на отворениот дек кога е на пауза.
Повеќе детали во дневникот кој ќе го напишам за неколку дена.
 
Какво време дојде незнаш што е полошо, жена на некој копук со пари да ти објаснува лајф коуч моменти за животот или пропалица од средно врбуван у некој од приватниве фондови да ти кажува за компаунд интерест и како си бил финансиски неписмен што ги чуваш парите у банка а нејќеш да му платиш иљада еура влезна провизија за да ти улага по 150 еура месечно во индекси.
 
Драга,

Генерално сум тип на човек што не сака многу да бара услуги од другите. Сакам, ако можам сѐ да си завршам сама и да не зависам од никој. Ретко, стварно ретко ми се дешава да побарам нешто ситно, и тоа со стегање… само за да не им создадам обврска на луѓето, да не ги замарам, да не им ја нарушам рутината.

И баш тогаш многу јасно гледам како некои луѓе реагираат кога ќе им побарам помош за една обична ситница, а колку поинаку реагирам јас кога некој мене ќе ме замоли за нешто.

Понекогаш се фаќам себе си како инстинктивно станувам груба кон истите тие луѓе, иако во реалноста стварно не им мислам ништо лошо, но и во такви ситуации мене мојата природа не ми дозволува да не помогнам ако стварно им требам. Егото си го газам милион пати.

Не знам… можеби ова ме погодува повеќе отколку што би сакала да признаам и понекогаш едноставно ми доаѓа да си поплачам. Не од слабост, туку од разочараност, затоа што делата на луѓето секогаш зборуваат погласно од сите зборови што се кажуваат, а ние како човечки битија никако да го сфатиме тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom