Антиквизацијата во Македонија е дело на грчката тајна служба.
Антиквизацијата не претставува автентичен културен проект, туку е дел од една поширока идентитетска машинерија. Нејзината цел не е враќање кон историските корени, туку занемарување на словенската компонента на македонскиот идентитет и откажување од словенската културна поврзаност со словенските малцинства во Северна Грција, односно се елиминира било каков потенцијален идентитетски мост со грчките словеногласни заедници, кои Грција ги негира.
Антиквизацијата ја сведува македонската историја на „кловновски“ мит за античко потекло, кој е смешен во очите на странците, историски неодржлив, и лесно оспорлив.
Ваков идентитетски инженеринг доведува до дестабилизација на македонската идентитетска кохезија и како краен ефект силно ја зацврсти позицијата на грчката дипломатија, а резултираше со дипломатски и внатрешни штети: го изолираше македонскиот наратив на меѓународната сцена и создаде културна и академска поларизација во земјата.