- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.164
- Поени од реакции
- 4.728
- Возраст
- 29
@kano
Прво, лажеш дека Комити први почнале и дека од старт го бојкотирале Миленко. Факт е дека имаше негодување и дека повеќето од старт не го сакаа него на таа позиција, ама дека беше прифатен и дека му се даде шанса, доказ си стои потпишаниот договор. Како, кога и зошто се спукаа работите, знаеме сите, управата доби шанса ама истата уште од старт почна да влече катастрофални потези, а воедно и воопшто не го испочитува договореното и беа тие кои тераа инает.
Второ, глуп ти е муабетот што цело време го вртиш околу парите, затоа што кога ти одговара, „имаме пари што се замарате како ги трошиме“, кога не ти одговара „дајте пари напрајте го тоа“. А уште полошо на се ова е што луѓе тие работи за кои дискутираме тука, ги тераа за без пари па и плаќаа од свој џеб. Во ниту еден момент не е проблемот во финансиите, туку во желбата и визијата.
И трето, не знам што очекуваш искрено во целава ситуација? Ти се допаѓа ли тебе на кој начин се раководи со клубот и каков е односот према фановите, према оние кои го одржуваа во живот изминативе 2-3 години? Треба ли све да премижиме и слепо да аплаудираме на нешто што не чини? Не се само Комити, истиот однос е према цела фан база, ете ти ја и јужна трибина како доказ за тоа. Се водиш по некоја перспектива дека се работи само за бизнис и пари, ама забораваш дека фудбалот е многу повеќе од тоа, и опстојува толку долго баш ради тие причини. Забораваш и дека клуб без навивачи никогаш нема да има душа и радости. За прв пат после можеби и од осамостојувањето на Македонија имавме вистинска и искрена приказна, имавме клуб кој сите можевме да го сметаме како наш и некои ради свои интереси и комплекси решија тоа да го уништат и не вратат назад во 90-ти.
Ете ви наместен куп, радувајте се дека е некаков успех, реалноста е дека никој тоа не го препозна и никој тоа не го прослави, ниту Комити, ниту било кој друг. Се додека политиката е длабоко вмешана во спортот и контролира со него, и се додека искреноста и интегритетот се загрозени, ниту Вардар ќе биде тоа што сите искрени љубеници се надеваат дека ќе биде, ниту спортот во Македонија ќе доживее некаков развој и успеси.