The Pitt

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.505
Поени од реакции
38.711
1743790101391.png

The Pitt (или кај нас преведено како Интензивна нега: Питсбург) е американска медицинска драмска серија креирана од Р. Скот Џемил за Max која имаше премиера на 9 јануари 2025. Секоја епизода од првата сезона покрива еден час од една 15-часовна дневна смена на персоналот од фиктивната Pittsburgh Trauma Medical Hospital. По само неколку епизоди и огромниот успех на истите кај публиката и критиката, серијата веќе беше обновена за втора сезона, која ќе има премиера во јануари 2026 (note: во моментот на пишувањето на ова првата сезона се уште не е завршена, останува уште една епизода за следниот петок). Серијата е и една од најсериозните кандидати за номинација за ЕМИ за најдобра драмска серија годинава.

Во главните улоги се Ноа Вајл како д-р Мајкл „Роби“ Робинавич, како главен и одговорен доктор во болницата кој се уште се опоравува по траумите од периодот на COVID пандемијата, Трејси Ифеачор како д-р Хедер Колинс, Патрик Бол како д-р Френк Ленгдон - и двајцата сениор доктори во болницата, Кетрин ЛаНаса како Дејна Еванс - главната сестра, потоа Фиона Дуриф како д-р Кејси Меккеј, Тејлор Деарден како д-р Мелиса Кинг, Џеран Хауел како Денис Витакер, стажант во болницата, и др. Епизодните ликови се најчесто пациентите, но дел од нив се и доктори од другите оддели на болницата.

Во август 2024 сопругата на починатиот креатор на ER, Мајкл Кричтон ги тужела Warner Bros TV, и креаторот на The Pitt кој претходно бил вклучен во ER, тврдејќи деке го прекршиле договорот и дека приказната во The Pitt била планирана како спин-оф на ER, со што наводно Џемил ја украл идејата. Но тужбата е отфрлена откако адвокатите на WB TV докажале дека ова е коплетно различно шоу од тоа кое било планирано како спин-оф на ER.

Серијата освен кај гледачите, имаше доста позитивен прием и меѓу критиката, а и меѓу медицински лица кои ја фалат за точното портетирање на медицинските постапки и состојбите во итната помош. Кај нас исто така беше една од сериите за која колку толку се зборуваше во Општи дискусии за ТВ серии, па со оглед што испуштивме да отвориме теми за многу серии кои повеќето од тука ги гледавме и коментиравме, сметам дека тоа треба да се промени и ќе се потрудам да отворам неколку теми за оние кои се најкоментирани во Општи дискусии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom