Јест дека е ѕвер и се тоа си стои и не му ги оспорувам кошаркашите способности, ама тешка циганшстура е во душа, тоа со репрезентациите, овие флопови кај што паѓа како средношколка на постари батковци, нема никад да ми бидат јасни, говедо од 213цм и 125кг на секој контакт паѓа како да го стрелаат, пу мајку му стара те дарувал Господ што ти требаат овакви глупости? Баш ми падна сега во око во третата четвртина кога се затрча и со мал контакт се заби во Робинсон на пола терен и се врати на својата половина, судиите не му дадоа фаул а ни не му ја ни земаа топката а можеа лесно, демек плејоф ама џабе.
Последните 2 сезони ги игра маестрално. Не би рекол дека цело време е таков, едноставно посилно е од него, иако ја доминира лигата.
Е сега со толку повреди... арно и шо е на терен.
Сума сумарум од утакмицава,
не сум задоволен.
1. Брансон, го пикнаа во џеб Кели Убре и Макси, без разлика колку поени постигна играше во грч, како тинејџерка, ко прв секс да има.
2. Џош Харт имаше магистерска по борбеливост и кошарка цела утакмица, а по штурирање во последна четвртина само. МОРА да работи на шутото за 3 поени.
Кога сме кај шутот за 3 поени, Мек Брајд мора да го чуваат, да си го развиваат како играч и да му дадат потоа мрсен договор. Доволно беше шо го дадоа Квикли за семки. Овој е Њујорк нејтив и мислам дека ќе му значи на тимот и публиката.
3. Ембиид, ѕверот подобро да одмара втората утакмица пошто од немајкаде се врати да игра второ полувреме и одвај одеше по теренот. Ич не му посакувам лошо во однос на повреди ама очигледно тимот со него и без него се два различни тима.
Очекувано, Њујорк ја доби со борбеност, со играње до макс, скокови во напад, скокови во одбрана, удари од 2 шанса и погодување, типично за нас, борбено до јаја.
Одиме по втора победа!!!