Клиперс ако останат сите здрави и нема повреди по мене ќе ги поминат Денвер.
Битен фактор е и тренерот, а најмногу пристапот кон играта. Клиперси во моментов имаат очајно слаба одбрана и премногу ѕвезди.
Какви се денешните ѕвезди за разлика од некогаш.
Пример Томпсон од ГС во последната утакмица со Денвер. Добива топка и веднаш шут за 3, промашува, фаќа Јокиќ и фрла контра. Топката во половина на ГС, а овој уште стои на линија од 3 со исправена рака. Незнам која им е фората после шут за 3 раката исправена, се замислуваат дека се снајпери. Труп, не се ни потруди чекор назад да се врати да ја запре контрата.
Џордан и неговиот пристап кон играта. Максимална ангажираност со било кој противник без разлика слаб или добар. Максимално не само во напад туку и во одбрана. Не играше цел тим за него туку тој играше за тимот.
Ваков пристап кон играта денешните ѕвезди немаат, мислат дека играта е подредена само за нив. Затоа Клиперси нема да можат да го поминат Денвер.