Здраво Анастазија, како си?
Сакав нешто да поразговараме, доколку имаш слободно време и волја да ни помогнеш.
Конкретно ни требаат македонци/ки кои го владеат францускиот јазик и се во Франција, за да поистражуваат малку по нивните универзитетски архиви во врска со материјали за Македонија.
Имам одредени дела, наслови и автори, така што би требало само проверка на лице место и ако е возможно документирање на истите наоди.
Кога ќе имаш време одговори ми, поздрав.