Книгата како продолжение е ок, но да бидам искрен најслаба му е во поглед од сите негови досега прочитани, баш поради тоа што е монотона. Нормално крајот секогаш е полн со изненадувања па овој пат пријатно го прави тоа. Да, се спомнуваат Ноа и Али, но сепак самата прикаска повеќе е сконцентрирана на животот откога нивната ќерка Џејн ќе се омажи па се до моментот на заборавената 29 годишнина (нормално од нејзиниот маж. Книгата е повеќе психички ориентирана и го опишува стравот како и двоумењето за тоа дали љубовта е вечна и колку треба да се жртвува за да таа се обнови.
Е сеа за книгите, мора да признам поради тоа што сум сведок на се послаби преводи на македонски, ги трагам на српски или најубаво но не и најисплатливо на оригиналниот пишан - англиски. Не е тешко да се читаат во оригинал. За библиотеките не сум запознаен но ако ги има ќе ги има во Браќа миладиновци (Буњаковец пазарчето).
Јас би ти ја препорачал да ја земеш следна The choice или Одлуката (на македонски).
И така...