Здраво JeepMkd, извини што доцнам со мојот одговор. Во Гевгелија има два Jeep Willis. Едниот не е во сјајна состојба, додека другиот сега скоро го средуваа. Типот кој што го средуваше порано имаше реставрирано една VW Buba, добро му лежат тие работи. Штом ке го начекам веднаш ќе го сликнам и ке го доставам на форумот. Поздрав :salut:
Ете ме... четврток во 9.00 треба да ја однесам колата на сервис официјално договорено. Е сега ти како си со време слободен и кога е шемата во кавадарци да се пие кафе треба да кажиш. Па ќе се запознаеме и официјално, а ако има заинтересирани кајганџии од кавадарци, можи да излези и некоја мини собиранка... организацијата ти ја препуштам тебе
Понеделник треба да се слушнам со чоечето, па да ми кажи кој ден. А за време, највероватно од сабајле ќе биди кон 8-9 ќе дојдам јас натаму па имам цел ден за тепање
Четврток, петок, сабота... некој од тие 3 дена ќе идам во Кавадарци да го носам болидот. Треба да се договорам со мајсторот точно кој ден. Ќе те информисам точно ко ќе знам, па ако имаш време/желба, можиме да пиеме кафе/пиво ово оно, и то
Па во Гевгелија јас познавам два такви џипови. Едниот е реставриран комплетно, направен е доста атрактивно и се вози низ град, а другиот така го возат. Во секој случај ќе ги сликнам да ги видиш. :salut:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.