Знам тоа дека можеа да влезат ама па објективно тргнаа работите предобро за вас откако се ви се намести за првиот гол: отпадок право на нога на Рони + одбиена топка и гол. Тука се пореметија тие и им требаа 30 минути да воспостават контрола. Згора на тоа Нани беше тотално неупотреблив и одбраната им беше за никаде. Влезе Валенсија одма ви дадоа 2 гола. И на терен беа подобри ама одбраната им правеше глупости. Не верувам дека со Видиќ ќе биде така.
Навистина имавте неочекувано многу шанси ама на темпо ќе ве фатат исто како и овој пат. Сега знам, надежта умира последна. Ќе беше друго ако влезеше ударот на Инзаги барем...