14 Јануари стартувам од Дубаи се е подготвено, картите се купени и резервирани. Хостел имам резервирано во Куала Лумпур (ред-палм), додека во Сиам Риап највероватно ќе одам без резервација, досега три пати му пишувам и-мејл на хотелот Шадоу оф Ангкор ама изгледа нема некој коресподент кој одговара на и-мејли ама според лонли планет,вики травел итн итн секогаш има слободно место.
За Бангкок чекам зошто не знам колку ќе се задржам Камбоџа и после тоа ќе одам два дена во Јутија (старата престолнина на Тајланд) и дури потоа се враќам во Бангкок според моиве пресметки ако не се опијам и да утнам ден
треба да сум од 26 до 30 во Бангкок што е доволно време да се разгледа градот.
За жал сум лимитиран со време и морам 30-ти назад на работа ама ова ми е како некоја посета да разгледам дефинитивно се враќам во Индокина идната година и тоа на два месеци за да ги видам Виатнам, Лаос, Бурма како и северниот дел на Тајланд Чаин Маи и Чаин Раи.
Поздрав