СПРЕМЕТЕ СИНЏИРИ И ЗИМСКИ ГУМИ: Од 15.11 сабота задолжителна зимска опрема!

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Задолжителната обврска за зимска опрема во возилата запоќнува да важи од 15 ноември (сабота). За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони ова значи дека ќе мора да имаат зимски гуми на возилата и синџири за снег. Возачите на автобуси и тешки камиони, пак, ќе мора да имаат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Казните за непочитување на оваа одредба се движат од 45 евра.

Полицијата сезонава интензивно ќе контролира дали поседувате зимска опрема, а набавени се и специјални апарати со кои ќе се мери длабочината на шарите на зимските гуми. Тие треба да бидат длабоки најмалку четири милиметри.

Обврската за задолжителна зимска опрема трае до 15 март следната година.

Еве извадок од правилникот со кој детално е објаснето ... првиот дел е за автомобили односно според исиот да не надминува 3500 кг

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од 15 ноември оваа година со 15 март наредната година ќе се применува законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини, кои учествуваат во сообраќај на пат, надвор од населено место.

Зимска опрема

Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни
помагала.
- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и
- прирачен алат – лопата.

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:
„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
На истава тема постирав и во форумот Право/Сообракајни прекршоци и казни, ама штом веќе има нова тема, ајде:

Согласно Закон за сообраќај на РМ, ( член 404 ) казната засега е 15 евра.
Во Правилник за задолжителна опрема на возило ( Сл.Весн.бр.31 од 2010, член 11 ) е наведената опрема од претходниот пост.

Е сега,
Во процедура е нов правилник, што очекувам дека експресно ќе помине. Мислам дека една од измените е висината на казна од 15 на 45 евра

-Дали некој знае што се другите измени (?) , евентуално линк да се погледа новиот правилник.
-Дали е точно дека постоечката одредба - можеш да возиш со летни гуми, доколку имаш во возилото и ланци за снег, со новиот Правилник ќе се однесува само за возење во град, а доколку возиш надвор од град, ОБАВЕЗНО мора да имаш И зимски гуми И ланци за снег ?
- Дали евентуална казна по некоја од овие одредби може да ја замениш со казнени поени ?

Би било корисно, доколку некој е добро информиран, да сподели повеќе на темава.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817

Ова и мене ме интересира, посебно што неодамна имав еден муабет каде го тврдеа истово што и ти.

Сега кога го прочитав член 11, се е тотално збунувачки. Обрати внимание на подвлеченото:
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Побогу, какви се тие летни гуми со 4мм длабочина на шарата??
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Стварно ништо не е јасно. Не само за зимски гуми, пишува и за апарат за гаснење пожар за патнички возила член 4, а ако се сеќавам добро, таа одлука ја укинаа кратко откако ја донесоа. И член 9 за резервни сијалици и осигурувачи е многу сплеткан. Најмалку половина од сијаличните уреди на удвоените места и по една за неудвоените уреди....бла бла. Ова кој ќе го разбере?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
На истава тема постирав и во форумот Право/Сообракајни прекршоци и казни, ама штом веќе има нова тема, ајде:

Согласно Закон за сообраќај на РМ, ( член 404 ) казната засега е 15 евра.
Во Правилник за задолжителна опрема на возило ( Сл.Весн.бр.31 од 2010, член 11 ) е наведената опрема од претходниот пост.

Е сега,
Во процедура е нов правилник, што очекувам дека експресно ќе помине. Мислам дека една од измените е висината на казна од 15 на 45 евра

-Дали некој знае што се другите измени (?) , евентуално линк да се погледа новиот правилник.
-Дали е точно дека постоечката одредба - можеш да возиш со летни гуми, доколку имаш во возилото и ланци за снег, со новиот Правилник ќе се однесува само за возење во град, а доколку возиш надвор од град, ОБАВЕЗНО мора да имаш И зимски гуми И ланци за снег ?
- Дали евентуална казна по некоја од овие одредби може да ја замениш со казнени поени ?

Би било корисно, доколку некој е добро информиран, да сподели повеќе на темава.
Од извори блиски на МВР-Сообраќај задолжително е за на отворен пат да имаш зимски гуми според пропишаните норми, додека за во град можеш да си поминеш и летни гуми со ланци.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
А ќе има ли субвенции?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Од извори блиски на МВР-Сообраќај задолжително е за на отворен пат да имаш зимски гуми според пропишаните норми, додека за во град можеш да си поминеш и летни гуми со ланци.
А може и да не испадне да поминеш. Многу мрзам кога демек ете „прогледуваат„ низ прсти, и се остава простор за „лични убедувања„ на џандарот. Значи ако сака, може и има основа да ме заебава иако имам и зимски гуми и ланци/опрема...Чим не го пишува ова во законот, правно и легално не постои.

Практично излегува дека строго законски гледано, зимски гуми треба да се купуваат секоја година. Пошто, ете и 3.5мм длабочина на шарата е причина за казна, сеедно дали носиш и ланци и зимска опрема.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А може и да не испадне да поминеш. Многу мрзам кога демек ете „прогледуваат„ низ прсти, и се остава простор за „лични убедувања„ на џандарот. Значи ако сака, може и има основа да ме заебава иако имам и зимски гуми и ланци/опрема...Чим не го пишува ова во законот, правно и легално не постои.

Практично излегува дека строго законски гледано, зимски гуми треба да се купуваат секоја година. Пошто, ете и 3.5мм длабочина на шарата е причина за казна, сеедно дали носиш и ланци и зимска опрема.

Де бре си се стегнал за 15 евра како дете за на инекција, пушти срце нека живее малку администрација.

Не знам навистина како е законски, ме заинтересира и прашав вработен таму утрово и ми кажа дека се задолжителни зимски гуми и за во град.
Потоа му го цитирав законот од Мистер Но што го постави во линк, па кажа дека тоа со зимските гуми се однесува само на отворен пат.
Многу нејаснотии навистина има, човек да помисли дека намерно е така за да биде растеглива категорија оваа наредба.
Лично ќе терам со летни и ланци дури не падни снег од причина што ми се скоро нови, кога ќе падни снег ќе менам зимски кои се поистрошени.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
‘Нејаснотиите‘ се за да можат по различни основи да те закрпат.Лично убедување ебаго...
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
114
Поени од реакции
139
Значи синџирите и зимските гуми како прво служат за подобра безбедност. Секое возило треба да ги има во зимски услови.
Не се работи дали ќе те казнат или не. Треба најпрво да се грижиме за нашата безбедност.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Лично ќе терам со летни и ланци дури не падни снег од причина што ми се скоро нови, кога ќе падни снег ќе менам зимски кои се поистрошени.
Го испушташ моментот „длабочина на шарата од мин. 4мм„. Практично излегува дека и со зимски гуми и со опрема и ланци, па и во град... според закон можат да казнат во секое време и секаде, освен ако немаш ганц нови зимски гуми (кои ете се со 4мм длабочина на шарата).

Тие нешто постарите зимски гуми што ги имаш се гарант под 3мм, моиве се пар сезони стари и секако се под 4мм. Излегува дека треба секоја сезона да купуваш нови зимски гуми. :cautious:[DOUBLEPOST=1415905750][/DOUBLEPOST]
Значи синџирите и зимските гуми како прво служат за подобра безбедност. Секое возило треба да ги има во зимски услови.
Не се работи дали ќе те казнат или не. Треба најпрво да се грижиме за нашата безбедност.
Се разбира дека е така. Но мене ми смета условот „длабочина од шара која ја имаат само ганц нови гуми„.
Не велам да се возат гумите додека не станат „кељави„ ама бар 3-4 години (или одредена километража) да се истера со нив.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Koга сме кај шарата... НОВА гума има длабочина на шара од некои 8-9 мм.
Граничниците што укажуваат дека е зрела за замена се на 2 мм...
И, според важечкиот закон, зимската опрема треба да се поседува само НАДВОР ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО.
Тоа се или зимски гуми, или летни гуми со длабочина на шара од најмалку 4 мм, што во пракса би било гума во добра состојба, и ланци во багажникот.
Сето друго се рекла-казала муабети и тресење глупости.
 
Нова зимска би имала 8-9мм така? а нова летна отприлика?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Jaс пишав како што слушнав, ако си сигурен дека кај новите гуму длабочината е 7-8мм, тогаш I stand corrected, sir.

Некако не ми иде дека се толку, колегата измери 3.5мм а едвај втора сезона му се зимските гуми (и без некоја посебно голема километража.
Сигурен си за тие 7-8мм?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom